Шехаби: Зголемена поддршката за филмови на автори Албанци

Зголемен е бројот на прифатени филмски проекти од продукции и автори од албанската етничка заедница, покажуваат резултатите од последниот конкурс на Агенцијата за филм на РМ за финансирање филмски проекти, кои денеска на прес-конференција ги соопшти Бехиџудин Шехаби, државен секретар во Министерството за култура. Во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел, меѓу трите одобрени проекти е и „Можеби“ во режија на Кастриот Авдили на продукцијата „Дарданија филм“ од Скопје, со поддршка од 20 милиони денари. Со три милиони денари е поддржан долгометражниот документарен филм на Сенат Абдули „Исти…

повеќе...

Тунтев: Граѓаните точно знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за охриѓани

Во просториите на ОО на СДСМ Охрид денес се одржа прес-конфернција, на која говореше др Томислав Тунтев, пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на ОО СДСМ Охрид. ВМРО ДПМНЕ и Никола Бакрачески во својата предизборна програма пред три години и четири месеци ветуваа преродба и забрзан развој на Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески и по цели три години и четири месеци владеење не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти, обвини Тунтев. „Пред 40 месеци ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески со изборната програма за локалните избори им ветија на…

повеќе...

Стојаноски: Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни долгорочни последици по развојот на Охрид

ОО на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која се обрати Јован Стојаноски, координаторот на Советничката група на СДСМ при Советот на општина Охрид. „Поддршката кај граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески одамна ја имаат загубено. Дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ им откажуваат послушност на Бакрачески и Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески на последната седница на Советот на општина Охрид не можеа да обезбедат мнозинство гласови за да на дневен ред ја постават точката за донесување одлука за времени објекти, којашто беше дополнително побарана од службите на општината. Одлуката за времени објекти ќе имаше штетни…

повеќе...

Заев: Опозицијата нема да учествува во работата на Собранието додека Уставниот суд не се изјасни за СЈО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Сите рокови се пробиени. Трпението на граѓаните е при крај. Длабоката политичка криза во Македонија треба што побрзо да заврши. Уставниот суд мора веднаш да се изјасни за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Недозволиво е повеќе од 8 месеци да трае постапката за изјаснување на Уставниот суд и правдата да се држи во заточеништво. Додека не се изјасни Уставниот суд за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, пратениците од СДСМ и коалициските пратеници нема…

повеќе...

Во Струга отворена конференција за интегрирано управување со цврст отпад во регионот на Југоисточна Европа

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, денеска во Струга ја отвори дводневната финална „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”, која е во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа. Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи. Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со…

повеќе...

Конференција „Управување со цврст отпад“ во Струга

Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во Струга ќе ја одржи финалната „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”. Официјалното отворање на конференцијата ќе биде на 21 јуни со почеток во 9.00 часот. Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи, со цел да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад,…

повеќе...

Конференција „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“ на 29 јуни во Скопје

Како да знаете кога е прав момент да го препуштите управувањето на следната генерација? Што треба како основачи да им пренесете на наследниците? Кои се правите чекори? Какви знаења и вештини треба да поседуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата? Како да изградите култура на компанија која ќе влијае позитивно на сите вработени? Како да ги инкорпорирате позитивните семејни вредности во компанијата? Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите? Ова се дел од прашањата на кои ќе се одговори на конференцијата. Втората македонска конференција под наслов „Предизвици на транзицијата на семејните…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународна конференција за лансирање

Советот на Европа, во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа – проект iPROCEEDS на таргетирање на казниви дела на интернет во Југоисточна Европа и Турција ќе организира меѓународна конференција за лансирање. Средбата ќе се одржи во Охрид од 13 до 14 јуни, 2016 година. Конференцијата ќе овозможи целосен преглед на националните капацитети и потреби во врска со компјутерскиот криминал, таргетирање на казнивите дела и спречување на перење пари на интернет. Конференцијата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Митко Чавков, Јавниот…

повеќе...

Охрид домаќин на седмиот меѓународен конгрес за металургија

Во Охрид денес започна 7. Меѓународен металуршки конгрес: „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, една од најзначајните манифестации од оваа област не само во државата туку и во Регионот, за што говори учеството на домашните и на претставници на научната јавност од 15 странски држави. Во приодот од 9 до 12 јуни 2016 година, голем број видни автори од универзитети, истражувачки центри и институти од Германија, Финска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Турција, Словачка и др., како и претставници од македонската металуршка индустрија ќе ги презентираат…

повеќе...

Спасов се обрати на 105-та Годишна конференција на МОТ во Женева

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, од 8 јуни до 10 јуни ја предводи македонската делегација на годишната Меѓународна конференција на трудот која се одржува во Женева во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) на која присуствуваат министри, претседатели на синдикати, организации на работодавачи од приближно 200 земји од светот. Ова е најголем настан на МОТ во текот на годината каде се изработуваат и усвојуваат важни стратешки документи во областа на трудот како Конвенции, Препораки кои даваат насоки за национална акција на Владите на државите. Во текот…

повеќе...