Денес во Спортската сала „Климент Колески“ во Охрид, се одржа меморијалниот фудбалски натпревар во организација на медиумската заедница, во чест на прерано починатите колеги ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка. Целта на овој настан е, вработените во охридските редакции, преку спорт и дружење да се потсетат на колегите и да се подзаборави на некои пресилни зборови или постапки. Идејата на медиумската заедница е овој турнир да премине во традиција. WebOhrid/ Фото: А. Андриоски
повеќе...Tag: медиум
Томчо Алексоски ќе го презентира неговото досегашно искуство како новинар
Во сабота 28-јуни 2014 година со почеток од 12 часот, пред охридските новинари, ќе се презентира новинарското творештво на охриѓанецот – новинар Томчо Алексоски. Петте години јубилеј, активно новинарство на Томчо Алексоски ќе се одбележат во кафулето Queen во Т.Ц. Амам. Томчо Алексоски моментално работи како новинар во ТВ Морис. „Во телевизиските програми ни царуваат сапунски серии, а јас се гордеам што сум дел од една прекрасна редакција на ТВ Морис, која работи крајно професионално, почитувајќи ги повеќе од 20 години традиционалните вредности“. -вели Алексоски.
повеќе...Во Охрид ќе се одржи конференција за користење на социјални медиуми
Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка и со поддршка на Совет на Европа, на 8 Јули 2014 година во Охрид организира еднодневна конференција, чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјални медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво. Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија, која се организира од 5 до 7 Јули…
повеќе...Трибина во Охрид за значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми
Центарот за култура и културулошки студии (ЦККС), денес во Охрид организираше трибина за медиумите и граѓаните на град Охрид, а како дел од проектот„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“. Проектот, поддржан од УСАИД, се реализираше осум месеци и опфати истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми, а имаше за цел добивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат и пренесуваат за европските вредности. Според претседателката на ЦККС, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, „резултатите од анализата на поимот европски…
повеќе...Во Охрид ќе се одржи трибина „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“
Центарот за култура и културулошки студии(ЦККС) повеќе од осум месеци го реализира проектот„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“, поддржан од УСАИД. Проектот опфаќа истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми и има за цел добивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат за европските вредности. Со цел презентација на резултатите од истражувањето, Центарот за култура и културулошки студии во недела, 15 јуни, со почеток во 11 часот ќе одржи трибина во Охрид. Трибината е отворена за граѓаните…
повеќе...Девет години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио
Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио во петок полни девет години откако започна да се емитува во радискиот етер. Низ годините емисијата се менуваше и созреваше во квалитетен радио проект кој полни девет години ги информира, а пред се ги забавува своите слушатели. Емисијата ја води познатиот глумец и водител Жанко ЗШ Голабоски, а тимот на емисијата го надополнуваат и Тони Џомба и Дџ Јане кои го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија. Покрај нив, тимот го дополнува и комплетната екипа составена од млади и талентирани луѓе…
повеќе...Започна промотивната тура „Охрид 2014“
Во рамки на Локалната самоуправа и Секторот за туризам и локален економски развој, оваа година за прв пат се организира промотивна тура „Охрид 2014“ , во период од 03 – 06 Април. На турата присуствуваат околу четириесетина туроператори, туристички агенции и медиуми од емитивните подрачја, односно од Турција, Албанија, Бугарија, Русија, Косово и Србија. „Целта на оваа посета е гостите да се запознаат со туристичкиот потенцијал на Охрид, преку едно директно и непосредно нивно присуство, да се запознаат со сите оние специфични елементи на туризмот во Охрид. Предвидени се посети…
повеќе...Општина Охрид организира промотивна тура „Охрид 2014“
Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „Охрид 2014“. На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово. Гостите на промотивната тура, утре ќе ги прими градоначалникот Никола Бакрачески, а потоа ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид. Според планот на промотивната тура, учесниците ќе ги посетат најзначајните културни и туристички локалитети на градот…
повеќе...Премиерот Груевски оствари средба со претставничката на ОБСЕ за медиуми Мијатовиќ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со претставничката на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања и теми од сферата на медиумите. Премиерот Груевски ја истакна подготвеноста и отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле. Тој истакна дека на тој начин прецизно се…
повеќе...Охрид за Водици ќе биде центар во областа на културата, туризмот и медиумите
Во Куќата на Уранија во Охрид денеска беше отворена Втората меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. Конференцијата ја отвори професор доктор Рубин Земон од Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, кој истакна дека овој настан кој ја собира научната јавност за Водици во Охрид ќе продолжи и во иднина. „Одзивот на учесниците е задоволувачки. Имаме 61 учесник од 12 земји, 49 реферати, што е завидна бројка. Важно е што научници од Европа и пошироко доаѓаа во Охрид да презентираат научни сознанија од нивните истражувања во врска со заштитата…
повеќе...