Пановски на Светскиот конгрес во Лима – Охрид/Преспа мора да се промовира и штити на светско ниво

Денес во Лима, Перу започна 4.Светски Конгрес на Биосферните резервати, еден од најголемите собири на светските стручни лица од областа на заштитата и одржливото управувањето на природното и културното наследство. За првпат на еден ваков светски настан ќе биде преставен Прекуграничниот биосферен резерват Охрид/Преспа како уникатна вредност преку презентацијата на Дејан Пановски од МЖСПП. Пановски беше дел од заедничкиот македонско-албански тим кој ја изработи номинацијата и издејствува прогласување на Регионот Охрид/Преспа како 13ти Прекуграничен Биосферен резерват на УНЕСКО во светот во Јуни 2014 година. Пановски на Светскиот Конгрес ќе ги…

повеќе...

На берлинскиот саем за туризам најавена Конференција за активен туризам во Охрид

ИТВ Германија, еден од најголемите саеми за туризам во светот, оваа година одбележа 50. јубилеј, спојувајќи различни дестинации во еден град – Берлин. На Саемот за туризам промовирана е првата регионална конференција за активен туризам „Адвечр некст Балканс 2016“ (Adventure Next Balkans 2016), која ќе се оддржи во Охрид од 10 до 12 мај, со учество на повеќе од 300 туристички оператори и повеќе од 45 медиуми. На саемот својата понуда ја претставија и туристичките оператори „Визит Македонија“, „Вардар експрес“, „Гобалканс“, „Ториа“ и „Фибула“. Делегација на Агенцијата за поддршка и…

повеќе...

СДСМ: Поддршка за Македонија – фер и демократски избори за враќање на европските вредности

Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија е на светскиот Конгрес на IUSY (Интернационалната унија на млади социјалисти), во Тирана, Албанија, на кој се избира новото раководство на организацијата која ги обединува социјалистите и социјалдемократите од цел свет. Претставниците на СДММ остварија и средби со сестрински подмладоци од цела Европа. Силна е поддршката за Република Македонија, за враќање на слободата и демократијата. Само на фер и демократски избори, со слободни медиуми и чист Избирачки список Македонија може да излезе од ќорсокакот во кој не доведе ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. СДММ има…

повеќе...

Министерот Попоски учествува на Безбедносна конференција во Будимпешта

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес ќе учествува на Безбедносна конференција посветена на задачите и предизвиците на НАТО во пресрет на Самитот на Алијансата во Варшава, која ќе се одржи во Будимпешта, Република Унгарија. Во фокусот на Конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Евро-атлантскиот регион во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава и промовирање на интензивни дискусии со цел изнаоѓање на решенија за состојбите за кои се уште не постои обединета позиција или недоволна соработка. Во рамки на Конференцијата, на Панел…

повеќе...

Заев: Потврдено е се’, фер избори на 24-ти април не може да има!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес на прес-конференција истакна: „Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Она што постојано го говоревме директно е потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД. Нема услови за регуларни, кредибилни избори затоа што не е прочистен Избирачкиот список и не се спроведени реформи за слободни медиуми. Кога меѓународната заедница најави објективна оценка за условите за одржување предвремени избори во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против. Напротив, рекоа дека ќе ја очекуваат оваа оценка на ЕУ и…

повеќе...

Претседателот Иванов учествува на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денес во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 52. Минхенска безбедносна конференција, придружуван од министерот за надворешни работи на Република Македонија, м-р Никола Попоски. Претседателот Иванов ќе има свое обраќање на панел – дискусијата насловена „Кон натамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа”, на која ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор и премиерите на Црна Гора и Косово, Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа. За време на своето четврто учество на Минхенската безбедносна конференција предвидено…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Слободни, фер и демократски избори ќе има

Интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски: „Слободни, фер и демократски избори може да има и ќе има. Граѓаните на Република Македонија го заслужуваат тоа и СДСМ не смее повеќе да бега од одговорноста. СДСМ мора максимално да придонесе за тоа. СДСМ ја има контролата и врз Министерството за внатрешни работи и доминантно врз Државната изборна комисија, двете најодговорни институции за спроведување на изборниот процес. Не станува збор за никаква еднострана одлука за распуштање на Собранието бидејќи договорот од јуни и јули, на кој е потпишан лично Заев, предвидува избори…

повеќе...

Заев: На 24-ти април избори не може да има

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори. На 24 април такви избори не може да има. СДСМ, коалициските партнери и многу други партии нема да учествуваат на еднострано закажаните избори на 24-ти април. Договорот во Пржино беше склучен да се надмине политичката криза а не да се продлабочи. Сега секој граѓанин на Македонија лично се увери дека Никола Груевски не сака слободни и фер демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби.…

повеќе...

Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот – претседателот Иванов на конференција во Рим

„Меѓурелигискиот дијалог за кој се залагаме има за цел почитување, а не надминување на различноста. Бидејќи целта на дијалог е да ни помогне да живееме со нашите најдлабоки религиски разлики, без да ги занемаруваме или надминуваме тие разлики”, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Рим, каде учествува на 7. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави” и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет, што се одржува во Сенатот на Италијанската Република. Пред своето обраќање на…

повеќе...

Активниот туризам предизвик за Македонија и земјите од Балканот

Македонија преку практикување на активен туризам ќе се обиде да стане лидер во туристичката дејност во регионот на Југоисточна Европа. Меѓународното здружение за активен туризам во Скопје одржа обука со цел за обезбедување на дополнителна поддршка за развојот на активниот туризам на Балканот. Обуката се одржува во пресрет на првата регионална конференција која ќе се одржи во Охрид во мај годинава. Станува збор за самит кој треба да привлече околу 300 европски и светски тур-оператори и медиуми. Oд Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија велат дека обуката…

повеќе...