Тони Цетински доаѓа во Скопје

Најпопуларниот хрватски пејач, Тони Цетински, на 28 Ноември доаѓа во Скопје. На својот прв и најголем солистички концерт во Македонија, во организација на План Б Продукција, човекот глас доаѓа откако во 2005 година, Македонија имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката дуетска песна “Лагала нас мала”. Во 2007 Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и Хозе Карерас, денес во 2014 сцената во Скопје сцената ќе ја подели со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена, ја снимија заедничката…

повеќе...

Промотивни концерти на Каролина Гочева

Авалон Продукција закажа два промотивни концерти на Каролина со проектот „Македонско девојче 2“. Едниот од нив е во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид на 25-ти Октомври (сабота), со почеток во 21:00 часот. Другиот концерт, Гочева ќе го одржи на 24-ти октомври во Центарот за култура-Битола, со почеток во 21 часот. Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската Опера и Балет кои што се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот дел ќе…

повеќе...

Тројца охриѓани дел од проектот „Концерт на 100 млади“

Претставници од Општина Охрид и од Основното Музичко Училиште „Методи Патче“ денеска на прес конференција укажаа на извонредниот успех и промоција на резултатите од европски партнерски музички проект „Концерт на 100 млади” што општина Охрид го реализира во соработка со своите партнери од различни европски држави. Во овој европски проект беа вклучени и тројца ученици од ОМУ “Методи Патче“. Главната цел на проектот „Концерт на 100 млади“ беше афирмација на интер културниот дијалог и соработка, промовирање на мирот и европската иднина. Проектот 100 млади музичари стана симбол на заедничка европска…

повеќе...

Охрид стана дел од Европски партнерски проект „Концерт на 100 млaди“

По зачленувањето на Општина Охрид во Европската мрежа на градови со езера во Исео- Италија, Охрид стана дел од Европски партнерски музички проект „Концерт на 100 млади”. На овој Европски музички камп во Белград учествуваа тројца музичари- виолинисти од Охрид (од музичкото училиште ) и еден ментор. „Концертот 100 млади” е европски партнерски проект на млади музичари од различни европски држави и тоа: Блед Словенија, Тамсвег Австрија, Десензано дел Гарда- Италија, Белград- Србија и Охрид- Македонија. Следуваа и други настапи во рамките на проектот.

повеќе...

Настап на охридскиот музичар Владимир Четкар

Синоќа, градоначалникот Бакрачески во друштво на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс и други гости, го проследија настапот на охридскиот џез музичар, маестралниот Владимир Василески – Четкар.

повеќе...

Со гала концерт на пијанистот Шилде ќе биде отворено првото издание на фестивалот Piano Summer Ohrid

Вечерва, 17-ти август во 19.30 во Св. Софија, во присуство на еминентни гости од странство, со гала концертот на реномираниот пијанист и професор Клаус Шилде, под чие водство ќе се одржи годинешната меѓународната летна академија ќе се отвори фестивалот PIANO SUMMER OHRID. „Со задоволство ги очекуваме сите љубители на пијано музиката.“– велат организаторите. Влезниците ќе се продаваат од 19:00 на лице место.

повеќе...

Извонреден концерт на квартетот „Јанкелевич“ во „Света Софија“

Познатиот руски гудачки квартет „Јанкелевич“ синоќа во црквата „Света Софија“ одржа целовечерен концерт и на публиката на фестивалот „Охридско лето“ и приреди уште едно неповторливо уживање. Со овој извонредно добар и професионален музички состав во акустичниот амбиент на катедралата настапи и италијанскиот пијанист Марко Чампи, кои инаку е уметнички директор на Музичката академија во Формиа во Италија. Љубителите на класиката, а особено на гудачките инструменти и на пијаното проследија дела од Моцарт, Бетовен и Шостакович. Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ кој е формиран на Московскиот конзерваториум го сочинуваат Илја Гајсин(прва виолина), Александра…

повеќе...

За прв пат во Македонија „Сингл Лејдис” ќе ја забавуваат скопската публика!

Оваа недела, 17 авгист, во клубот Привилеџ со почеток на полноќ, македонската публика ќе добие можност за прв пат да ги чуе и види девојките кои станаа атракција на Балканот. „Сингл Лејдис”, кои станаа познати по нивните вокални изведби на хитовите на Бејонсе, имаат настапувано во сите балкански земји, овојпат ќе и се претстават на македонската публика, благодарение на Шур Шотс Ентертаинмент. „Овојпат решивме да и понудиме нешто поразлично на македонската публика. Девојките кои го забавуваат целиот Балкан со својата уникатност, препознатливи по тоа што се единствениот светски “Beyonce Тribute”…

повеќе...

Наш, а светски: Прв „Piano summer festival“ во Охрид

Од 17 до 27 август во Охрид за прв пат ќе се одржи фестивал од светски рамки „PIANO SUMMER OHRID“, во организација на здружението КЛАВИРСКО ЛЕТО, оформено од страна на македонски и странски државјани меѓу кои и реномирани уметници, чија цел е да се оствари контакт меѓу врвните светски музичари и младите таленти кои ќе имаат можност да ги прошират своите уметнички видици а исто така со концертните настапи да се претстават во јавноста. Во рамки на фестивалот ќе се организира и Меѓународна летна академија за пијано која ќе биде…

повеќе...

„Ѓаволски трилери“ вечерва на Антички – атрактивен настан за роденденот на Охридско лето

Организацијата на фестивалот „Охридско лето“ најавува уште еден посебен музички настан. Имено, вечерва ќе настапи групата „Ѓаволски трилери“ која доаѓа од Франција. Групата ја сочинуваат гудачки квинтет и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ, а нивната цел е да го приближат репертоарот за соло виолина до пошироката публика. Групата редовно настапува на најпрестижните светски фестивали, но исто така тие со задоволство свират и на други алтернативни сцени. Ова е исклучителна можност да се чуе и еден од најпознатите светски виолинисти, кој со своите атрактивни настапи ја воодушевува публиката ширум светот. Српскиот виолинист…

повеќе...