Преку 30 вљубеници во природата и планинарењето беа дел од рекреативната планинарска тура, која во организација на Црвен крст Охрид, а во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, се реализира вчера на планината Галичица. Предводени од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, најмладите учесници на оваа планинарска тура се искачија на местото Лако Сигној 1980 мнв, а повозрасните беа дел од искачувањето на врвот Магаро 2250 мнв. Сите учесници, а особено младите уживаа во убавините на планината Галичица, но и…
повеќе...Tag: крст
Продолжува обуката на младите од Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол
Денес во просториите на Црвен крст Охрид, продолжува реализацијата на обуката на младите волонтери на Црвен крст Охрид за штетноста од конзумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај младите луѓе. Обуките, под водство на Владимир Панзов Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав Живот“ од Скопје, започнаа на 13 февруари, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај младите волонтери на Црвен крст Охрид за алкохолот како порок и зависност, кои понатака своите знаења ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од учесниците на овие…
повеќе...Во сабота еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст
Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 22 февруари,(сабота) организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст сместена на месноста Липова ливада на планината Галичица 1600 мнв. со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000 мнв. (Магаро или Лако Сигној). На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и…
повеќе...Одржана едукативна тренинг работилница – „Алкохолот и младите“
Вчера во просториите на Црвен Крст се одржа првата едукативна тренинг работилница со 30 младинци кои членуваат во Клубот на Млади при Охридскиот Црвен Крст. Тема на работилницата беше – Алкохолот, штетна употреба на алкохолот, појавата на зависнот, ризиците и последиците од негова употреба, а истата ја спроведе Владимир Панзов. За жал, честа е појава на конзумација на алкохол помеѓу младите. Ваквата иницијатива, е со цел да се обучат млади кадри кои понатаму своето знаење ќе го пренесат на своите генераци во заеедницата, кои после целокупната обука од 4 сесии…
повеќе...Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца
Во рамките на своите активности во делот на првата помош, со цел освежување на постоечките и стекнување на нови знаења за укажување на прва помош, Црвен крст Охрид започна со изведување обуки по прва помош со вработените во образовните институции во Охрид и Дебарца. Обуките ги содржат најновите знаења, вештини и техники за укажување прва помош според стандардите на Велика Британија, а ги водат меѓународни инструктори на Црвен крст Охрид. Повеќе детали и информации за тоа можете да добиете на обуката која денес, утре и задутре во периодот од 10…
повеќе...Црвен крст Охрид и годинава организира подготовка за матурскиот испит за англиски јазик
Црвен крст Охрид и оваа година организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик. Курсевите се одржуваат во просториите на Црвен крст Охрид. На нив кандидатите ќе ги добијат потребните знаења по англиски јазик од страна на стручни и искусни предавачи, со што во целост ќе бидат подготвени за успешно полагање на матурскиот испит по англиски јазик. “Би сакале да напоменеме дека во двегодишното спроведување на овој проект беа вклучени 30 матуранти и сите посетители на подготвителниот курс УСПЕШНО го положија матурскиот испит по англиски јазик. Следејќи ги искуствата од…
повеќе...Света архиерејска литургија по повод празникот Свети апостол Тимотеј
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, 4 февруари (вторник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
повеќе...Започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик
Во организација на Црвен крст Охрид, a со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во периодот февруари-мај 2014 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќe го надоградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни…
повеќе...Светиот крст од Коселска Река го извади осмоодделенецот Кирил Симоновски
И оваа година коселчани, традиционално, го фрлаа светиот крст во водите на Коселска Река. Меѓу бројните и многу повозрасни верници, највешт и најсреќен беше најмалиот меѓу нив – тринаесетгодишниот осмооделенец Кирил Симоновски. Тој секако беше и највозбуден затоа што ова беше и за него светол и свет чин. Му посакуваме да му биде среќна цела оваа 2014 година и да му донесе многу успех нему и на неговото семејство.
повеќе...Годинешните кумови градоначалникот Бакрачески и Симески го даруваа среќниот фаќач на крстот Рупески
После целодневната обиколка по охридските домови, Варошката тајфа предводена од Петар Рупески, денешниот фаќач на Чесниот Крст, традиционално се собраа во Ресторанот Св.Софија. Таму беа пречекани од годинешните кумови, Градоначалникот Никола Бакрачески и охридскиот бизнисмен Сашо Симески, кои го даруваа годинешниот фаќач на крстот, со сребрен крст со позлата. Големиот верски празник Богојавление-Водици кој во Охрид оваа година се празнува неколку денови, донесе илјадници посетители и гости од државава и странство, а на градското пристаниште се собраа повеќе од 20 000 лица за да ја следат верската церемонија на осветување…
повеќе...