Се е подготвено за КУП на Македонија во кошарка

Од вечерва до 9 февруари Охрид домаќин на Кошаркарскиот куп на Македонија.  Натпреварите ќе се одржуваат во спортската арена Билјанини извори, од 17:30 и 20 часот. Од ЈП ги покануваат сите љубители на спортот, да бидат дел од кошаркарскиот спектакл !!!

повеќе...

Извлечени четвртфиналните и полуфиналните двојки од кошаркарскиот Куп на Македонија

Бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром и Струмица ќе го отворат овогодинешниот Завршен турнир од Купот на Македонија, кој во Охрид ќе се игра од 6 до 9 февруари. Во второто четврточно четвртфинале ќе се сретнат Кожув и Фени Индустри, додека во петок ќе се играат преостанатите два четвртфинални дуели на кои Работнички ќе игра со Куманово, а Лирија со Карпош Соколи. На почетокот на прес-конференцијата, Ратко Капушевски – директорот на СЦ „Борис Трајковски“ кој беше минатогодишен организатор на Купот на Македонија, информираше дека од влезниците за натпреварите минатата година,…

повеќе...

Перо Антиќ ќе учествува во НБА Ол Стар викендот во Њу Орлеанс

Атланта Хоукс на официјалната интернет-страница информираше дека Перо Антиќ е избран да биде дел од Ол Стар викендот, како еден од деветте најдобри дебитанти во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата, во натпреварот против најдобрите играчи што ја играат својата втора сезона во НБА. Македонскиот капитен преку социјалните мрежи се заблагодари на поддршката. Импресивните игри на Антиќ, со кои донесе повеќе важни победи за Атланта Хоукс, не останаа незабележани во НБА, а како еден од највпечатливите и најдобрите дебитанти сезонава во лигата, апсолутно го заслужи учеството на Ол Стар…

повеќе...

Апел за помош на јуниорскиот кошаркарски репрезентативец – Дарио Митров

Младиот кошаркар на Работнички и македонски јуниорски репрезентативец, Дарио Митров, на тренинг со својата екипа се здобил со сериозна повреда на десното око, за што итно треба да се оперира во странство. Клиничкиот конзилиум на Универзитетската Клиника за очни болести од Скопје, констатира дека итно му е потребна операција во Брисел (Белгија), каде што докторите гарантирале за подобрување на неговиот вид. Сите кои сакаат и се во можност да му помогнат на Дарио, можат да донираат 100 денари од мрежата на Т-Мобиле на телефонскиот број 070/143-112.

повеќе...

Партизан 66-73 МЗТ Скопје

Тодор Гечевски одигра брилијантна партија во Белград, а голема поддршка доби и од останатите кошаркари кои му донесоа важен триумф на МЗТ Скопје Аеродром против актуелниот шампион во АБА од 73-66. Партизан немаше сили за пресврт против шутерски расположениот скопски состав. Уште пред заминувањето за Белград најавија максимална пожртвуваност и борба за секоја топка со цел да се приреди изненадување на големиот фаворит и тоа и го остварија. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одиграа одлични 40 минути во „Пионир“ против Партизан и заслужено се радуваа на триумф на крајот од…

повеќе...

Охрид домаќин на овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка

ЈП „Билјанини Извори“ после официјалната одлука на Кошаркарската Федерација на Македонија со особено задоволство ги информира граѓаните на Охрид дека овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка ќе се одржи од 6 до 9 февруари во спортската арена „Билјанини Извори“. Со одлуката на КФМ спортската арена „Билјанини Извори“ и ЈП „Билјанини Извори“ го продолжуваат котинуитетот на домаќини на големи  спортски настани. „Кошаркарскиот Куп е уште едно признание за менаџментот на претпријатието, се со цел СРЦ „Билјанини Извори“ и градот Охрид да постанат македонски центар на сите големи спортски настани. Одличната соработка…

повеќе...

МЗТ Скопје со победа во АБА лигата ја почна новата година

Со водство во текот на целиот натпревар против Шолнок, МЗТ Скопје Аеродром успешно ја почна новата календарска година, остварувајќи го својот седми триумф во АБА лигата. На средбата во СЦ „Борис Трајковски“, дебитираа двете нови странски засилувања – Шеховиќ и Цветковиќ. По почетните 4-2 за Шолнок, Унгарскиот состав не дојде до водство во ниту еден друг момент од натпреварот. МЗТ Скопје Аеродром предводен од Чековски, Гечевски и Шеховиќ ја превзема контролата врз играта и резултатот, за на крајот на првата четвртина да води со 19-10. Приморувајќи го противникот на грешки…

повеќе...

Александар Џикиќ официјално претставен како нов селектор на А кошаркарската репрезентација

Српскиот тренер Александар Џикиќ денеска пред бројните присутни медиуми беше промовиран како нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија. Првата и главна цел, како што најави, е добар настап на квалификациите и пласман на Евробаскетот во Украина 2015 година. „Особена чест ми е да бидам селектор на репрезентацијата која доаѓа од земјата која ја сака кошарката“, изјави 42-годишниот стратег. „Иако сум, тука не се чувствувам како странец и верувајте ми дека ќе направам се да ја оправдам довербата која ми ја дадоа луѓето од Федерацијата и која навистина ми значи.…

повеќе...

МЗТ Скопје 65-58 Црвена Ѕвезда

Серијата порази е веќе заборавена, мотивацијата во тимот на Зоран Мартич повторно е на највисоко ниво. МЗТ Скопје Аеродром одигра одлични 40 минути во Скопје против фаворизираната Црвена Ѕвезда за триумф од 65-58, прв во третиот меѓусебен дуел. Тесен и неизвесен беше натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во текот на сите 40 миунти, но кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со подобра игра во завршницата ја заслужи победата над првопласираниот тим сезонава во АБА лигата. Кош-за-кош се играше во текот на целата прва четвртина, за на крајот на првото полувреме МЗТ…

повеќе...

Македонија У12 го освои златниот медал на меѓународниот турнир во Букурешт

По трите победи во првите два дена од турнирот, репрезентацијата на Македонија до 12 години оствари убедлив триумф и во четвртиот натпревар на меѓународниот турнир во Букурешт, по што со максимален учинок се закити со златниот медал и пехарот. Со добра тимска игра и доминација во текот на целиот натпревар против Слем од Букурешт, избраниците на Горан Ѓорѓиевски победија со високи 85-15 и го заслужија славјето на највисокото одличје на крајот. Во претходните два дена, нашата најмлада репрезентација победи и во натпреварите со Буба од Бугарија, како и со романските…

повеќе...