Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ го организираат годишниот Форум на тренери со дводневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица. Форумот ќе се одржи на 20 и 21 февруари 2017 во Хотел „Александар Палас“ – Скопје со почеток во 13:45 часот на 20 февруари. Покрај едукативниот карактер на овој настан, Форумот има и јубилејно значење бидејќи се поклопува со 15-годишнина од организација на првиот семинар за тренери за добивање на УЕФА Диплома во Македонија и го носи насловот: „15 години тренерска едукација во…
повеќе...Tag: македонски спорт
Познати четвртфиналните двојки од кошаркарскиот Лимак Куп на Македонија 2017
Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017. На 17 февруари (петок) Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за во 13:00 часот. Во вториот термин, (15:30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид. Трет натпревар на распоред (18:00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20:30) МЗТ Скопје, бранителот на КУП – титулата ќе се пресмета со Кожув. В…
повеќе...Најавен стартот на Мавровскиот меморијал
Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот, 54 ти по ред Мавровски меморијал. „Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот 54-ти Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал – натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година. Токму со оддржувањето на Мавровскиот Меморијал…
повеќе...Македонија со ново најниско место на ФИФА рејтинг листата
Македонија се наоѓа на 165 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов најнизок „рекорд“ откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -3 места. Сега Македонија го дели ова место со репрезентацијата на Косово. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Камерун со скок од +29 места се искачи на 33 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска од -13 места и се најде на 47 место. WebOhrid
повеќе...Живко Мукаетов реизбран за претседател на РФМ
Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов. Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет. „Сакам да се заблагодарам на генерациите…
повеќе...ФФМ одржа состанок со ревизорските куќи за клупско лиценцирање
Одделението за лиценцирање на ФФМ, како дел од стратегијата за асистенција на клубовите во процесот на клупско лиценцирање одржа состанок со ревизорските куќи кои клубовите апликанти за натпреварување во УЕФА и Прва МФЛ ги пријавија како нивни ревизори. Состанокот се одржа во просториите на ФФМ, а на него беше разговарано за правилата, начинот и принципите врз основа на кој треба да се доставуваат информации од финансиски карактер. На ревизорските куќи им беше презентиран извештајот од УЕФА инспекцијата на Одделението за лиценцирање на ФФМ и забелешките во него, а посебно оние…
повеќе...Директорот на АМС Спасески оствари средба со раководството на Регионалната лига во бокс
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, Претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков. Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март. Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик Јадранската Аба Лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот. „Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија,…
повеќе...Спортските федерации ги добија првите средства од АМС од игрите на среќа
Откако стапија на сила измените во Законот за игрите на среќа и другите забавни игри кон крајот на минатата година значително се зголеми буџетот на АМС, а со тоа и можноста за дополнително финансирање на работата и активностите на националните спортски федерации. Имено, за неполни три месеци на посебна наменска сметка на АМС, од страна на приредувачите на игри на среќа беа трансферирани околу 28 милиони денари, како резултат на новата давачка за обложувалниците и автомат-клубовите во насока на поддршка на македонскиот спорт. Од овие средства, 6.6 милиони денари на…
повеќе...Македонија ќе одигра контролен натпревар против Белорусија
Македонската А репрезентација на 28 март ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Белорусија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Најдобрата македонска репрезентација на 24 март со натпреварот на гостински терен против Лихтенштајн го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија, а четири дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Белорусија на Националната арена во Скопје. Македонија и Белорусија беа во иста квалификациска група за пласман на ЕП 2016 година, противникот славеше во Скопје со 2:1, во Минск одигравме без голови. Во својата квалификациска група за…
повеќе...„Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Кавадарци
Организаторот Лимак Холдинг и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари. Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата. На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига. Четвртфиналните натпревари ќе се…
повеќе...