Пораз за МЗТ на гостувањето против Цибона

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром како гости на Цибона во Загреб со 68-62 го доживеја и дванаесеттиот пораз во регионалната АБА лига. Попладнево на гостувањето во Загреб, МЗТ Скопје Аеродром е поразен од Цибона со 68:62 во рамките на 20 коло од силната АБА лига. Американецот Флоренс со 18 постигнати поени ја предводеше Цибона до саканата цел победа над МЗТ, кај МЗТ Скопје капитенот Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац постигнаа по 14 поени.

повеќе...

МЗТ ја загуби битката против Сутјеска

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во неизвесен финиш на домашен терен се поразени од црногорскиот прволигаш Сутјеска со 71:75 (18:18, 13:13, 20:20, 20-24), во рамки на 19.коло од АБА лигата. Нашиот шампион имаше слаб процент на ударите од поле, пред се за два поени (20 од 51), што им овозможи на гостите од Никшиќ во текот на сите 40 минути да бидат рамноправен ривал и на крајот да стигнат до изненадувачки и триумф во Скопје. Голем удел во поразот на МЗТ Скопје имаат и судиите, клучниот момент се…

повеќе...

МЗТ убедлив против Игокеа

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром триумфално ја отворија 2016 година, како гости во Лакташи славеа убедлива победа над Игокеа со 86:70. За металците ова беше четврта победа во последните пет настапи за тимот од Јане Сандански по доаѓањето на тренерското место на Александар Јончевски по што екипата изби на 5 место на табелата во АБА лигата. Најзаслужни за успехот на „сино-белите“ беа Ѓорѓе Дреновац со 27 поени, Марко Љубичиќ со 16 и Дамјан Стојановски со 15 поени. Аеродромци најдобро одиграа во првата четвртина којашто ја решија во своја…

повеќе...

Триумф на МЗТ Скопје на вечното дерби

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го доби и второто вечно дерби сезонава. Како гости во Градскиот парк кошаркарите на МЗТ Скопје го победија вечниот ривал Работнички со 86-75 (16-19, 24-24, 17-33, 18-10) во рамките на 12 коло во Првата македонска кошаркарска лига. По израмнетото прво полувреме избраниците на Јончевски фуриозно ја започнаа третата делница и го најавија триумфот во 60-то вечно дерби во „жешкиот“ Градски Парк. Со маестралната игра во третата четвртина која МЗТ ја реши во своја корист со убедливи 33-17 металците обезбедија сигурна предност пред стартот на последните 10…

повеќе...

Прво место за гимназијалците на Општинскиот натпревар во кошарка

На 23-ти декември во спортската сала „Билјанини извори“ се одиграа општинските натпревари во кошарка за средни училишта. Во првиот натпревар силите ги одмерија „Гимназијалците“ и „Економистите“ и истиот беше финале пред финалето, а заврши со резултат 32:30. Во вториот натпревар се сретнаа екипите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во кој „Угостителите“ беа поуспешни со резултат 18:14. Финалето го одиграа екипите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, а крајниот резултат беше 24:12. Екипата од Гимназијата ќе ја претставува општината на регионалните натпревари.

повеќе...

МЗТ Скопје подобар од Партизан

Продолжува победничката серија на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига. Синоќа, на дербито во Спортската сала „Јане Сандански“ во рамките на 15 коло МЗТ Скопје го совлада најтрофејниот тим во регионалното друштво српскиот прволигаш Партизан со 82-78 (27:19; 14:21; 21:16 и 20:22), остварувајќи ја на тој начин третата победа во низа во АБА конкуренцијата. Првата четвртина МЗТ Скопје ја реши во своја корист пред се благодарение на одличниот напад и постигнатите 27 поени. Но, на полувремето нашиот првак имаше само поен предност (41:40). Во 25 минута…

повеќе...

АВ Охрид – есенски првак во Втората кошаркарска лига

Екипата на АВ Охрид ја забележа и деветтата победа оваа сезона во Втората македонска кошаркарска лига. Синоќа, екипата на АВ Охрид гостуваше во Радовиш каде победи со 95-86. Со завршувањето на есенскиот дел, по девет одиграни рунди, АВ Охрид е неприкосновен на првото место од табелата со 18 бодови. Второто место со по 15 бодови го делат екипите на Гостивар, Вардар, Водњански лисици и Пелистер. Натпреварите во Втората лига ќе продолжат на 6-ти февруари 2016 година, кога АВ Охрид ќе гостува против тимот на Ангели. WebOhrid

повеќе...

Нова победа за АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид забележа уште една нова победа, осма по ред во Втората машка кошаркарска лига. Синоќа во Спортската сала „Билјанини Извори“, АВ Охрид со високи 101:75 го победи тимот на Шкупи. По оваа победа, АВ Охрид се зацврсти на првото место од табелата со 16 бодови, пред Вардар и Пелистер кои имаат по 14 бодови. WebOhrid

повеќе...

Нов пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

Кошаркарите на нашиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ ја продолжија серијата порази во регионалната АБА лига. Металците вечерва загубија од евролигашот Цедевита со 65:70 (20:12; 14:17; 16:19 и 15:22). Избраниците на Пипан повторно во последната четвртина го загубија мечот. На дуелот во СЦ „Јане Сандански“ вечерва најситакнати поединци беа крилото на МЗТ, Ѓорѓе Дреновац со 18 поени, и центарот на Цедевита Миро Билан реализира 14 поени. Со денешниот успех Цедевита ја продолжи серијата победи во АБА за гостите од Загреб ова беше…

повеќе...

Победа за КК „АВ Охрид“ против КК „Вардар“

Нова победа за КК „АВ Охрид“. Вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ охриѓани го пречекаа „Вардар“ во дерби натпреварот за врвот од табелата во Втората македонска кошаркарска лига. Првото полувреме му припадна на Вардар, во кое гостите прикажаа добра, цврста игра и сосема заслужено заминаа на полувреме со предност. Но, сепак крајот го краси делото. АВ Охрид прикажа далеку подобра игра во второто полувреме. Играта на Вардар спласна во завршницата на натпреварот, а од друга страна АВ Охрид поентираше, ја зголеми предноста и успеа да победи со 83-75. По одиграни…

повеќе...