Јанкулоска: Криминалистичката наука е основа за напредок на полициската работа

Денес и утре во Скопје се одржува Меѓународната конференција – „Криминалистичкото образование, состојби и перпективи – 20 години по Водинелиќ“, во организација на Факултетот за безбедност, а во чест на професорот Владимир Водинелиќ основоположникот на криминалистиката на овие простори. „Криминалистичката наука, нејзиниот теоретски развој бездруго претставува фундаментот кој овозможи силен, односно динамичен напредок на криминалистичката пракса, на нејзиното континуирано надградување како во поглед на нормативните трендови, така и во поглед на стручното опeративно и организационо делување“. – истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Министерството за внатрешни работи, чија што работа –…

повеќе...

Одржан првиот академски час во УИНТ „Св.Апостол Павле“ за учебната 2014/2015

Денес, со почеток во 8 часот, во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака успешен почеток на академската година на новите студенти. Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на запишани студенти, зголемување на бројот на студиски програми, академски кадар од престижни светски Универзитети и одлично позиционирање на Шангајската ранг листа. „На Универзитетот „Св. Апостол…

повеќе...

УИНТ – Македонски Универзитет предизвик за студенти од целиот свет

Најмладиот државен Универзитет „Св. Апостол Павле“, секоја нова учебна година се повеќе го предизвикува интересот на студенти од ширум светот.  Во однос на минатата година бројот на апликации на странски студенти наУниверзитетот за информатички науки и технологиие зголемен за 46%, а во раст е и бројот на различните земји од коишто тие доаѓаат. Ова е тренд кој бележи нагорна линија од година во година на оваа интернационална високо образовна институција. Оваа година за прв пат на УИНТ аплицираа студенти коишто доаѓаат од земји како Белизе, Коста Рика, Ел Салвадор, Мексико,…

повеќе...

Физика, хемија,биологија и научно истражување ќе се учи од прво до трето одделение

Од следната учебна година, учениците од прво до трето одделение, ќе изучуваат нови предмети, кои досега се учеа во повисоките одделенија, како физика, хемија, биологија и научно истражување. Бирото за развој на образованието ве известува дека од учебната 2014/2015 година почнува изучувањето на предметите математика и природни науки според адаптираните наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre). Се работи наставни програми за ученици од прво до трето одделение на деветгодишното основно образование, коишто овозможуваат одлична основа за натамошните фази од образованието на учениците…

повеќе...

Студентите од УИНТ „Св.Апостол Павле“ од Охрид, изработија апликација за децата со посебни образовни потреби

„Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални  вештини. Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченостод посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје и дневниот центар за лица со пречки во развојот „Зраци“ од Охрид, овозможувајќи им на еден поедноставен и интерактивен начин да ги осознаваат, изучуваат, помнат и извршуваат тековните активностиво рамките на институциите…

повеќе...

Студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ креираат мобилна апликација за Дурекс

Пет тимови од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда. „За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и  проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација…

повеќе...

Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ

На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“. Бидејќи една од главните карактеристики на УИНТ е мултикултурната средина и разновидност, една од главните цели на овој настан е подигањето на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите, следејќи го примерот на УИНТ. На мултикултурниот ден повеќе од 20тина претставници од ги презентираа особеностите на земјите од каде доаѓаат, започнувајќи од традиционалните обичаи, нивниот  јазик, храна, музика, танц и традиционална облека. Своите особености ги презентираа студентите и професорите на…

повеќе...

Ќе се унапредува претприемачкиот дух кај учениците

За да се развие претприемачкиот дух кај учениците, во наставните планови и програми Министерството за образование и наука воведе соодветни теми. Изменети се наставните содржини по шест предмети во основното образование (информатика, математика, биологија, хемија, физика и ликовно), а во сите средни училишта е воведен предмет „Иновации и претприемништво” од прва до трета година и „Бизнис и претприемништво” во четврта година. За имплементација на проектот за претприемништво, обучени беа над 2.500 наставници во основното и над 1.300 во средното образование. Со цел да се запознаат со успешни искуства во бизнисот…

повеќе...

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ во три научни области

Денеска, на денот на одбележувањето на 111 години од смртта на најистакнатиот македонски револуционер, во просториите на Собранието на Република Македонија, беше врачена државната награда „Гоце Делчев”, со која се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката, кои се од интерес на државата. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој присуствуваше на свечениот настан, изрази задоволство од фактот што Комисијата во рамки на Министерството за образование и наука, предводена од академик Камбовски, која што ги утврдувала сите трудови за постигнувањата во науката, денеска ќе…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ присуствуваше на саемот во „Јахја Кемал“

Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес  присуствуваа на саемот за наука и култура кој што се одржа и беше организиран од страна на „Јахја Кемал“ колеџот од Струга. Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со посебен штанд и единствен,  каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на географијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото и музичкото образование. Саемот беше збогатен со повеќе активности, а поканети беа сите основни и средни училишта од град Охрид. WebOhrid

повеќе...