Се очекува забрана за увоз на пилешко, свинско, говедско и коњско месо од Бразил

Согласно своите надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира домашните компании дека Генералниот директорат за здравствена заштита и безбедност на храната на Европската комисија (DG SANTE) спроведе инспекциски контроли во Бразил со цел евалуација на контролите на производството на говедското, пилешкото и коњското месо и производите од нив, како и евалуација на контролите на резидуи и контаминенти во живи животни и производи од животинско потекло, вклучувајќи и контроли на ветеринарно-медицинските препарати. Во финалните извештаи од спроведените инспекциски контроли од страна на DG SANTE се утврдени наоди на недоследности при…

повеќе...

АХВ со вонредни, засилени инспекциски контроли пред Новогодишните празници

Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло (месарници, рибарници, и сл. ) и во угостителски објекти (хотели, ресторани). Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран. Целта на контролите е елиминирање на можнста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето…

повеќе...

АХВ потпиша протокол за извоз на замрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, со претставници од Генералната администрација за надзор на квалитет, инспекција и карантин на Народна Република Кина, потпиша Протокол за извоз на замрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар. Потпишувањето на протоколот се реализира во рамки на бизнис форумот, кој вчера се одржа во Пекинг, како дел од активностите на Владата на Република Македонија за презентација на бизнис можностите за инвестирање во земјава. Официјализирањето на оваа соработка, како што беше истакнато, ќе биде основа за интензивирање на бизнис релациите и продлабочување на трговската…

повеќе...

Времена забрана за увоз на живина и живинско месо од Холандија, Германија и Велика Британија

Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, по добиено известување од Европската комисија за присуство на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече мерка времена забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија. Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на…

повеќе...

Известување за појава на спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (Сег) во Романија

Агенцијата за храна и ветеринарство ја разбира загриженоста на јавноста која доаѓа од информацијата за појава на болеста Спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (СЕГ) во Романија, или популарно наречена Болест на луди крави. Од официјалните податоци на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), појавата на болеста е потврдена на 20.06.2014 година. Болеста е утврдена при редовна контрола во кланица, што само по себе укажува дека системот за контрола на оваа болест воспоставен во Република Романија е ефикасен и дава резултати. Позитивното животно е издвоено од синџирот на исхрана и…

повеќе...

Зголемено производството на млеко, намалено производството на месо

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2013 година изнесува 380735 илјади литри што е за 8,9% повеќе во однос на 2012 година.  Намалување на производството од 11.3% во 2013 година е забележано кај овчото млеко, додека кај производството на козјо млеко е забележано намалување за 3.1% во однос на претходната година.  Вкупното производство на месо е намалено за 9.8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад.  Од другите добиточни производи, во 2013, во однос на…

повеќе...

Димовски: Надминат е проблемот со вишокот свинско месо

Проблемот со вишокот свинско месо е надминат. Сега ги утврдуваме политиките што треба да се спроведат во следниот период, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. По посетата на кланицата „Агриа“ во Велес, Димовски напомена дека ниту една мерка или политика на Министерството не е случајна и се носи врз основа на претходни сериозни анализи во кои се вклучени сите од секторот. Воедно најави засилени контроли на увозот на замрзнато свинско месо. Посебно, како што рече, ќе се врши контрола на квалитетот и нема да се дозволи…

повеќе...