Невладината организација „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на ова здружување како што беше истакнато на денешната прес-конференција е меѓусебна соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи, социјалните и хуманитарните права. „Посебен акцент на оваа соработка се ранливите категории на граѓани, без разлика на етничката припадност, нивната интеграција со посебен осврт на припадниците на етничката заедница Египќани. НВО „Светла иднина 2009“ и НВО „Подобар живот“ се согласни како акт на добра волја поради исклучителен придонес кон развојот…
повеќе...Tag: меморандум
Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу македонското и српското цивилно воздухопловство
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Дејан Мојсоски, на 17 април во Скопје, потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија г. Милан Живановиќ, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното…
повеќе...Општина Охрид и Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца потпишаа Меморандум за соработка
Заменик- градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се утврдува рамката во која се остварува соработката меѓу потписниците, за планирање, организирање и спроведување на активностите. „Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име Ве уверувам дека Локалната самоуправа и Владата, особено внимание посветуваат на пензионерите и дека тоа го покажаа со реализирање на повеќе проекти. Така ќе биде и во иднина, а Меморандумот што го потпишавме ќе биде основа за продлабочување на заедничката…
повеќе...Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид потпишаa Меморандум за соработка
Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Нинослав Марина, потпишаa Меморандум за соработка, чијашто цел e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. Посебно ќе биде ставен акцент на следниве активности…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УИНТ „Св.Апостол Павле“ и Центарот за неформално образование „Триаголник“
Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центар за неформално образование „Триаголник“ од Скопје потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење. Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното образование да се…
повеќе...Универзитетот „Св.Апостол Павле“ и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Примарната цел на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните…
повеќе...Општина Охрид ќе го стимулира развојот на наталитетот со еднократна парична помош од 5000 денари за секое новороденче
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на Општата Болница д-р Љубен Арнаудов денес потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Со овој акт општината самоиницијативно се обврзува финансиски да го помага секое прво и второ родено дете во семејствата во градов со еднократна парична помош од 5 000 денари. Со ова Општина Охрид и официјално ја дава својата поддршка кон заложбите на Владата на Република Македонија во насока на зголемувањето на наталитетот во земјава. „Еднократната парична помош ќе се одвива во две фази. Во првата фаза со оваа ставка ќе бидат…
повеќе...Ќе се подигнува финансиската писменост на населението
Граѓаните ќе се едуцираат за користење на финансиските услуги и ризиците кои произлегуваат од нив. Народната банка, Министерството за финансии заедно со другите институции кои имаат надлежности во регулирањето на финансиските услуги почнуваат координирани активности со цел да ги едуцираат граѓаните за услугите што се нудат во финансискиот сектор и ризиците што произлегуваат од нив. „Народната банка на Република Македонија веќе една година спроведува активности за едукација на населението. Досега беше опфатена најмалата популација, а сега активностите се насочени кон повозрасните ученици, а понатаму таргет ќе биде и возрасната популација“, беше…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МЈП Проаква, Општина Охрид и компанија за водоснабдување од Будимпешта
На Бизнис Форумот за привлекување на странски инвестиции кој се одржа во Скопје остварена е средба со Општина Охрид, МЈП – Проаква и генералниот директор на водоснабдителната компанија од Будимпешта. На средбата потпишан е Меморандум за соработка помеѓу компанија за водоснабдување од градот Будимпешта – Унгарија, МЈП Проаква и Општина Охрид. Целта на потпишување на овој Меморандум е размена и пренесување на позитивни искуства во менаџирањето на двете претпријатија од областа на водоснабдувањето, како и заштита на човековата околина и Охридското Езеро. Исто така, размена на искуства за полесен пристап…
повеќе...Аудио книги за слепите и слабовидни лица
Меморандум за меѓусебна соработка за зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св.Климент Охридски“ денеска потпишаа министрите за труд и социјална политика и за култура, Диме Спасов и Елизабета Канческа-Милевска со Националниот сојуз на слепи лица на Македонија, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид, Клубот на оратори и со претставници на националните телевизии и радија. Министерот Спасов се заблагодари за подршката на партнерите потписници на меморандумот, МРТ, Канал 5, Сител, Аласт М, 24 Вести, Сити радио, Клуб…
повеќе...