Груевски: Ние сме европјани и нашето место е во Европа

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски во рамките на учеството на Конгресот на Европската народна партија што се одржува денеска и утре во Мадрид имаше обраќање пред присутните политички лидери членови на партијата. Тој во обраќањето истакна дека Република Македонија ги живее и работи за европските вредности. „Ние сме европјани и нашето место е во Европа. ЕПП во целиот овој период од независноста е голем пријател на мојата земја, помогнала во надминување на многу предизвици, во спроведување на многу реформи кои имале за цел унапредување на стандардите“, посочи Груевски. Тој…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески гостин на Конгресот на педијатрите

Повеќе од 600 лекари од Македонија, како и гости од регионот, од државите на ЕУ и експерти од САД и Канада учествуваат на шестиот Конгрес на педијатрите на Република Македонија што вчера започна во хотелот „ Изгрев“ во Струга. Конгресот го отвори Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, која е и покровител на овој значаен научен собир, а учесниците ги поздравија проф. д-р Аспазија Софијанова, претседател на Здружението на педијатрите на Македонија и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Дозволете ми да почнам со благодарност кон мојата…

повеќе...

Делегација на СДСМ на 6-от конгрес на СДП БИХ во Сараево

Делегација на СДСМ во состав Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и членот на И.О на СДСМ Едмонд Адеми присуствуваат на 6 Конгрес на СДП БИХ, што се одржува денеска во Сараево. На Конгресот чест да се обрати во име на СДСМ имаше и потпретседателот на СДСМ, Манчевски. Тој пренесе благодарност до сестринската партија од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за меѓусебната соработка и поддршка, посакувајќи плодна и успешна работа на новото раководство. Манчевски посочи дека и Македонија и БИХ се исправени пред предизвиците за враќање на основни човекови прави и…

повеќе...

Министерот Јолевски на средби со претставници на Конгресот и тинк-тенк заедницата во САД

Соединетите Американски Држави цврсто ја поддржуваат Република Македонија во достигнувањето на нејзината стратегиска цел – членство во НАТО. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, регионот, но и Европа во целина, заклучија на вчерашниот состанок во Конгресот на САД, министерот за одбрана Зоран Јолевски и конгресменот Том Марино, кој е и заменик претседател на Парламентарното собрание на НАТО. На средбата, соопшти денеска Министерството за одбрана, министерот Јолевски ги презентираше аргументите зошто Република Македонија заслужува да биде дел од Алијансата. Воедно, се разговарало и за реформските процеси при што…

повеќе...

Охрид домаќин на Меѓународен Конгрес „Образованието и глобализацијата“

Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје, заедно со Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Едирне – Турција, Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Стара Загора – Бугарија и Учителскиот факултет од Универзитетот во Загреб – Хрватска, на 17-ти и 18-ти септември во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид го организираат десеттиот Меѓународен Конгрес на образование на тема: „Образованието и глобализацијата“. На учесниците ќе им се обрати Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – проф. д-р. Велимир Стојковски и деканот на организаторите. Пристигнати се околу 200 соопштенија од учесници од повеќе Балкански…

повеќе...

СДММ: Поддршка од меѓународни организации, сите слушнаа за режимот на Груевски

На младинскиот камп продолжуваат активностите и сесиите на тема: „Ситуацијата во Македонија и што понатаму”. Денеска се одржа панел дебата за предизвиците и перспективите на социјалдемократските младински организации на Западниот Балкан, во којашто учествуваа претседателот на СДММ, Стефан Богоев, генералниот секретар на Младите европски социјалисти, Нина Живановиќ, и Јолеза Кока – претседателка на Форумот на Евросоцијалистичката младина од Албанија . Богоев се осврна на фактот дека тоа што опозицијата го говори е јасно потврдено во извештаите на релевантните меѓународни организации. Извештајот на Прибе без дипломатски речник укажа на сите системски…

повеќе...

Делегација на СДСМ предводена од Заев учествува на конгрес на ПЕС

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти) којшто денеска и утре се одржува во Будимпешта, Унгарија. Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски. Конгресот на ПЕС, претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент како и…

повеќе...

Конгрес на Македонскиот полициски синдикат во Охрид

Вчера во Охрид се одржа шестиот конгрес на полицискиот синдикат за избор на ново раководство. На редовниот 6-ти Конгрес на МПС, 2015 година повторно Тихомир Климоски беше реизбран за Претседател на МПС. На конгресот присуствуваа бројни членови и делегати на полициските синдикати од соседните земји кои во своите обраќање одадоа почит на неодамна загинатите полициски службеници во Куманово, но и ја потенцираа позитивната работа на македонскиот синдикат во однос на неговата заложба за обезбедување на повисоки плати и услови за работа на полициските службеници. Претседателот на полицискиот синдикат Тихомир Климоски…

повеќе...

Oдржан 9-от Конгрес на ЦЕСП – Европска полициска асоцијација

Од 14-17 Мај во Пафос- Кипар беше одржан 9-от Конгрес на ЦЕСП – Европска полициска асоцијација, на која што Тихомир Климоски беше реизбран за помошник на генералниот секретар на оваа асоцијација. Темата на конгресот беше : Социјалниот дијалог во полицијата – реалност или функција.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ усвои конгресна повелба со стратешки цели на функционирање

Конгресна повелба која ги оцртува контурите на идните движења на партијата бeше усвоена во рамки на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа во Куманово. Најголемо внимание во повелбата се посветува на економијата, привлекувањето на странските инвестиции и поддршка на домашната економија преку развојот на малите и средни претпријатија. Се наведува дека развојот на економијата останува еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи создавањето висок и одржлив раст е основниот начин за зголемување на вработеноста и за подобрување на животниот стандард на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, како што се посочува, и натаму…

повеќе...