Селекторот Ангеловски ги одреди фудбалерите за натпреварите против Италија и Лихтенштајн

Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари од квалификациите за СП 2018 година во Русија, против Италија (6 октомври во Торино) и Лихтенштајн (9 октомври во Струмица).

повеќе...

Јаховиќ постигна автогол, но возврати со хет-трик

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ денес успеа да направи подвиг за својот клуб Гозтепе, кој денес забележа значајна победа во гости против Сиваспор. Најпрво, во 16 минута Јаховиќ си постигна „ефектен“ автогол со глава, по што Сиваспор поведе со 1:0. Но, Јаховиќ успеа да ја поправи својата грешка во 33 минута кога изедначи на 1:1, а во судиското надополнување од првото полувреме (45+2) прецизно биеше од белата точка за да му донесе предност на неговиот тим од 1:2. Во второто полувреме повторно беше досуден пенал за Гозтепе и повторно прецизно го…

повеќе...

Доделени 500 стипендии на млади талентирани спортисти

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другите социо-патолошки појави. Грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек, Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на…

повеќе...

ФФМ вложува во развојот на женскиот фудбал

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока е и вложувањето во развој на женскиот фудбал. Еден од факторите за напредок се и тренерите кои директно влијаат во подобрување на ситуацијата во женскиот фудбал. За таа цел ФФМ заедно со УЕФА помогна во едукацијата на 14 жени тренери кои се определија да работат во женскиот фудбал и имаа желба да се стекнат со УЕФА Б Диплома. На покана од УЕФА дел од нив, тие кои се активни во…

повеќе...

Убедлив пораз за Вардар на стартот од Лигата Европа

На првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, Вардар убедливо беше поразен од Зенит. На Националната Арена „Филип Втори“, рускиот тим беше подобар противник, и заслужено си заминува со трите бода. Зенит ја оправда фаворитската улога и стигна до победа. Тоа е прва екипа која што со бодови си замина од Скопје. Уште во првото полувреме со трите гола во мрежата на Гачевски, Зенит се доближи до триумфот. Во шестата минута Вардар имаше негатива. Изведе корнер Нобоа од десната страна на првата статива каде што Кокорин со глава…

повеќе...

Македонија се искачи на 103 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 103 место, благодарение на победата од 0:1 против Израел во гости, како и нерешениот резултат 1:1 против Албанија на домашен терен. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, пред Бразил кој падна на второ место, додека пак Португалија се искачи на третото место. Најголем скок од +47 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Кејп Верде островите која се искачи на 67 место. Најголем пад од -31 место забележа репрезентацијата на…

повеќе...

Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во ракометниот Суперкуп на Македонија

Во вторник (12 септември) со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар како увертира на новата сезона во домашните натпреварувања, која почнува следниот викенд. Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2017, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот што се играше во Битола, а на таа средба славеше Вардар со 31-26, освојувајќи ја двојната круна во домашните натпреварувања. Директен пренос од…

повеќе...

Одржана спортската манифестација „Трчај, играј, активирај се“

Денес се одржа спортската манифестација под мотото ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” која е во рамки на одбележување на Денот на независноста ,,8 Септември”. Место на одржување беше на кејот на реката Вардар, каде се собраа голем број млади луѓе кои дојдоа да се дружат, да играат, трчаат и пред се, кои разменија нови идеи и започнаа нови другарства. Во рамки на спортскиот настан се организираа натпреварувања во одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности, а главниот настан беше рекреативната атлетска трка на која учествуваа скоро сите…

повеќе...

Македонија 1:1 Албанија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра осмиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. На стадионот „Младост“ во Струмица, нашата репрезентација ја пречека селекцијата на Албанија. Нашата репрезентација ја имаше првата шанса во 5 минута по една нафрлена топка од десната страна, но интервенираше албанската одбрана, па добивме само корнер. Несторовски имаше шанса во 14 минута, но не успеа да ја зафати најдобро топката од свртување. Во 23 минута Пандев се обиде со удар од далечина, но голманот на Албанија успеа да ја одбие оваа топка, а…

повеќе...

Македонија У21 со триумф ги започна квалификациите за ЕУРО 2019

Македонската млада репрезентација под 21 година (У21) ја започна одисејата во квалификациите за наредното Европско првенство, кое ќе се игра во 2019 година во Италија и Сан Марино. Избраниците на селекторот Благоја Милевски успеаа со 0:3 да ја совладаат Ерменија и со победа да ги стартуваат овие квалификации. Хет-трик за нашата репрезентација постигна Тихомир Костадинов со головите во 8, 26 и 72 минута. На табелата водат Русија и Ерменија со по 4 бодови. Русија има одиграно два натпревари, а Ерменија три. Следуваат Србија, Австрија и Македонија со по 3 бодови…

повеќе...