Нов пораз на МЗТ во АБА лигата

Нов пораз на нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во регионалната кошаркаска лига. МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако вечерва на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ загуби од Задар со 60:72 (21:08; 7:27; 18:17 и 14:20). Металците добро го започнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на избраниците на Пипан траеше само во премиерните десет минути, по што следуваше голем пад во играта и на сцена стапија гостите од Хрватска. Кошаркарите на Задар вториот период…

повеќе...

Победа за „АВ Охрид“ на гостувањето против „Тетекс“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа нова победа во Втората македонска лига. Овој пат, охриѓани гостуваа во Тетово, против тимот на „Тетекс“. Како и на претходните натпревари, така и на овој натпревар, КК „АВ Охрид“ прикажа одлична игра и успеа убедливо да го совлада тимот на „Тетекс“ со разлика од 30 кошови (Тетекс 65-95 АВ Охрид). И по оваа петта по ред победа, тимот на „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората машка кошаркарска лига. WebOhrid

повеќе...

Уште една победа за КК „АВ Охрид“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа уште една победа во Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридските кошаркари го совладаа тимот на Воднањски лисици со резултат 78-68. По четири одиграни натпревари, екипата на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората лига, со четири победи (8 бодови) и со 363 постигнати кошови. WebOhrid

повеќе...

Пораз за МЗТ Скопје од Црвена Ѕвезда

Петти пораз на нашиот шампион MЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига. Во последниот натпревар од 9 коло МЗТ Скопје на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ загуби од бранителот на титулата Црвена Звезда со 71-66. Во интересен меч во кој гостинот од Белград имаше константно водство, во еден момент предноста на Звезда изнесуваше и 15 поени, победникот на дуелот беше решен во последните две минути во кој одбраната на металците немаше одговор за одличниот бек на белграѓани, Стефан Јовиќ. Српскиот репрезентативец со 17 поени, 7 асистенции беше најефикасниот…

повеќе...

Уште една победа за КК „АВ Охрид“

КК „АВ Охрид“ забележа нова, трета победа по ред, во рамките од Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат, охриѓани играа во гости против екипата на КК „Гостивар 2015“ и на крајот славеа со 76-82. По три одиграни натпревари, тимот на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место од Втората македонска лига, со 6 бодови, исто колку што имаат и КК „Вардар“ и КК „Водњански лисици“. Следната сабота (14 ноември) во Спортската сала „Билјанини Извори“, КК „АВ Охрид“ ќе игра против екипата на КК „Водњански лисици“. WebOhrid

повеќе...

Нова победа на КК „АВ Охрид“ во Втората кошаркарска лига

Кошаркарите на „АВ Охрид“ забележаа уште една победа во Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридските кошаркари го совладаа Пелистер со резултат 89-68. По два одиграни натпревари, екипата на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место во Втората лига, со две победи (4 бодови) и со 203 постигнати кошови. WebOhrid

повеќе...

Крка 72-68 МЗТ Скопје

Тимот на Крка ја прекина серијата на МЗТ Скопје од три победи по ред во АБА лигата.  Во мошне изедначен дуел, МЗТ имаше добро прво полувреме, имаше водство и ја контролираше играта. На полувреме се замина со резултат 29-37 за нашите кошаркари. Во третата четвртина Крка не само што го изедначи резултатот, туку направи и предност од 4 поени која до крајот се покажа како одлучувачка четвртина. Во последната четвртина видовме повторно изедначена битка, но предноста од третата четвртина остана за победа на Крка со резултат 72-68. WebOhrid

повеќе...

КК „АВ Охрид“ во сабота ќе игра против КК „Пелистер“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ во сабота (31 октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го одигра вториот натпревар во Втората Македонска кошаркарска лига, против екипата на „Пелистер“ од Битола. Од клубот ги покануваат сите љубители на кошарката да дојдат во сабота во 19:00 часот и да ги бодрат охридските кошаркари. WebOhrid

повеќе...

МКФ ќе ја испитува можноста на чело на репрезентацијата да се врати Докузовски

УО едногласно ја поздрави Спогодбата за соработка со Турската Кошаркарска Федерација, а се очекува во иста насока да се развие исоработка со Словенечката Кошаркарска Федерација, како и со NCAA – Лигата на Универзитетските екипи од САД. Распуштање на Стручниот штаб на Сениорската репрезентација и формирање на тричлена комисија која што ќе ги испитува можностите Марин Докузовски повторно да ја преземе работата со сениорите, се дел од одлуките на седницата на Управниот одбор на Македонската Кошаркарска Федерација одржана на 26ти октомври. Стручниот штаб е распуштен и покрај прифатените извештаи на досегашниот…

повеќе...

МЗТ Скопје 69-68 Цибона

Трет триумф во низа во регионалната АБА лига за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Синоќа во рамките на 7 коло на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ металците ја победија Цибона со 69:68 (16:17; 21:15; 15:21; 17:15). Натпреварот беше резулатски израмнет во сите 40 минути, а на полувремето македонскиот првак водеше со 37:32. Во вториот дел гостите по десет минути игра стигнаа и до водство од 53:52. На стартот од последниот период Цибона поведе со 56:52, но потоа следуваше решавачката серија (12:0) на МЗТ Скопје за победа. Ѓорѓе Дреновац со…

повеќе...