СДСМ: Нови скандалозни докази – Упад на Груевски во судството

СДСМ денес одржа прес- коференција, на која говореше претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Почитувани граѓани, Имаме обврска да ја обелодениме Вистината за Македонија. Ветивме дека тоа ќе го направиме и продолжуваме. Објавивме тежок политички скандал, дека братучедската двојка, Груевски и Мијалков прислушувале. Ја прислушувале СДСМ, ги прислушувале своите најблиски соработници, ги прислушувале своите коалициски партнери, ги прислушувале другите опозициски партии од македонскиот и албанскиот политички кампус. Ги прислушувале граѓаните, над 20.000 луѓе. Ова што денеска ќе го слушнете ги надминува границите на скандал. Груевски, Мијалков и соработниците, не само што…

повеќе...

Арсовска Томовска на Светскиот инаугуративен форум за развој и здравје на жените во Њујорк

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, учествуваше на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој на 11 и 12 февруари се одржа во Њујорк. Таа имаше свое обраќање на воведната сесија, како еден од главните говорници на форумот, меѓу кои беа генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, министерот за здравство на Руската Федерација, Вероника Сквортсова, како и високи претставници од меѓународни организации. „Владата на Република Македонија континуирано усвојува програми кои содржат активности кои се однесуваат на благосостојбата на жените. Промовирањето на…

повеќе...

СДСМ: Докази од мега скандал – Груевски и Мијалков прислушувале 20 000 луѓе

Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА”. Целта е единствена – ДА ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ДА ГИ ВРАТИМЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. Oваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го отпочнуваме за враќање на слободата и демократијата. Oва што во интерес на граѓаните и државата сум должен да го споделам со јавноста, е најнепријатното нешто што треба сум повикан да го направам, како одговорен граѓанин на оваа земја. Иако, како и секој човек кој си ја сака државата, искрено жалам што Македонија,…

повеќе...

Стрип-уметноста во подем, промовирани десет изданија

Стрипот во Македонија успеа да се избори за своето заслужено место и да го пронајде вистинскиот пат до својата публика како уметност на текстуално-ликовниот израз. Денеска стрипот ги достигнува највисоките граници на медиумската креативност … Ајвармен – првиот автентичен македонски суперхерој, јунакот Војдан и македонски револуционери, се меѓу стрип-ликовите создадени од претежно млади автори кои со креативност и ентузијазам за само неколу години ја афирмираа деветтата уметност во Македонија. Издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје денеска промовираше 10 стрип-изданија кои со поддршка на Министерството за култура ги има објавено во…

повеќе...

Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Владата апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите, мерка што се однесува за корисниците на социјална и постојана парична помош и за лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно. Што побрзо го поднесат барањата толку побргу ќе добијат легализација и сопственост на имотот. Рокот на поднесување на изработениот елеборат до општината е до декември оваа година, и затоа е корисно овие лица, за да не се најдат во временски цајтнот и гужви, веднаш да пристапат кон поднесување на…

повеќе...

Општина Охрид е една од водечките општини во водењето на социјалната политика

Општина Охрид ,е една од водечките општини во Република Македонија во делот на водењето на социјалната политика и грижата за социјално ранливите категории на граѓани. И покрај наследената тешка финансиска состојба охридската локална самоуправа за период од неполни две години преку различите програми и активности од својот буџет за семејствата од социјален ризик издвои 6 049 525 оо денари. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција информира дека субвенционирањето на дел од трошоците односно сметките кон општинските јавни претпријатија на социјално ранливите категории на граѓани, поддршка на наталитетот со еднократна…

повеќе...

Груевски: Вистината ќе излезе на виделина, спремен сум и ќе одговорам на сите прашања во судска постапка

Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот и да ги гледате доказите, да ги препознаете шпекулациите, порача премиерот Никола Груевски денеска во обраќањето, а во врска со поднесените кривични пријави за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за четири осомничени лица, од кои еден е претседателот на СДСМ Зоран Заев. Од денес, потенцира меѓу другото премиерот Никола Груевски во обраќањето, ќе слушате секакви шпекулации, но вистината за…

повеќе...

Груевски: Вакви уцени не прифаќам, не сме Македончиња, туку Македонци

Се прави сериозна штета за државата, креирано сценарио на кое сите сте сведоци од почеток, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник, оцени претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска по кривичните пријави за осомничени четири лица за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Можеби многумина ќе речат дека не требаше да ја направиме оваа постапка, посебно затоа што, овој човек е најпосакуваниот можен политички противник, и партиски гледано најмногу ни одговара тој…

повеќе...

Груевски: Заев со гордост зборуваше дека соработува со странска разузнавачка служба

Го гледав и го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост, самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел. Ова е дел од денешното обраќање до граѓаните на премиерот Никола Груевски по полициската акција „Пуч“, во чии рамки се поднесени кривични пријави за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за четири осомничени лица, од кои еден е претседателот на СДСМ Зоран Заев. „Не можев да верувам дека…

повеќе...

Костеска: Должни сме да ги усогласиме цените за престој што паѓа на товар на родителите согласно прописите

Очигледно на опозицијата и сметаат сите развојни елементи и дејствија што се преземаат во градинката. Додека истата чмаеше изминатите 10-тина години без една закојана шајка, рече на денешната прес-конференција директорката на ЈОУДГ „Јасна Ритеска“, Розе Костеска. „Во оваа година и пол обезбедени се соодветна стручна литература, дидактички материјали и средства, соодветен стручен кадар, кој е лиценциран, променета е дограмата во три објекти, ставени се клима-уреди скоро во сите занимални, отворени се три нови групи во други просторни услови, реконструирани се дел од објектите и прибавени се имотни листови за сите објекти.“-…

повеќе...