Ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста – награда за претседателот Иванов на Форумот Кран Монтана

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е добитник на Наградата на Фондацијата за 2014 година, што се доделува во рамки на Форумот Кран Монтана. Наградата на Фондацијата на претседателот Иванов му се доделува како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи. „Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат…

повеќе...

Петар Иваноски – Тиквар одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов го одликуваше г. Петар Иваноски – Тиквар, истакнат деец, борец на македонското националноослободително движење и учесник на Првото заседание на АСНОМ со „Орден за заслуги за Македонија”. Одликувањето на г. Иваноски му беше доделено за неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава. „Учесниците на Првото заседание на АСНОМ се основоположниците на македонската државност. Пред 70 години беа шеесетмина, а денес остана само еден.…

повеќе...

Борис Трајанов одликуван со титулата „национален уметник на Република Македонија“

Оперскиот пејач Борис Трајанов денеска во присуство на личности од политичкиот и општествениот живот, меѓу кои и неговата професорка, 91-годишната Бисерка Цвејиќ, во чија класа магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Белград, ја прими титулата „национален уметник на Република Македонија“. Титулата национален уметник на Трајанов, кој е четврти носител на ова престижно признание, му ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. „Борис Трајанов со својот глас на најпрестижните светски оперски сцени ја претставува Република Македонија во најдобро светло и посведочува за нашата култура, уметност и духовност. Со овој…

повеќе...

Министерството за култура ја доби наградата „8-ми Септември“ од општина Крушево

На Министерството му е доделено признанието за неговиот придонес во унапредувањето на културата и на условите за развој на туризмот во Крушево, кој оваа година ја носи и титулата „Град на културата во Република Македонија“. Одлуката ја донесе Советот на општината, а наградата и беше врачена на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од страна на градоначалникот Ѓорѓи Дамчевски, на свечена седница. Министерката Канческа-Милевска истакна дека наградата е големо признание за заложбите на сите во Министерството за култура во изминатиот период за промоција на културно-историските знаменитости на Крушево и за збогатување…

повеќе...

Tрета награда на меѓународен конкурс за хаику поезијата на Пере Ристески

На меѓународниот натпревар на тема „Дете/Змеј“ што го организираше специјализираното списание за хаику поезија „Диоген“од Босна и Херцеговина, во конкуренција на 144 автори од 26 земји од целиот свет и испратени 1296 хаику творби, поетот Пере Ристески ја освои третата награда. Поезијата на Ристески е објавувана во повеќе антологии и списанија ширум Европа и светот, како што се: Босна и Хрцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Франција, Америка и Јапонија. Пере Ристески има објавено три збирки поезија: „Гревот на првата љубов“, „Крајпатни ветришта“ и „Во преграб на мигот“.

повеќе...

Падна 6+1 на Ново Лото во Охрид, добивка вредна 274 илјади денари

Во вчерашното 67 коло на Новолото, уште еднаш се внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив. Имено ова коло ни донесе нов среќен добитник, овој пат на добивката 6+1 вредна 274.168,50 денари. Компјутерскиот систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 17.08.14 во продажното место Владија во Охрид. Добитникот уплатил 2 комбинации НОВОЛОТО и 2 комбинации Џокер, се заедно 70 денари. Само за потсетување, годинава уште двајца добитници на оваа премија. Во месец февруари, гостиварчанец кој сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата…

повеќе...

Одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ за 2014 година

Државната награда „Мајка Тереза” се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери … Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52.06), Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди (,,Сл.весник на РМ,, бр.54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот на својата…

повеќе...

Сребро за Ина Стефановска во Софија

Македонија има свои репрезентативци во бадминтон кои може да се носат со врвни светски имиња од овој спорт, а тоа го докажаа викендов на светскиот рекетлон турнир „IWT Bulgarian International Championship 2014“ во Софија. Ина Стефановска и Петар Живковски успеаа да стигнат до финалето и полуфиналето во своите дисциплини со далеку поискусните противници со кои водеа рамноправни битки. Стефановска успеа да освои сребрен медал, а Живковски беше четврти. Во 2012-та година,на светскиот рекетлон турнир нашата земја го освои четвртото место во екипна јуниорска конкуренција, а во 2013-та два сребрени медали…

повеќе...

Свечена академија на матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на Антички

Веќе традиционално, во петок на 8-ми август, на Античкиот театар од 20 часот, со пригодна церемонија ќе биде одбележан свечениот момент на преминување на прагот на зрелоста на овогодинешната генерација матуранти. По повод неделата на Св. Климент Охридски Летен – Патрон на Градот, кој се слави од 7- ми август, следуваат и други културно-забавни содржини во организација на Општина Охрид. Програма: – изведба на химната на РМ; – изведба на студентската химна ; – обраќање на претставник од локалната самоуправа ; – изведба на музичка точка од ансамблот „Билјана –…

повеќе...

Верче Карафилоска е автор на расказот добитник на наградата „Живко Чинго“

Верче Карафилоска е автор на расказот „Коси од розева волница“ што годинава ја доби традиционалната награда за краток расказ „Живко Чинго“. Наградениот труд беше пратен под шифра “Солза“ а тричленото жири во состав : Ирена Бачиќ- професор по македонски јазик и литература, Милчо Јованоски- новинар и Тоде Илиески- писател, од вкупно 59 пристигнати раскази односно од трите кои влегоа во најтесна конкуренција „Коси од розова волница“ го избраа за најдобар. Карафилоска за својот расказ ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе и биде врачена на 13 август на…

повеќе...