Избран закупецот за ресторанот кај гробиштата

За околу 10 дена ќе почне со работа ресторанот кој е во непосредна близина на охридските гробишта , чиј сопственик е Јавното претпријатие “Градски гробишта“. Согласно претходно објавениот оглас на ова јавно претпријатие за закупец на ресторанот е избрана охридска фирма која уредно се пријавила на огласот и ги исполнила сите критериуми предвидени во него. Директорот на ЈП “Градски гробишта“, Зоран Симоноски, денес на прес конференција објасни зошто било потребно огласот за закуп на ресторанот да содржи строги критериуми за субјектите кои сакале да бидат идните негови закупци а кои…

повеќе...

Продолжување на процесот на придружување на земјите-кандидати во ЕУ важен процес за земјите од Западен Балкан

Во рамките на италијанското претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, ЕрмираМехмети, учествуваше на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што се одржува во Рим, Италија. На конференцијата, која ја отвори претседателот на италијанскиот Сенат, г. Пиетро Грасо, за претстојните приоритети на италијанското претседавање со ЕУ, говореа  потпретседателот на Европската комисија г. Марош Шевчовиќ, и г. Сандро Гоци потсекретар во Владата на Република Италија, задолжен за европски прашања. Двајцата воведничари ги потенцираа италијанските приоритети за време на ова претседателство со…

повеќе...

Презентирани резултатите од Конкурсот за откуп на композиции од областа на класичната музика

Дваесет и три награди со износ од 1.790.000 денари се доделени на првиот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, со кој на годишно ниво се предвидува создавање на 50 композиции од различен вид и за различни изведувачки состави и формации, во февруари го објави Министерството за култура.  Во првиот Конкурсен рок за 2014 година за нарачка на музички дела од областа на класичната музика, до Министерството за култура беa поднесени 36 апликации…

повеќе...

СДММ на конференција за социјалдемократијата во Белград

Во периодот од 11 до 13 јули, во Белград (Србија) се одржува младинска конференција на тема: „Иднината на социјалдемократијата на Балканот”, во организација на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци). На конференцијата, учествува и Социјалдемократската младина на Македонија, преку своите претставници Рената Јајоска, член на Извршниот одбор на СДММ и Сенад Смаиловиќ, организационен секретар на СДММ. На конференцијата се дефинираат заедничките предизвици на младите социјалдемократи, како што се справувањето со младинската невработеност и состојбата со работничките права. Исто така, ќе се дебатира и за правата на малцинските групи…

повеќе...

Ненадоместлива загуба за МВР – четворица врвни професионалци трагично ги загубија животите

„Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.  Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Дозволете да им изразам најдлабоко сочуство на семејствата на: 1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.  2. Марјан Трајковиќ роден…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ во Виена на конференција на ОБСЕ

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре учествува на Конференцијата за родова еднаквост во Виена. На покана на организаторите ОБСЕ/ОДИХР и Швајцарското претседателствување со ОБСЕ, Шекеринска ќе ја отвори темата за „Учество на жените во политиката“. Денеска заменик претседателката Шекеринска имаше и средба со Г-дин Јан Кикерт, политичкиот директор на МНР на Австрија, на којашто се разговараше за состојбите во Македонија и предлозите на СДСМ за излез од усложнетата политичка криза во земјава.

повеќе...

Промовирана публикацијата „Концепт за човекови права за полицијата“

Еропскиот комитет за превенција од тортура и секакво нечовечко постапување последните години забележа подобрување во спроведувањето на секојдневните задачи на полицијата. Сите реформи во полицијата, заслужуваат поздрав“. Ова меѓу другото, го истакна Лорен Браулио од Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото при Советот на Европа, на денешната промоција на публикацијата “Концептот за човекови права за полицијата“ во рамки на проектот за јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица што се одржа во ЕУ Инфо Центарот и на…

повеќе...

Конференција за енергија, вода и животна средина

На свеченото отворање на Првата  конференција  за земјите од Југоисточна Европа  за одржлив развој на системи на енергија, вода и животна средина- ЈИЕ  SDEWES, Охрид 2014, што започна вчера, во името на градот домаќин учесниците ги поздрави  заменик- градоначалникот Ангел Јанев. „Охрид е развиен туристички центар,  но  и  град полн со можности за развој на високата, незагадувачка лесна индустрија од секторите на електротехниката, информатиката и енергетиката. Со  развојот на високото образовните, особено  во делот на техничките  науки, се овозможува лесно поврзување на  науката со индустријата, рече заменик“, градоначалникот Ангел Јанев.…

повеќе...

Почна конференцијата на советот на министри за култура од ЈИЕ

Исклучително е важно да се користат искуствата на Советот на Европа за рехабилитационите проекти во областа на културното наследство, насоките на УНЕСКО, формулирани во Конвенциите за движното и недвижното наслдство. Нашиот регион располага со богато културно наследство, со голем диверзитет на изразување и единство на различностите. Овие карактеристики се голем потенцијал за развој на нашите релации, но ние мораме уште поефикасно да соработуваме и со клучните партнери во регионалните процеси. Ова денеска отврајќи ја Министерската конференција на Советот на министри за култура на ЈИЕ на тема „Јакнење на културата во…

повеќе...

Охрид домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура на ЈИЕ – Јакнење на културата во функција на развојот“

Република Македонија на 27 и 28 јуни 2014 година, ќе биде домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ) – Јакнење на културата во функција на развојот“. Конференцијата која ќе се одржи во х. Силекс во Охрид е во организација на Министерството за култура кое е претседавач со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ) – Јакнење на културата во функција на развојот. На конференцијата ќе присуствува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, а потврдено е и присуството на министрите за култура…

повеќе...