Градоначалникот Бакрачески на меѓународна конференција за бегалската криза

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната конференција за градоначалници посветена на бегалската криза, што вчера и денес се одржува во Виена, Австрија. На дводневната работна средба најбројни се градоначалниците од земјите погодени од кризата со бегалците, а учествуваат и експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи во земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците засновани на начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на национално и интернационално ниво. На конференција чиј покровител е…

повеќе...

Охрид домаќин на конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми

Охрид по четврти пат е домаќин на меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми „ Охрид- Водици 2016“ што започна денес. Главна тема на конференцијата е „ Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите”а на свеченото отворање пред присутните во куќата на Уранија се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Охрид низ целата своја историја бил средиште каде се преплетувале, цивилизациите и културите, при што секоја од нив оставила неизбришлив печат на своето време. Воден како од некоја невидлива…

повеќе...

Codefest 2016 ги поврзува сите страни на технолошката заедница

Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид. Оваа година Codefest ќе содржи три активности: Codeference – еднодневна технолошка…

повеќе...

Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“

Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“. Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија). Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното…

повеќе...

СДСМ: На последната седница ДПМНЕ одби 47 амандмани кои беа поднесени врз основа на потребите и барањата на граѓаните

Советничката група на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која што зборуваа координаторот проф. д-р Јован Стојаноски и советничката Жаклина Лазаревска. На пресот тие истакнаа: „Дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, тоа граѓаните одамна го знаат. На последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Градоначалникот Бакрачески не беше присутен на оваа седница на којашто се расправаше за Програмите на секторите на општината, Програмите на Јавните претпријатија…

повеќе...

Регионална коференција „Миграција на балканската рута-донаторска координација и хуманитарни предизвици”

„Република Македонија е дел од Западно Балканската рута и е силно погодена од бегалската и мигрантска криза. Во услови на масовен прилив на мигранти од вакви размери, си поставивме две примарни цели. Првата- заштита на животот и здравјето на мигрантите, сузбивањето на криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе, а втората -заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје“. Ова меѓудругото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно поздравно обраќање во рамки на Регионалната конференција – “Миграцијата на балканската рута – донаторска координација…

повеќе...

Заев: Победуваме, Ја враќаме еднаквоста!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Завршната конференција, „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“ . „Ова е најубавата сала во моментов во Македонија. Мои дами, почитувани социјалдемократки, благодарам на поканата. Овие 16 дена активизам, коишто ја дрмнаа Македонија, проговоривте силно. Многу ретко кој зборува за женскиот активизам, за семејното насилство и за сите отворени прашања коишто се уште во ова ниво на развој Македонија ги има достигнато. Секако, присутни се во нашето општество, а во вака режимски поставено општество со оваа видлива диктатура,…

повеќе...

Зголемување на капитацијата за матични лекари

Примарната здравствена заштита е првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и има посебно значење како „капија“, за целокупното лекување и следење на здравствена состојба на пациентот. Кај матичниот лекар секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга, согледување на ризиците и рано откривање на определените заболувања што е од огромно значење за превенцијата и навременото лекување. ФЗОМ постојано ги следи услугите и го унапредува начинот на функционирање на примарната здравствена заштита со тенденција на долг рок да обезбеди поквалитетна услуга, односно подобра превентивна здравствена заштита и навремена дијагностика за…

повеќе...

16 дена активизам за борба против насилство врз жените

Во текот на вчерашниот ден, во просториите на општина Охрид, Комисијата за родова еднаквост при Советот на општина Охрид одржа седница во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“. На седницата присуствуваа претседателката на Советот на општина Охрид, советнички од Советот, портпаролот на СВР Охрид, претставници од Центарот за социјални грижи – Охрид, од Црвен крст – Охрид и од НВО Опција Охрид. Секој од присутните се вклучи во дебатата, што се одвиваше на тема „Семејно насилство и насилство врз жената“, со гледишта од…

повеќе...

Регионална конференција за односите со јавноста во Скопје

Претставници од Македонија, Норвешка, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Словенија, Косово и Црна Гора, како и од НАТО и Регионалниот центар за мировни операции (PSOTC) од Сараево, БиХ и Центарот за безбедносна соработка (RACVIAC) од Загреб, Хрватска учествуваат на Регионална конференција за односи со јавноста која се одржува во Скопје. Учесниците на дводневната конференција разговараат за унапредување на соработката во областа на односите со јавноста, со посебен акцент на регионалните потреби за обука и едукација во рамките на Регионалниот центар за односи со јавност во Скопје. „Уверен сум…

повеќе...