Камери за полицајците за документирање на службените дејствија

Мобилен систем за снимање со камери поставени на полициските службеници за документирање на полициските постапки за промовирање на принципот на законитост и професионалност на полицијата, е новата опрема која денеска ја промовираа министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли. Опремата вредна 65.000 долари е донација на амбасадата на САД во Македонија и се состои од камери, поддршка на системот и обуки на полициските службеници на терен, нивните раководители и експерти за информатичка технологија. „Целта на овој проект е преку снименото документирање на постапките…

повеќе...

Заменик-министерот за внатрешни работи го посети Регионалниот центар за трансфузиона медицина во Тетово

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу со најблиските соработници, денеска ( вторник, 14 јуни ) го посетија Регионалниот центар за трансфузиона медицина во Тетово. При посетата, заменик-министерот Нухиу оствари средба со директорот на Центарот, Екрем Исмани, на кого му врачи пригодна плакета, додека за активен личен и вкупен придонес на Министерството за внатрешни работи во активностите за унапредување и омасовување на крводарителството во нашата земја, на Нухиу му беше доделена благодарница. Напоредно со тоа, петнаесетина полициски службеници на Секторот за внатрешни…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународна конференција за лансирање

Советот на Европа, во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа – проект iPROCEEDS на таргетирање на казниви дела на интернет во Југоисточна Европа и Турција ќе организира меѓународна конференција за лансирање. Средбата ќе се одржи во Охрид од 13 до 14 јуни, 2016 година. Конференцијата ќе овозможи целосен преглед на националните капацитети и потреби во врска со компјутерскиот криминал, таргетирање на казнивите дела и спречување на перење пари на интернет. Конференцијата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Митко Чавков, Јавниот…

повеќе...

Одделението за превенција во СВР Скопје ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција во СВР Скопје, ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“, чија основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. Праксата покажува дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери. Активностите во рамките на…

повеќе...

Втора Регионална работилница „Размена на искуства при транспонирањето и имплементацијата на европското законодавство во областа Борба против трговија со луѓе”

„Република Македонија со години наназад е единствена земја од регионот која во глобалниот Извештај на американскиот Стејт Департмент за состојбите со трговијата со луѓе е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.“ ова денеска меѓу другото го истакна државниот секретар во МВР и национален координатор за борба против трговија со луѓе г-ѓа Анастасија Илиеска на отварањето на Втората регионална работилница на тема “Размена на искуства при транспонирањето и имплементацијата на европското законодавство во областа Борба против трговија со…

повеќе...

Кичевчанец со нож нападнал сограѓанин

Вчера во 16:50 часот во Кичево, при вербална расправија, Б.А. (40) од .с.Бачишта, кичевско, со нож го нападнал А.Р. (33) од Кичево, при што му нанел убодна рана во пределот на стомакот. По нападот А.Р. се упатил во Медицинскиот центар Кичево, а Б.А. побегнал од местото на настанот. По кратко време Б.А. е приведен и лишен од слобода од страна на полициски службеници. Пронајден и одземен бил ножот со кој го сторил кривичното дело. А.Р. од Медицинскиот центар Кичево е пренесен во Медицинскиот центар Битола каде ќе му биде утврден…

повеќе...

Презентација „Проценка на закани од сериозен и организиран криминал“

Денеска во Центарот за обука во Идризово од страна на Министерството за внатрешни работи беше извршена презентација на националната „Проценка на закани од сериозен и организиран криминал“ на која што присуствуваа министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков, директорот на БЈБ м-р Горанче Савовски, претставници од дипломатскиот кор како и претставници на Мисијата на ОБСЕ и DCAF со чија помош се реализираше проценката. Како што истакна министерот Чавков оваа национална проценка е прва од овој вид изработена во Република Македонија и претставува нов начин на пристап во борбата против сериозниот…

повеќе...

МВР: Пронајдени докази дека осомничените земале мито за преодни оценки

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал од 2014 година во координација со Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по претходно добиени криминалистичко разузнавачки информации и пријави од оштетени граѓани-студенти, отпочна со криминалистичко истражување на коруптивни кривични дела, сторени од страна на универзитетски професори од „Економскиот факултет“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Скопје на начин што директно или индиректно преку посредници, барале и примале поткуп со цел студентите да ги положат испитите по предметите кои ги предавале професорите. Од страна на МВР, до ОЈО поднесена…

повеќе...

Нова кривична за осуденик кој додека бил во бегство извршил разбојништво во златарница

СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.С. (31) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело “разбојништво“ предвидено и казниво по чл.237 од КЗ на РМ. Имено, на 18.12.2015 година со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот инаку осудено лице кој се наоѓал на издржување казна затвор во КПУ затвор Куманово – отворено одделение во Крива Паланка, додека бил во бегство од затворот, извршил кривично дело разбојништво при што одзел 16 златни…

повеќе...

Кривична за две бугарски државјанки за “џебна кражба“

СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.Е (28) и А.Х.С. (28) бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела “џебна кражба“ предвидено и казниво по чл.235 ст.1 од КЗ на РМ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 13.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по осум дена. Имено на 20-ти минатиот месец околу 11,00 часот, на бул. “Партизански Одреди“ поточно…

повеќе...