Шкендија го одигра првиот натпревар против Гент од финалната фаза од квалификациите за влез во групите од Лигата Европа. Нашиот претставник се прикажа во одлично светло на овој натпревар. Недостасуваше само концентрација во одбраната во финишот од првиот, но и во финишот од вториот дел. Шкендија прва поведе со голот на Бесарт Ибраими во 9 минута. Шанси имаше на обете страни, а Гент изедначи во судиското надополнување (45+2) од првото полувреме со голот на Матон. И во второто полувреме следуваше цврста битка со шанси на обете страни. Кога сите мислеа дека…
повеќе...Tag: македонски спорт
ФФМ објави оглас за тренери и помошни тренери во спортската академија
Фудбалската федерација на Македонија денес објави: О Г Л А С За ангажирање на фудбалски главни и помошни тренери за работа со фудбалери во паралелките за фудбал во Спортската академија во Скопје (и паралелките во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Велес). Конкурсот се објавува согласно член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебни критериуми за тренер на ученици во спортска академија. – Во Скопје се бараат 4 (четири) главни тренери и 4 (четири) помошни тренери – Во Тетово се бараат 2 (два)…
повеќе...Одиграно второто коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Пелистер 3:0 Брегалница Ренова 1:0 Македонија ЃП Шкупи 0:1 Работнички Силекс 2:1 Победа Вардар 3:0 Шкендија На врвот од табелата се наоѓаат Пелистер и Работнички со по 6 бодови. WebOhrid
повеќе...Скок од едно место за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа
Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од едно место и се наоѓа на 138 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Како и изминатиот така и овој месец, нашата репрезентација го дели ова место со репрезентациите на Доминиканска Република и со Виетнам. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина пред Белгија и Колумбија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Северна Кореја со скок од +18 места се искачи на 99 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Куба од -30 места и се најде на 151 место. WebOhrid
повеќе...Комплетирано првото коло од Првата МФЛ
Со денешниот натпревар помеѓу Македонија ЃП и Работнички се комплетира првото коло од Првата Македонска фудбалска лига. Натпреварот Шкендија – Силекс се одигра во понеделникот, додека пак останатите натпревари се одиграа во неделата. Постигнати беа следните резултати: Брегалница 1:1 Ренова Победа 0:2 Пелистер Вардар 1:1 Шкупи Шкендија 2:1 Силекс Македонија ЃП 0:4 Работнички По првото коло првото место го делат Работнички, Пелистер и Шкендија со по 3 бодови. WebOhrid
повеќе...Шкендија ќе игра против Гент во плеј-офот за Лигата Европа
Попладнево беа извлечени двојките за следната фаза од Лигата Европа, поточно паровите за плеј-офот кој претставува последна пречка пред групите во Лигата Европа. Нашиот претставник Шкендија ќе игра против белгискиот Гент. Првиот натпревар ќе се игра во Белгија на 18 август, додека пак реваншот е по седум дена, на 25 август во Скопје. WebOhrid
повеќе...Шкендија се пласира во плеј-офот од Лигата Европа
Шкендија претрпе минимален пораз 0:1 на гостувањето против Млада Болеслав. Но, победата на Шкендија во Скопје пред седум дена со 2:0 беше доволна за нашиот претставник да патува во следната рунда од Лигата Европа. Ждрепката за плеј-офот е утре, а термините за одигрување на натпреварите се на 18 и 25 август. Победниците од плеј-офот ќе играат во групната фаза од Лигата Европа. WebOhrid
повеќе...Македонската олимписка делегација подготвена за ЛОИ – Рио 2016
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа церемонијата за свечено испраќање на македонската олимписка делегација, која ќе учествува на летните Олимписки игри Рио 2016. Македонските спортисти ќе настапат според следниот распоред: 1. Нина Балабан – Спортско стрелаштво 10 м. Воздушна пушка. Настапува на 6 Август во 8:30 часот (локално време) 2. Анастасиа Катерина Богдановски – Пливање 200 метри слободно. Настапува на 8 Август во 13:02 часот (локално време) 3. Катерина Николоска – Џудо – 63 кгр. Настапува на 9 Август во 10:00 часот (локално време) 4. Марко Блажевски –…
повеќе...Шкендија го совлада Нефчи и оди во следната рунда од Лигата Европа
Откако на дуелот пред седум дена одиграа без голови, денес во повратниот дуел Шкендија успеа да го совлада Нефчи и да се пласира во следната рунда од Лигата Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Шкендија минимално го совлада Нефчи со 1:0, а голот го постигна Бесарт Ибраими во 31 минута. Работата дополнително ја олесни и Ванче Шиков кој „заработи“ два жолти картони, односно црвен картон во 72 минута со што гостите од Азербејџан до крајот од натпреварот играа со играч помалку. Во третата рунда од квалификациите за Лигата Европа…
повеќе...Вардар елиминиран од Динамо Загреб
Вардар е елиминиран од евро-сцената оваа сезона, откако претрпе пораз од Динамо Загреб со вкупни 5:3, односно 2:1 на првиот дуел во Скопје и 3:2 на денешниот повратен дуел во Загреб. Вардар прикажа солидна игра и во првиот дуел, а особено во денешниот кога на два пати беше во водство. На крајот, пресудни беа двата досудени пенали во корист на Динамо. WebOhrid
повеќе...