Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“ го објави Конкурсот за доделување на Државната награда за спортот „8 Септември“ во 2017 година. Со Државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план. Со Државната наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во…
повеќе...Tag: награда
Бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународен гастрономски натпревар во Црна Гора
Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои Бронзен медал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора. Како дел од тимот на Гастромак – Македонија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните гастрономски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сребрени и…
повеќе...Охридската шопска салата за Гинис актуелна и во балканските медиуми
Охрид деновиве повторно го привлече вниманието на светската јавност, односно повеќе балкански медиуми го пренесоа настанот: Во Охрид подготвена шопска салата за Гинисов рекорд. Дел од насловите можете да погледнете на следниве линкови: U Ohridu napravljena najveća šopska salata na svetu: Makedonci od Bugara oteli Ginisov rekord U Ohridu napravljena šopska salata za Ginisov rekord Ohridska šopska salata za Ginisa! Šopska za Ginisa: U Ohridu napravljena najveća salata na svetu WebOhrid
повеќе...Софија Тренеска од ОУ „Христо Узунов“ се пласира во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик „HIPPO“
Додека течат последните подготовки околу патрониот празник и прославувањето на 40 годишнината од постоењето на ОУ „Христо Узунов”- Охрид, пристигна уште една одлична вест. Имено, Софија Тренеска, ученичка во IX одделение успеа да се пласира во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders. Hippo натпреварот како единствен од таков вид, се одржува по петти пат и е наменет за ученици од 9-19 годишна возраст во јавните и приватни училишта од целиот свет. Примарна цел е да се промовира англискиот јазик и да се негува меѓусебната соработка…
повеќе...РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот во втората фаза на СП Франција 2017
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското Првенство во Франција 2017. На Мундијалот што се играше во јануари 2017, Македонија успешно ја мина групната фаза со победите над Тунис, Ангола и нерешениот исход со Исланд, со што се пласираше во осминафиналната елиминациска фаза. Во осминафиналето, Македонија беше поразена од финалистот на Светското Првенство, репрезентацијата на Норвешка. Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија…
повеќе...Александар Костоски и Нена Трајчевска – најдобри македонски кошаркари за 2016 година
Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници, легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката. МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка годинава одлучија новинарите од повеќе од дваесет медиуми во Македонија. Наградата најдобар кошаркар на Македонија за 2016 година заслужено претседателот на МКФ, Петар Наумоски му ја врачи на првиот…
повеќе...Светската награда за хуманизам врачена на годинешниот лауреат Јиржи Свобода
Во Куќата на Уранија, синоќа, на посебна свеченост, на чешкиот филмски великан Јиржи Свобода, му беше врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата, во присуство на амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш, претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш и голем број гости од збратимените градови, му ја врачи градоначалникот Никола Бакрачески. „Исклучителниот животен и творечки опус на годинашниот добитник на Светската награда за хуманизам, Јиржи Свобода, не собра вечерва овде во Куќата на Уранија и на МАНУ, да му…
повеќе...ОУ „Братство-Единство“ Охрид освои трето место на конкурсот Trash for art 2016
На конкурсот за изработка на уметнички дела од амбалажен отпад „Trash for art“ организиран од Пакомак, ОУ „Братство-Единство“ Охрид ја освои третата награда во конкуренција од над 80 пријавени дела од цела држава. Учениците од ученичката заедница и Еко секцијата предводени од тимот: Наташа Илоска- дефектолог, Јулиана Алексиоска – координатор на Еко, Стојна Танос – психолог, Блерта Доко – педагог, Беким Адемоски – хаусмајстор, заеднички изработија фустан од амбалажен отпад со кој конкурираа во категорија училишта. „За изработка на фустанот се користеа амбалажите од чипсови, смоки, кроасани, сокчиња кои учениците…
повеќе...Доделени наградите на „Најдобрите во македонскиот фудбал за 2015/2016“
Бесарт Ибраими е најдобриот играч во Македонија за сезоната 2015/16, напаѓачот на Шкендија и на македонската репрезентација ја освои и наградата за најдобар стрелец во изборот на Фудбалската федерација на Македонија. Илија Несторовски го доби признанието за најдобар репрезент на македонскиот фудбал. Во име на Ибраими, наградите ги прими неговиот татко, а Несторовски преку видео порака се заблагодари за наградата. „Оваа година беше мошне успешна за мене. Како прв стрелец на Интер Запрешиќ во хрватското првенство успеав да стасам до Серија А во составот на Палермо, со што ми се…
повеќе...Основка од „Кочо Рацин“ доби благодарница на Ликовен конкурс во Бугарија
Од ОУ „Кочо Рацин“ информираат дека ученичката од IV 2 одделение Стефанија Алачкоска доби благодарница на Ликовен конкурс „Роден крај“ во Стара Загора, Бугарија. Темата на цртежот беше „Отворен прозорец кој погледнува кон Охрид – Нашиот роден крај“.
повеќе...