„Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која со години наназад континуирано се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за помош на ранливите категории, преку кои ќе се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог, како основен предуслов за создавање на интеркултурно општетство. Во рамките на програмата и активностите за Промоција на хумани вредности, Црвен крст Охрид од 2004 година до денес реализирал преку 100 проекти во чија имплементација активно учествувале повеќе…
повеќе...Tag: крст
Традиционално доделени над 30 хуманитарни пакети на социјално ранливата категорија
Лајонс клубот „Десарети“ традиционално, секоја година, во месец јуни, спроведува донаторска акција, на која што им помага на социјално најзагрозените наши сограѓани. Во соработка со Црвен крст Охрид претставници на Лајонс клубот Десарети денес пред седиштето на Црвен крст Охрид поделија хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на над 30 семејства од социјално ранливата категорија. Оваа акција е поддржана и од Лајонс клубовите Охрид и Лихнидос. „Традиционално секоја година организираме донаторска акција во месец јуни. Оваа акција ни е секогаш поддржана од сите други Лајонс клубови, значи…
повеќе...Традиционално утре ќе бидат доделени преку 30 хуманитарни пакети на социјално ранливата категорија
Својата висока општествена одговорност Лајонс клубот Десарети традиционално, секоја година ја изразува и преку донирање на хуманитарни пакети на социјално најзагрозените наши сограѓани. Во соработка со Црвен крст Охрид претставници на Лајонс клубот Десарети утре, 24 јуни пред седиштето на Црвен крст Охрид ќе поделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на преку 30 семејства од социјално ранливата категорија. Оваа акција е поддржана и од Лајонс клубовите Охрид и Лихнидос.
повеќе...На градскиот пазар утре ќе се продаваат оригами и цреши направени од хартија за спас на 11 годишното болно охриѓанче
Црвениот крст и децата од Бреинобреин школата од Охрид утре со почеток од 10 часот на Градскиот пазар, ќе продаваат оригами и цреши направени од хартија, со што ќе помогнат во прибирањето средства за болното охриѓанче. На денешната прошетка во селото Велестово дечињата ја покажаа својата креативност, но и хуманост сакајќи да направат што повеќе предмети за да, како што рекоа, соберат што повеќе пари. Инаку изминатиов месец Охрид живее во духот на хуманоста. Бројни акции се прават за да се соберат потребните средства за спас на 11 годишно момче…
повеќе...Спроведена крводарителската акција
103 крводарители беа дел од денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид со помош и поддршка на спортска обложувалница Спорт Лаиф и Одделението за трансфузија од Охрид, се одржа на платото пред обложувалницата Спорт Лаиф. Десет најсреќни крводарители, извлечени во наградната игра на крајот од крводарителската акција, беа добитници на вредни награди, а сите крводарители добија маици за спомен на крводарителската акција. Но, денес, повод за хуманост не беше само крводарителската акција. Голем број посетители на хепенингот предводен од македонската пејачка Елена Ристеска, се приклучија на хуманитарната…
повеќе...Во сабота, крводарителска акција, проследена со хепенинг и презентација на активностите на охридскиот Црвен крст
Традицијата продолжува! И оваа година, во пресрет на Светскиот ден на крводарителството, Црвен крст Охрид во соработка со Оделението за трансфузиона медицина од Охрид, а со поддршка и помош на Спортската обложувалница Спорт Лајф, ќе организира крводарителска акција, проследена со хепенинг и презентација на активностите на Црвен крст Охрид од страна на младите активисти. Забавниот дел ќе го предводи пејачката Елена Ристеска, а со свој настап ќе и се придружат и познати охридски пејачи. За најсреќните десет крводарителите кои ќе бидат извлечени во наградна игра, Спортската обложувалница Спорт Лајф обезбеди…
повеќе...Ќе се одржи едукативна работилница на тема „Справување со зависности“
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид и Македонската Мисија за Хуманост од Стимбот Спрингс, САД, најавуваат едукативна работилница на тема „Справување со зависности“ која ќе ја води Д-р Dawn Obrecht, (Даун Обрехт) професор на Универзитетот во Колорадо Здравствено научен центар, САД и експерт на полето на зависности. На оваа интересна работилница Г-ѓа Обрехт ќе зборува за начинот на справување и опоравување од најразлични видови зависноти: дрога, алкохол, коцкање, зависност од секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, зависност од одредена супстанца и друго. Модерниот…
повеќе...Заврши првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал „Вдиши Театар“
Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училишта Мирко Милески и Дрита од Кичево, со претставата „Изгубениот сон“ и театарската група од средното училиште „Св.Климент Охридски“ – Гимназија од Охрид, со претставата „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал „Вдиши Театар“, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28-ми мај до 1-ви јуни во Охрид. На фестивалот беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади, талентирани актери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагујевац. Задоволството на учесниците…
повеќе...Одбележан вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“
Прекрасната изведба на театарските групи на Црвен крст Крагујевац и Црвен крст Ужице го одбележаа вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“. Во исполнетата мала сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, младите крагуевчани на креативен начин со претставата „Бран“, испратија силна порака за опасноста од трговијата со луѓе и како да се заштитат младите. Актерите од Ужице со претставата „Дивиот Запад“, на духовит начин ја пренесоа сликата на животот на младите во Западна Србија, иронијата за малиот град, малите луѓе и големата светла иднина. Денес на третиот…
повеќе...Црвен крст Охрид испрати уште еден шлепер помош за населението погодено од поплавите во Србија и БиХ
Црвен крст Охрид, вчера 25.05.2014 година, согласно стандардите на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, подготви и испрати уште еден шлепер со 25 тони помош за населението погодено од поплавите во Србија. Помошта се состоеше од најнеопходните производи за нив: вода, конзервирани и трајни прехрамбени производи, храна за бебиња, средства за хигиена, дезинфекциони средства, детска нова облека и чорапи. Помошта, која ја донираа хуманите охриѓани-поединци, голем број фирми и институции, општина Охрид и др., денес ќе биде предадена во собирните центри на Црвен крст на Србија во Белград,…
повеќе...