Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во текот на денешниот ден оствари средби со жителите во Лешани, Мешеишта и Оровник, додека заменик претседателката Шекеринска оствари средби со граѓани во Струга и Радожда. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево ја продолжи посетата на населените места во охридско. Од Пештани Заев упати јасна порака дека она што и треба на Македонија, вистински Претседател, го нуди токму СДСМ. „СДСМ го нуди тоа што и треба на наша Македонија, вистински претседател, Стево Пендаровски“, рече Заев. Пендаровски секогаш е опкружен со народ, луѓето му приоѓаат и го…
повеќе...Tag: мешеишта
Пратеникот Николоски во посета на изградбата на канализациона мрежа во Мешеишта
Денес во посета на општина Дебарца престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред месец и пол. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба се одвива со одлична динамика и дека досега е изградена една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти. Вредноста на договорот е…
повеќе...Во тек е изградбата на канализациона мрежа во село Мешеишта
Во село Мешеишта деновиве интезивно се гради канализационата мрежа во должина од 8 километри. Договорот за изградба на канализационата мрежа со фирмата изведувач е десет (10) месеци, тоа значи дека до крајот на годината мешеиштани ќе ја добијат долгоочекуваната канализациона мрежа со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами. Средствата за изградба на канализационата мрежа се обезбедени од Агенција за земјоделство и рурален развој во висина од 14.545.000,00 денари и претставува еден од поголемите инфраструктурни зафати во општината, односно еден од ветените проекти на Градоначалникот Трајкоски.
повеќе...Општина Дебарца добива современ културен дом
Општина Дебарца добива нов и современ културен дом. Во село Мешеишта во завршна фаза е реконструкцијата на културниот дом, а во неговата изградба е опфатено поставување на прозори и врати, замена на стар паркет со нов, поставување на завеси, изградба на настрешница (покриeн влез), поставување на подни плочки, поставување на нови седишта со капацитет до 300 места со инвестиција од вкупно 1.115.000,00 денари. Со оваа реконструкција општина Дебарца ќе добие еден современ културен дом кој ќе се користи за голем број манифестации. Воедно завршува уште едно од дадените ветувања на градоначалникот…
повеќе...Издадена еколошка дозвола за живинарската фарма „Бастум“ во с.Мешеишта
Согласно Законот за животна средина и Уредбата за инсталациите кои подлежат на обврската за поседување на Б-интегрирана еколошка дозвола, Општина Дебарца ја издаде третата Б-интегрирана еколошка дозвола, односно Б-Дозвола за усогласување со оперативен план на живинарската фарма „Бастум“ од с.Мешеишта. Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето. ОПШТИНА ДЕБАРЦА Градоначалникот на Општина Дебарца ОБЈАВУВА Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен…
повеќе...Борова шума во форма на петокрака
WebOhrid откри борова шума која формира петокрака. „Петокраката“ се наоѓа на планината над селото Мешеишта, веднаш под врвот Стојанец кој е со 1300 метри надморска височина. Шумата е засадена на почетокот од 50-тите години. Повозрасните жители од околните села кои учествувале во акцијата за пошумување не се сеќаваат како точно настанала оваа петокрака. Во секој случај, местото е идеално за планинарење, покрај прекрасниот поглед кон Охридско-Струшката котлина, љубителите на природата можат да уживаат од разновидноста на флората и фауната на овие предели. Има голем број можности за посети и користење…
повеќе...„Точно на пладне“ – поетско читање во Мешеишта
Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ во соработка со управата на Струшките вечери на поезијата, организира поетско читање кое ќе се одржи утре (сабота) со почеток во 12 часот, во просториите на општинската зграда во Мешеишта. Манифестацијата се одржува втора година по ред, и ќе биде понудена поезија од поети што творат во и надвор од Македонија, како што се Маја Мојсова, Пере Ристески, Тодор Чалоски, Ѓоко Здравески, Ѓорѓи Калан, Петар Аврамоски, Иван Антоноски, Ѕвонко Танески, Елена Карамешиноска, Иван Трпоски (Австралија), Саво Костадиноски (Германија), како и Стеван Тонтиќ…
повеќе...Надворешниот изглед воопшто не е важен, важно е да е климатизирано
Кога станува збор за надворешниот изглед на куќите, поголем дел од граѓаните тоа го оставаат за на крај. Пред се најважен им е нивниот комфор, а со оглед на финансиската немоќ, за жал, многу од нив остануваат подолго време надворешно неуредени. Таков е и овој случај, каде што сме сведоци на поставен клима-уред врз „плитар“. Колку е стабилна основата сигурно си знае сопственикот, но ова уште еднаш ја покажува неможноста за поголема инвестиција. WebOhrid
повеќе...Мешеишко-Климешка вечер за првпат во Перт, Австралија
Во саботата, на 23-ти февруари, за прв пат во Перт, Австралија се одржа Мешеишко-Климешка вечер. Повод за средбата која се одржа во просториите на Македонската Народна Општина-Вардар и каде што присуствуваа над 150 гости, беше со цел да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на изградбата на водоводот до Црквата Свети Илија – Илинче, која од високо ги гледа селата Мешеишта и Климештани. Досега се собрани приходи во висина од $6000 со надеж дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. Покрај иселениците од Мешеишта и Климештани, на…
повеќе...