Концерт на „Амира Трио“ вечерва на Охридско лето

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди посебно доживување за пошироката фестивалска публика, преку концертот на „Амира трио“, групата што изведува песни од традиционалниот мелос на овие простори на посебнен, уникатен уметнички начин. Триото го предводи вокалистката Амира Медуњанин, која уште од самиот почеток на својата кариера е во постојана потрага по вистинскиот начин на толкување и претставување на традиционалната музика на Југоисточна Европа. Нејзиниот восхит кон убавината на усната традиција која се практикува на овие простори, ја наведува да се посвети на создавањето на специфичен уметнички израз што…

повеќе...

Стефан Миленковиќ го наполни Антички театар

Некогашното „чудо од дете“ сега веќе светски познат виолинист Стефан Миленковиќ со својот спектакуларен настап на фестивалот „Охридско лето“ синоќа на Антички театар уште еднаш потврди дека е голем миленик на македонската публика.  Во очи големиот национален празник во Република Македонија, Илинден, Миленковиќ заедно со својот колега, словенечкиот колега Марко Хатлак, но и со вокалистката Ана Безјак,преку проектот „Танго компас“ претпразнично ги растрепери срцата на оние што и покрај нестабилното време дојдоа да уживаат во неговиот проект и навистина не зажалија.  Меѓу публиката синоќа на Антички театар беше и министерката…

повеќе...

„Танго Компас“ како спој на класичната музика и џезот вечерва на Античкиот театар во рамки на „Охридско лето“

Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ вечерва на „Охридско лето“ ќе долови интересни звуци за публиката, ќе предизвика многу енергија, емотивен набој и страст. Проектот „Танго компас“ кој всушност е спој на џезот и класичната музика ќе биде незаборавно доживување за оние што вечерва ќе бидат на Антички театар. „Танго компас“ веќе неколку години успешно настапува низ Европа. Двајцата одлични музичари Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак, меѓу другото и страсни љубители на танго-музиката, постојано приредуваат незаборавни доживувања на слушателите секаде каде што ќе се појават. Минатата година Миленковиќ и Хатлак ја…

повеќе...

Маестралниот виолинист Стефан Миленковиќ ќе се покаже и како врвен танчер

Во Античкиот театар, на 1-ви август , сабота концерт на Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак, кој со сигурност ќе биде голема атракција на Фестивалот. Голема енергија, музички набој и интегритет, ентузијазам и страст, импровизација… се е тоа Танго Компас. Она што ќе претставува вистински ексклузивитет на вечерта е тоа што Миленковиќ покрај своето свирачко мајсторство публиката ќе има можност да го види и како врвен танчар. Селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска најавува дека покрај квалитетниот избор на врвни уметници кои ја сочинуваат фестивалската програма и оваа…

повеќе...

Концертот на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Елена Митревска а во рамките на фестивалот „Охридско лето“,ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет. Лајв стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали а Охридско лето ја воведе ваквата практика…

повеќе...

Утре концерт на камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија

Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и фестивалот „Охридско лето“ по повод одбележувањето на македонското претседавање со Централно европската иницијатива (ЦЕИ), во четврток (30.7.2015 година) со почеток во 21 часот во црквата „Света.Софија“ во Охрид, организира концерт на камерениот оркестар на Музичка Младина на Македонија. На концертот, во рамки на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ камерниот оркестар ќе настапи под диригентската палка на Елена Митревска, а ќе бидат изведени дела од: Eдуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.…

повеќе...

Вечер на ЕУ – незаборавен настап на словенското трио и врвно камерно музицирање

Во рамките на традиционалоната вечер на Европска унија на фестивалот Охридско лето, во црквата Св. Софија, незаборавен настап имаше словенското трио составено од врвните уметници, Мојца Злобко Вајгл (харфа), Ева Нина Козмус (флејта) и Кармен Печар (виолончело). „Со особено интересниот избор на програма, преку впечатливите изведби на овие сјајни уметници, тие покажаа што значи врвно камерно музицирање. Брилијантните уметници сплотувајќи ја својата индивидуалност во извонреден камерен звук, и дарија на публиката многу емоција, топлина и им ја разгалија душата на присутните. Задоволната публика ги награди со многу аплаузи, а тие…

повеќе...

Концерт на саксофонистот Димов и пијанистката Поповиќ во „Света Софија“

„Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ ги носи македонските уметници, саксофонистот Нинослав Димов и пијанистката Маја Поповиќ. Концертот ќе започне во 21 часот, а на програмата се дела од Ида Готковски, Педро Итуралде, Виктор Мороско, Ари Бенјамин Мејерс и Жан Матитиа. Нинослав Димов дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Стојан Димов. По дипломирањето, продолжува со своите студии во Берлин, кои успешно ги завршува во 2006 година, по што специјализира со посебната програма наречена „Концертексамен“ („Konzertexamen“). Покрај многубројните рецитали, Димов бележи и…

повеќе...

Концерт на Здравко Чолиќ на 1-ви август во Охрид

Големата музичка ѕвезда на Балканот, миленикот на женските срца, Здравко Чолиќ, на 1-ви август  ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Концертот кој е во организација на компанијата Орфеј ќе биде најголем музички спектакл во Македонија за оваа година. Eвергрините кои ги знаат сите генерации „Ти си ми у крви“ „Продужи даље“ „Маџарица“ „Пусти моду“ „Звао сам је Емили“ ќе бидат само дел од репертоарот на Чолиќ на 1-ви август во Охрид. https://www.youtube.com/watch?v=mR-XRYjJ5_Q

повеќе...

Со истражувачкиот пијанизам Погорелиќ отвора нови видици кон музиката

Огромен интерес и силни емоции предизвика хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ кој синоќа го одржа и вториот концерт на фестивалот „Охридско лето“. Според селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, од големо значење е настапот на матадорот на пијаното, маестро Иво Погорелиќ особено што тој на фестивалската публика и подари втор концерт без финансиска надохнада. „Уште еднаш се потврди дека големите уметници се пред се големи луѓе. Овој концерт предизвика огромен интерес не само кај домашната публика, туку имаме многу странски посетители кои дојдоа исклучиво да го слушаат…

повеќе...