Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес одржа прес-конференицја на која истакна: „ВМРО-ДПМНЕ призна дека има купено огромен партиски имот низ цела Македонија. Станува збор за 63 објекти на различни локации со вкупна квадратура од близу 12.000 метри квадратни, во најголем дел купени во 2014 година. Секогаш кога е фатена во криминал и сомнителни зделки ВМРО ДПМНЕ се обидува да избега од јавноста. Партијата не одговори на клучното прашање, колку чини овој огромен имот на ВМРО ДПМНЕ? Но, шилото на Никола Груевски повторно бодеше, бодеше и повторно проби. Ова е вистината: партискиот…
повеќе...Tag: конференција
Шилегов: Колку чини огромниот имот што го купила ВМРО-ДПМНЕ?
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ директно го кршат договорот од 2 јуни /15 јули. Се плашат од комплетирањето на специјалното јавно обвинителство. Се плашат од избор на независен министер за внатрешни работи. Се плашат од заминување на Никола Груевски од премиерската позиција. Се плашат од соочување со одговорноста. Се плашат и сакаат да избегаат од слободни, фер и демократски избори. На Никола Груевски му е јасно дека неговиот криминал, неговата корупција и изборниот грабеж што го спроведе нема да останат неказнети.…
повеќе...Во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција за стрес и анксиозност
Охрид од 29-ти до 31-ви октомври ќе биде домаќин на меѓународна конференција на тема „Стресот и анксиозните растројства низ различни животни фази“. „Конференцијата ќе ни отвори можности да ги споделиме и дискутираме најновите теоретски и практични сознанија во областа на стресот, анксиозноста и справувањето со нив. Конференцијата пружи прилика и за професионално поврзување и соработка“, велат организаторите. Пред бројни психијатри од Македонија и од неколку странски земји, ќе се дебатира за стресот, анксиозноста и растројствата во различни животни фази, кај децата и адолесцентите, кај возрасните, но и теми за професионалниот стрес, стресот…
повеќе...Годишна конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад
Првиот чекор кон подобрување на состојбата со проблематичното и несоодветно управување со цврст отпад во Македонија е во размената на искуствата со земјите членики на ЕУ, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во обраќањето на Годишната конференција на Македонската асоцијација за управување со отпад МаСВА на тема „Користење на отпад како инвестициска можност во Македонија“. „Одржувањето чиста и здрава животна средина е одговорност на сите. Од таа причина, и јас како прв човек на МЖСПП соработувам со сите вклучени носители на одлуки, како министерства, општини, со…
повеќе...СДСМ: Почнуваме со 20 милиони евра државна помош за малите и средните претпријатија
Претседателот на Комисијата за економија, Драган Тевдовски, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Нашата цел е да ја победиме нееднаквоста во општеството и да ја вратиме средната класа! Државна поддршка за домашните претпријатија скоро и да не постои. Власта домашните претпријатија ги користи само за полнење на Буџетот преку даноци и казни. Нема инвестиции во енергетскиот сектор. Иако има услови за домашно производство на струја, граѓаните плаќаат скапа увезена струја. Македонија заостана во регионот по лоша патна инфраструктура. Субвенциите не се редовни и не се во функција на земјоделски развој.…
повеќе...СДСМ: Ова раскрчмување и распродавање на општинскиот имот мора веднаш да престане
Советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид денес во партиските простории одржа прес конференција, во чие име се обрати координаторот д-р Јован Стојаноски. „На последната седница на Советот, владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, без да ја консултира јавноста, донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид. Зад одлуката за изградба на така наречената мала марина се крие бизнис интересот на лица блиски до власта. Не станува збор за вистинска марина туку за угостителски објект – кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид, со уредување на паркинг простор за 20 тина пловни…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески учествува на Израелската интернационална конференција на главни градови
Во рамки на работната посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим. На конференцијата градоначалникот Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско- Еврејскиот Конгрес, г-динот Џек Росен. Попладнето Бакрачески присуствуваше на церемонијата на полагање цвеќе во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот во Јад Вашем музејот во Ерусалим, а потоа и на говорот што во таа пригода го одржа градоначалникот…
повеќе...Спасовски: Се повлекуваме на консултации во партијата по прекршувањето на договорот
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Ова денеска што се случи со неизборот на тимот на обвинители на специјалниот јавен обвинител, де факто значи дека Договорот од Пржино е прекршен. Исто така, прекршен е и Законот за специјалното јавно обвинителство за којшто впрочем се договаравме сите политички партии учесници во процесот на договарање. Сакам да ја информирам јавноста дека Социјалдемократскиот Сојуз се повлекува на консултации во партијата во однос на ова кршење и непочитување на Договорот. За нас договорот од Пржино веќе не е активен…
повеќе...Меѓународна конференција за унапредување на правата на жената Ромка
Моменталната состојба и остварениот напредок во однос на положбата на ромските жени и девојки, јакнење на нејзината економска положба, интеграција во образовниот процес и во општеството, справување со проблемите на дискриминација, родовото насилство, раните и присилни бракови… се дел од темите на кои ќе се разговара на неколкудневната Меѓународна конференција „Унапредување и покрај се!“, што почна денеска во Скопје. „Ова е извонредна можност сите заедно, како институции, меѓународни соработници и партнери, и невладини организации да дискутираме за ова многу значајно прашање. Верувам дека ќе успееме искрено да одговориме на многу…
повеќе...Заев: Застануваме во одбрана на кејот и секој сличен узурпаторски потег
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција на која истакна: „Центарот на нашиот главен Град станува се попроблематично место за живеење. Од снимките коишто ги слушнавме од телефонските разговори видовме дека Никола Груевски е главниот планер, главниот архитект, главниот реализатор. Не постои ниту стручна расправа, ниту јавна анкета, граѓаните не се прашуваат воопшто. Овој проект надмина 600 милиони евра и само по себе веќе претставува тесно грло во градот, но секако, и огромен проблем. Структурната поставеност, целосната поставеност на објектите, нивната нефункционалност и недимензионираност уште од сега предизвикуваат огромни проблеми,…
повеќе...