Започнува традиционалната и спортско рекреативна акција „За посреќно детство“

Пет дена до стартот на овогодинешната, традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 1ви октомври. Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштадот „Крушевска република-Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде продолжуваат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани…

повеќе...

Започнува новиот циклус Час за приказни на англиски јазик

Црвен крст Охрид го најавува почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 22.09.2016 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 7 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…

повеќе...

Црвен крст: На вчерашниот концерт собрани над 100 илјади денари

На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева. Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите. Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион. Од Црвениот крст Охрид изразуваат…

повеќе...

Во Охрид се одржаа обуки за спасување на вода и прва помош од операција Флориан

Петдневната обука за спасување на вода и прва помош која од 27ми јуни во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со инструктори за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан, Манчестер, Англија се реализираше за припадниците на Граничната (езерска) полиција и членовите на Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денеска заврши со реализација на показна вежба на спасување на давеници од превртен чамец и педалинка од водите на Охридското езеро кај „старото пристаниште“. И…

повеќе...

Поетско читање за старите лица

Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица. Потребите на старите лица се во…

повеќе...

Поетско читање за љубителите на пишаниот збор на малиот плоштад кај Мини Маркет

Црвен крст Охрид веќе една година реализира програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на стари лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебрца. Програмата ја спроведуваат волонтерите на Црвен крст Охрид, а оваа година таа е поддржана и од локалната самоуправа на Охрид. За корисниците на оваа програма и за сите заинтересирани наши сограѓани, љубители на пишаниот збор, Црвен крст Охрид на ден 30.06.2016 г. (четврток), на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) со почеток во 19 ч.…

повеќе...

Доделени дипломите за завршено соодветно ниво од БОБ програмата

Во прекрасен природен амбиент, со поглед на Охридското езеро, на пригодна свечаност во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, денес, на децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, им беа доделени дипломи за завршено соодветно ниво од БОБ програмата. Настанот беше искористен за дружење, забава, спортување и едукација, во што свој допринос дадоа тренерите на БОБ програмата и родителите, а стоматолошката ординација Д-р Сашо Стоев на сите деца им додели едукативни боенки. Признание и подарок доби седумгодишната…

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ на тродневен камп во природа во Велестово

Прекрасно дружење низ игра, забава, спортување и едукација имаа четвртоодделенците од ОУ Св.Климент Охридски од Охрид на тродневниот камп во природа во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, кој се одржа од 22-24 мај во рамки на воннаставната програма на училиштето. Предводени од своите наставници, помогнати од волонтерите на Црвен крст Охрид, тренери по прва помош, планинари, во прекрасен природен амбиент, младите учеа како да се снаоѓаат и ориентираат во планинска средина, како да ја чуваат природата, ја запознаваа планинската флора, планинареа по околните планински патеки,…

повеќе...

Трето место за основците од „Живко Чинго“ во категорија подмладок на Општинскиот натпревар по прва помош

На 45тиот по ред општински натпревар по прва помош, кој се одржа денеска, учениците од ОУ „Живко Чинг0“ од Велгошти, под менторство на наставничката Ивана Илиевска го освоија третото место во категоријата подмладок. Мотото на натпреварот беше „Знам да спасам живот“, а стекнатите знаења за укажување прва помош ги покажаа повеќе од 300 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебрца.

повеќе...

„Знам да спасам живот“ – 45ти Општински натпревар по прва помош во Охрид

Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид утре во периодот од 8:00 до 16:00 часот, под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ“, ќе го организира традиционалниот, 45-ти по ред, Општински натпревар по прва помош. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 300…

повеќе...