МЗТ Скопје убедливо поразен во Љубљана од Унион Олимпија на стартот од АБА лигата

Македонскиот шампион МЗТ Скопје претрпе пораз на отварањето на сезоната во регионалната АБА лига, металците во Љубљана се поразени од домашната Унион Олимпија со 91-76. Нашиот првак во новата сезона влезе со видно изменет состав со многу нови кошаркари, дополнителен проблем за стратегот на МЗТ, Пипан се и повредите на двајцата организатори на играта Протиќ и Љубичиќ. На дуелот во Љубљана гавен проблем за МЗТ Скопје беше лошата одбрана во рекетот. Словенечкиот тим од почетокот до крајот на мечот го имаше водството и заслужено стигна до вредна победа од 91…

повеќе...

МЗТ Скопје го освои Хуавеј Супер Купот со убедлива победа над вечниот ривал Работнички

Актуелниот шампион МЗТ Скопје е освојувач на првиот трофеј во новата сезона од Мак Баскетот, пехарот во Хуавеј Супер Купот. Металците во финалето славеа победа над вечниот ривал Работнички со 81-62 и сосема заслужено го освоија престижниот трофеј од Хуавеј Супер купот. Подмладениот тим на Работнички само едно полувреме беше рамноправен ривал на актуелниот шампион. Квалитетот и долгата клупа на МЗТ Скопје дојде до израз во второто полувреме кога избраниците на Алеш Пипан го скршија отпорот на дотогаш рамноправниот противник. Капитенот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски со неколку поени во…

повеќе...

Работнички ќе игра против МЗТ во финалето од „Хуавеј Суперкупот“

Освојувачите на трофеите во двете домашни натпреварувања, победникот на националниот Куп, Работнички и шампионот МЗТ Скопје Аеродром утре во големото финале во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид од 19 и 30 часот ќе атакуваат на првиот трофеј во новата сезона во Мак Баскетот пехарот во Хуавеј Супер Купот. Работнички вечерва во првото полуфинале со убедливи 79:56 го совлада Кожув и покажа дека иако со подмладен состав може да биде сериозен противник за останатите македонски екипи. Најефикасни во победничкиот состав беа Стојан Ѓуровски со 17 и Димитар Мираковски со 14…

повеќе...

Утре ќе можат да се купат билети за натпреварите од претстојниот Хуавеј Супер Куп во кошарка

Со натпреварот помеѓу КК Работнички и КК Кожув, утре, во 17:30 часот стартува „ХУАВЕЈ“ Супер купот во кошарка. Истиот ден со почеток во 20:15 часот ќе се одигра и другиот полуфинален натпревар помеѓу екипите на КК МЗТ Скопје Аеродром и КК Куманово 2009. Финалето од Супер купот е закажано за недела со почеток во 19:30 часот. По завршувањето на натпреварот предвидено е свечено доделување на пехарот за победникот, како и наградите за најкорисниот играч и за најдобриот стрелец, а исто така ќе има и нагреди за публиката. Сите натпревари од…

повеќе...

Охрид домаќин на првиот Супер куп во кошарка

Општина Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ се домаќини на првиот македонски Супер куп во кошарка. Почнувајќи од оваа година во Македонија почнува да се игра „ХУАВЕЈ“ Супер куп-от во кој ќе учествуваат финалистите од плеј – оф натпреварувањата и финалистите од Купот на Македонија. Натпреварите ќе се играат на 26-ти и 27-ми септември во арената „Билјанини извори“. На 26-ти септември во 17:30 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу Работнички и Кожув, а во 20:15 часот ќе се одигра наптреварот МЗТ Скопје А. – Куманово. Дваесет и седми септември е резервиран…

повеќе...

Првата македонска кошаркарска лига стартува на 10 октомври

Преставниците на Здружението на клубови од Првата кошаркарска лига денеска на седница во просториите на МКФ одлучија сезоната 2015/2016 во Првата Македонска Лига да започне на 10 октомври. Во првото коло ждрепката одлучи да играат минатогодишните ривали во финалето на Купот Кожув – Работнички, потоа Карпош Соколи 2000 – Бест, Фени Индустри – Куманово 2009 и МЗТ Скопје Аеродром – Струмица. Во 5 коло е премиерното вечно дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Според новиот систем за натпреварување, Првата лига ќе се игра четирикружно, во плеј офот ќе се пласираат…

повеќе...

Македонија со пораз од Словенија го заврши настапот на Евробаскетот 2015

Македонската кошаркарска репрезентација по пет одиграни средби во групата Ц, во кои оствари само еден триумф го заврши настапот на Евробаскетот 2015.Попладнево црвено жолтите загубија од Словенија со 62-51 (24-10, 7-14, 21-17, 10-10) се простија од ЕП. Нашите кошаркари денеска одиграа многу подобро отколку на вчерашниот меч со Грузија, но сепак на крајот немаа сили за добар резултат. Во редовите на црвено жолтите,кои денеска одиграа одлична одбрана и на кошаркарите на Словенија им дозволија да постигнат само 62 поени ,немаше расположен шутер, потфрли нашето најсилно оружје шутот од далечина. По…

повеќе...

Македонија убедливо поразена од Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација по трет пат е поразена на Евробаскетот 2015. Во 4 коло од групата Ц, нашиот национален тим во директната пресметка за место во осминафиналето загуби од Грузија со убедливи 90-75. Во најлошиот миг нашите кошаркари го одиграа најслабиот натпревар на Европското Првенство, по кој очекувано забележавме уште еден неуспех на континенталниот самит. На денешниот дуел видовме неколку изданија на црвено жолтите, од одлично до очајно, но и една резултатска клацкалка. Избраниците на селекторот Србиновски наместо максимално мотивирани за триумф ги видовме во едно непрепознатливо издание. Мотивираните кошаркари…

повеќе...

Македонија го претрпе вториот пораз на Евробаскетот 2015

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа во 3 коло од групата Ц го претрпе вториот пораз на Евробаскетот. Нашиот национален тим беше совладан од домаќинот Хрватска со убедливи 73-55 (15-18, 15-14, 22-10 и 21-13). Македонија одигра две максимално различни полувремиња. Одлично прво и очајно второ полувреме. Во првите две четвртини избраниците на Србиновски со одлична колективна игра под двата коша, цврсто, агресивно и пожртвувано во одбраната и максимално дисциплинирано во нападот со многу поени од под самиот кош беа рамноправен противник на фаворизираниот домаќин. На полувреме Македонија изненадувачки замина со предност од…

повеќе...

Победа за Македонија против Холандија на Евробаскетот 2015

Македонската кошаркарска репрезентација ја запишува првата победа на Европскиот шампионат во Загреб. Во 2 коло од групата Ц, црвено жолтите ја совладаа Холандија со 78-71. Нашиот национален тим сосема заслужено ја славеше победа над изненадувањето од евроквалификациите Холандија. Избраниците на Србиновски по изедначената игра во првите десет минути во втората четвртина ја најавија посакуваната победа. Нашите бекови пред се Костоски, браќата Стојановски и Илиевски ги наместија нишанските справи и го полнеа кошот на популарните лалиња од сите позиции. Но, и денеска голем проблем во играта под кошевите како и на…

повеќе...