При претрес во Куманово приведени две лица кај кои бил пронајден ТНТ

Врз основа на добиени судски наредби, вчера беа извршени претреси на три локации во Куманово. При претресите пронајдени и привремено одземени се: четири парчиња од по 200 грама ТНТ со кафеава боја, знаме на Р.Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-а, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат. По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38). По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи кривична пријава против Р.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на…

повеќе...

Министерката Јанкулоска во посета на поплавените села во кумановско

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес ги посети селата Доброшане, Довезенце и Јачинце од кумановскиот регион коишто во изминативе денови беа погодени од поплавите предизвикани од поројните дождови. На средбата со жителите од овој регион Јанкулоска истакна дека овие населени места по течението на реките Пчиња и Кумановка се всушност најдиректно погодени од излевањето на речните води. „Дел од куќите се под вода и голема површина на земјоделско земјиште. Она од што луѓето од овој крај ја обезбедуваат својата егзистениција е поплавено и голем дел од овие површини и…

повеќе...

Членови на охридскиот литературен клуб учествуваа на поетска манифестација во Куманово

Членови на литературниот клуб „Григор Прличев“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од 30-ти јули до 1-ви август учествуваа на традиционалниот поетски митинг во Куманово. Од литературниот клуб „Григор Прличев“ Охрид, во Куманово гостуваа Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Трифун Ѓорѓиески. Додека во Монографијата која ја објавуваат кумановските поети, се објавени творби на уште четворица членови на литературниот клуб „Григор Прличев“, Диелза Речи, Лидија Стефановска, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски. Во монографијата покрај песните на поетите од останатите македонски градови, се објавени и следните творби, на членови на литературниот клуб…

повеќе...

За три години „изел“ и „испил“ 100.000 евра, пари на ЈП „Водовод“ Куманово

СВР Куманово постапувајки по поднесена пријава од група вработени во ЈП „Водовод“ Куманово, за незаконско и недомаќинско работење на одговорните лица во јавното претпријатие, до Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (38) од Куманово, поранешен директор на ЈП „Водовод“ Куманово, поради основано сомнение декла сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Имено, постапувајки по поднесената пријава извршен е увид во книговодствената евиденција на ЈП „Водовод“, при што е констатирано дека пријавениот во својство на директор на јавното претпријатие во периодот од 2010, 2011 и 2012…

повеќе...

Запленето огнено оружје и муниција на Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир вчера, царинските службеници спречија обид за шверц на поголема количина огнено оружје, муниција и распрскувачки материи. Вчера 13.10.2013, околу 15:00 часот, за излез од Република Македонија на граничниот премин Деве Баир се пријави патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со грчки регистарски ознаки управувано од албански државјанин.  При преглeдот на возилото во фабричките шуплини од левата и десната страна на задните врати под тапацирот, како и во багажниот простор исто така под тапацирот, царинските службеници пронајдоа> ·         8 автоматски пушки, ·…

повеќе...

Со фалсификувана банкнота од 500 евра пазариле јагниња и сирење

На 21.06.2013 година, околу 10:10 часот, во с.Облавце – општина Старо Нагоричане во семејната куќа на В.К., дошле две непознати машки лица на возраст од околу 50 и 60 години со ПМВ и побарале да купат јагниња и сирење за износ од 200 евра. Откако за тоа платиле со банкнота од 500 евра, а В.К. им вратил кусур од 50 евра и 15.000 денари, истите се договориле дека јагнињата и сирењето ќе ги земат подоцна и заминале со возилото. Бидејќи В.К. и неговиот син Д.К. се посомневале дека банкнотата од…

повеќе...

Спречен обид за криумчарење на 37 мигранти од Авганистан и Пакистан

По предходно добиени оперативни сознанија, денеска (07.05.2013) во раните утрински часови во сели Слупчане, кумановско од страна на полициските службеници од СВР Куманово сопрено е ТМВ управувано од Ф.А. (39) од Куманово и при извршен преглед во приколката се пронајдени 37 државјани на Авганистан и Пакистан, сите од машки пол  на возраст од 18 до 30 години. Имено, Ф.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, за неутврдена парична надокнада ги превзел мигрантите од Куманово со цел да ги превезе во Слупчане каде што требало да ги засолни…

повеќе...

Облепен со мобилен, мини камера и слушалки сакал да положи теоретски возачки испит за надомест од 500 евра

Денеска (23.04.2013) од страна на Комисија за полагање на возачки испит од Сообраќајниот испитен центар „Топ Драјвер“ во Куманово е пријавено злоупотреба при полагање на возачки испит, односно дека за време на полагањето на возачкиот испит е фатено лице кое што на себе имало инсталирана опрема за пренос на слика и тон. Од страна на полициските службеници на СВР Куманово веднаш е излезено на лице место, каде што е затекнато и приведено лицето Д.М.(53) од Куманово, кој што на кошулата на градите имал инсталирано камера поврзана со предавател, слушалки и…

повеќе...

Куманово слави Фајнл Фор во БИБЛ

Сигурна победа остварија избраниците на Љубислав Луковиќ на последниот натпревар на домашен терен во Топ Шест фазата, која носи огромен успех во дебитантската сезона во балканското друштво. Куманово на коло до крајот, го осигура своето место меѓу четирите најдобри и заслужено го слави пласманот на Фајнл Фор турнирот. Брзо опоравувајќи се од тесните порази против Рилски, односно Фени Индустри, кошаркарите на Куманово уште од самиот почеток на натпреварот против Теодо покажаа квалитетна игра и самоувереност дека ќе стигнат до важната победа. По само четири минути игра, македонскиот претставник, предводен од…

повеќе...

Пораз на Куманово во најдобриот натпревар во историјата на БИБЛ

По 50 минути максимално изедnачена игра, во која Куманово имаше повеќе шанси за победа која би им обезбедила пласман на Фајнл Фор, Рилски Спортист успеа да слави по второто продолжение со 117-114, нанесувајќи им го првиот пораз на кумановци пред своите навивачи. Официјалната интернет-страница на БИБЛ лигата, веќе го нарече „најдобриот натпревар во историјата“. Пред полните трибини во Куманово, домашниот состав многу подобро го почна натпреварот и по само две минути игра, веќе водеше со 8-0. Костоски и Инграм играа одлично однадвор, Луковиќ доминираше во рекетите и иако многу рано…

повеќе...