Македонската филхармонија гостува во Њујорк

Македонската филхармонија првпат во 71 година постоење ќе настапи во Њујорк. Нејзиниот камерен оркестар денеска и утре во две престижни сали во светската престолнина ќе одржи концерти со класична и популарна музика, на кои како солисти ќе настапат Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски … Првиот концерт е вечер во музичкиот центар „Кауфман“ каде што под диригентство на Борјан Цанев ќе настапи кларинетистот Лумановски. Тој потекнува од Македонија и живее во Њујорк каде што има забележителна кариера. Програмата е составена од дела на Бела Барток, Хасан Тура и од македонскиот композитор…

повеќе...

Концерти на Македонската филхармонија на 7-ми и 8-ми октомври во Њујорк

Република Македонија ќе се претстави со два концертни настапи на 7-ми и 8-ми октомврина Камерниот оркестар на Македонската филхамонија во престижната Карнеги хол и во реномираниот музички центар Кауфман во Њујорк. „Ова гостување на нашиот национален оркестар е голем успех за македонските уметници, за македонската култура и за Република Македонија која е земја со врвни уметнички потенцијали кои заслужуваат посебно внимание и соодветна промоција во светот.“ Ова на прес-конференција го истакна министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која рече дека на 7 октомври во Кауфман на првиот концерт на камерниот…

повеќе...

Концерти, изложби, фолклорни настапи низ цела Македонија

Богати програмски содржини следуваат во текот на неделава во општините низ земјава … Во општина Свети Николе во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ на 26 август, среда, на летната сцена со почеток во 20 часот и 30 минути ќе се одржи шоуто за деца насловено „Ѕвездичките повторно блескаат“. Наредниот ден, четврток, ќе се реализираат два настана. Имено, во салонот на Библиотеката во градот со почеток во 13 часот сите љубители на ликовната уметност ќе можат да присуствуваат на ликовната изложба „Лесново“, а вечерта, пак, на платото пред Железната порта,…

повеќе...

Признание за Јосифова-Неделковска за ширење на француската култура во Македонија

Синоќа во црквата Света Софија во рамките на традициолната „Француска вечер на Охридско Лето“ музичкиот селектор на фестивалот Гордана Јосифова Неделковска од француската амбасадорка во Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер доби високо престижно француско одликување, ВИТЕЗ во редот за уметностите и книжевноста. Оваа награда се доделува од Министерката за култура и комуникација во Франција, Флер Пелерин за ширење на француската култура во Македонија. „Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и Охридска банка АД Скопје – Societe…

повеќе...

Француска вечер на Охридско лето

Уште еден концерт со врвен квалитет и реномирани уметници на Охридско Лето. Вечерва на програмата на фестивалот, ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, брилијантниот кларинетист Мишел Летјек и гудачкиот Квартет Жирард. „Фестивалот Охридско Лето продолжува со реализирање на овогодинешната квалитетна, ексклузивна и атрактивна програма. „Ми претставува особено задоволство што Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува и традицијата за соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и…

повеќе...

Оскаровецот Луис Бакалов вечерва на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ денеска ни го носи авторот на музиката на некои од најзначајните Вестерн филмови – Луис Бакалов. Љубителите на филмот овој извонреден композитор го препознаваат по филмовите „Џанго“, „Јавач на бурата“, „Цената на моќта“, „Убиј го Бил“ и многу други популарни остварувања на полето на филмската уметност. Во неговата импресивна биографија се впишуваат и номинациите за наградата „Academy Award“ за оригинална партитура – во 1967 година за филмот „The Gospel According to St. Matthew“, и во 1996 година, кога и ја добива наградата за филмот „Il Postino“. Соработувал…

повеќе...

Моралес нe ја остави рамнодушна публиката на „Охридско лето“

Брилијантна техника, неверојатна леснотија, елеганција и исклучителна прецизност во свирењето и покажа шпанскиот пијанист Леонел Моралес на публиката на „Охридско лето“. На концертот што го изведе синоќа во „Света Софија“ овој голем виртуоз на пијаното долови дела Лудвиг ван Бетовен, Сергеј Рахманинов и Игор Стравински. Иако настапувал на речиси сите поголеми музички сцени во светот каде што одржува и мајсторски школи, сепак, Моралес не ја остави рамнодушна ниту публиката на „Охридско лето“ која го испрати со воодушевување и громогласен аплауз. Еден од поинтересните негови курсеви, е оној на кој Моралес…

повеќе...

Концерт на шпанскиот пијанист Моралес на „Охридско лето“

Пијанистот Леонел Моралес од Шпанија вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Леонел Моралес критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето. Секој негов настап е испратен со громогласно ракоплескање и воодушевување од публиката низ целиот свет. Овој уметник дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа. По завршувањето и на своите…

повеќе...

Игор Киров и Хрватскиот народен театар од Сплит вечерва настапуваат на „Охридско лето“ со балетот „5 до 12“

Балетската претстава „5 до 12 “ ќе биде изведена вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Како што појаснува селекторот на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, на фестивалскиот репертоар, покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел, има и едно исклучително атрактивно балетско дело кое ќе привлече огромен интерес кај фестивалската публика, а тоа, според неа, се гледа и од побарувачката на билети за денешната балетска претстава. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл е основан во 1940 година, од…

повеќе...

Одличен спој помеѓу виолината на Бадивуку и пијаното на Кастратовиќ

Bиолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ синоќа во црквата „Света Софија“ приредија одличен концерт за публиката на „Охридско лето“. Овие две истакнати музички уметници соработуваат на две децении и со своите заеднички настапи ги воодушевуваат љубителите на класичната музика. Бадивуку-Хоџа настапувала низ голем број земји во светот. Соработувала со голем број значајни оркестри и уметници, а како камерен изведувач често настапува со камерни ансамбли во кои членуваат истакнати музичари. Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршува на Факултетот за музичка уметност…

повеќе...