Пронајдени и одземени 15 килограми марихуана во атарот на Љубаништа

Во акција за сузбивање на прекуграничниот криминал изведена синоќа во атарот на селото Љубаништа, охридската гранична полиција пронајде и одзеде околу 15 килограми опојна дрога марихуана.   Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид.  Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во…

повеќе...

Притворен охриѓанец кој нападнал полициска службеничка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Т.(52)  од Охрид, за сторено кривично  дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, во врска со што  од страна на Истражен судија му е одреден притвор од 30 дена. На 21-ви овој месец, К.Т. најнапред вербално, а потоа и физички нападнал униформирана полициска службеничка којa спроведувалa задачи од областа на безбедноста,  пред  зградата на СВР Охрид, во момент кога истиот  без да се пријави се обидел да влезе во полициската зграда. Тој го игнорирал укажувањето на полициската службеничка за потребата од…

повеќе...

Спречен шверц на околу 500 свечени фустани за Германија

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на голема количина свечени фустани. На 21.09.2013 година во 02:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица, пристигна патничко моторно возило со германски регистерски таблички, управувано од турски државјанин придружуван од сопатник германски државјанин. При рутински преглед на возилото, царинските службеници забележаа дека истото е полно со картонски кутии со стока, која лицата воопшто не ја пријавиле за царинска контрола. При детален преглед, пронајдени се вкупно 480 непријавени свечени фустани, спакувани во 18 картонски кутии, сместени во…

повеќе...

Поштар пријавил дека ги загубил пензиите и самоиницијативно дал отказ

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Ј.Д. (46) за сторено кривично дело – “затајување“ казниво по чл.239 од КЗ на РМ. Според документираните сознанија од истрагата пријавениот во текот на јули годинава, односно на 09.07., во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, постапувајќи спротивно на договорот за вршење на универзална поштенска услуга, прием и достава на пратки, противправно присвоил…

повеќе...

Голем удар врз наркомафијата и пример како да се бориме против меѓународниот криминал

Прес конференција на министерката Јанкулоска во врска со операцијата “Диригент“. Дозволете ми најпрвин да се заблагодарам на нашите колеги од Германската служба за борба против дрога и Полициска дирекција Франкфурт за нивната искрена и несебична соработка во врска со целокупното водење на оваа исклучително комплексна операција. Кога довербата и професионализмот на службите е на вака високо ниво, сосема очекувани се и резултатите кои заеднички ги постигнуваме. Целата операција „Диригент“ е голем удар врз наркомафијата кој претставува добар пример за сите во регионот, но и во Европа како треба ефикасно да…

повеќе...

Притворено лице кое му овозможило употреба на метадон на друго лице кое починало

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  П.И. (35) од Струга. Нему, истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На 13-ти овој месец, пријавениот, на лицето О.Б. (25) од Охрид  му овозможил користење на дел од неговата метадонска терапија. По извесно време кај О.Б. дошло до влошување на здравствената состојба по што истиот починал. Кај него не се забележани траги на насилство. Настанот се случил во домот на сега починатиот кој…

повеќе...

Притворено лице од Србија за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Зрењанин Република Србија. Него, истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 8 дена. Пријавениот, на втори овој месец околу 21 часот, насилно и без согласност влегол во домот на С.Ф. (35) од Охрид. Тој во нејзината соба започнал вербална расправија барајќи и пари и заканувајќи и се дека „ќе заврши во гепек“.  Сега притворениот Д.К. грубо и насилно ја спречил оштетената да се јави во полиција во…

повеќе...

Прв документиран случај на шпионажа во Македонија

Утринава полицијата ја отпочна реализацијата на финалната фаза од  акцијата „Шпион“ која тече во изминатите две години. Приведени се 17 лица, а постојат сомненија за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама, за инволвирани 22 лица. По три лица се трага, а од осомничените двајца веќе издржуваат казна затвор по друга основа.  Извршени се претреси во домовите на 17 лица, при што се одземени голем број компјутери, 27 лап-топови, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна докуменатација и други видови документи. Од МВР потврдуваат дека се…

повеќе...

Тешко рането лице од Велешта, се трага по сторителот

Поради постоење основи на сомнение дека со умисла е сторител на едно казнено дело против животот и телото и предизвикување огнострелна повреда, полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на едно лице од Велешта.  Истиот, во текот на вчерашниот ден околу 18 часот во близина на хотел во Велешта, со огнено оружје пиштол му нанел огнострелна рана на А.А.(25) од Велешта предизвикувајќи ми тешки повреди во пределот на градниот кош. Веднаш потоа, тој избегал од местото на настанот.  Полициската станица од Струга, по наредба на истражен судија од основниот…

повеќе...

Притворени две лица кои краделе нафта од автобуси низ Охрид

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 15 казнени дела „Тешка кражба“, поднесе кривична пријава против П.П.(24) и Д.Н.(31) од Охрид. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.  Пријавените, во периодот од 18-ти Јули до 8-ми Септември оваа година неовластено одзеле близу 2200 литри нафта со што се стекнале со противправна имотна корист од 160.000,оо денари. По претходен меѓусебен договор, сега притворените со употреба на подесен алат и физичка сила насилно ги отварале резервоарите од туристички автобуси паркирани пред ресторани, хотели и други…

повеќе...