Четири лица се здобија со телесни повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга. Повредените Н.С. (39), О.С. (35) и едно малолетно лице, сите од Охрид, со амбулантно возило се префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во болницата, на понатамошно лекување задржан е С.Д. (52) од струшкото село Радолишта. Во сообраќајната незгода учествувале возило Трактор со приколка ИМБ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.К. (43) од струшкото село Мороишта,…
повеќе...Tag: несреќа
Три лица повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар
Три лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 30 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на „Здружение на возачи“. Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во болница „Св.Еразмо“ во Охрид префрлени се: Б.И.(34) од Струга како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа. Тие по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки: „Мерцедес“, управувано од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како…
повеќе...Седум години од бродската несреќа во Охридското Езеро
По повод навршувањето на седум години од бродската несреќа во Охридското Езеро кога животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија, делегации од општина Охрид, Капетанија, Бугарскиот конзулат, Бугарскиот културен центар и членови од Здружението „8- ми Септември“ положија цвеќе пред спомен обележјето на езерскиот кеј. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници…
повеќе...Минибус се судри со автомобил на „Туристичка“
Вечерва околу 19:30 часот на булеварот „Туристичка“ наспроти Државниот архив во Охрид, се случи сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки и охридски минибус „Фолксваген“. На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, при што беше регулиран и сообраќајот, како би се избегнал поголем застој на кружниот тек. WebOhrid
повеќе...Почина 24-годишен давеник што вчера беше извлечен од Охридското Езеро
Вчера околу 15:30 часот од водите на Охридско Езеро на м.в.„Трски“, помеѓу машка и женска плажа, изваден е давеник И.С. (24) од с.Камењане, тетовско, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Струга е пренесен во Клинички центар Скопје на КАРИЛ, каде во 20:15 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
повеќе...Загина велосипедист на улицата „Радојца Новичиќ“
Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа во 17 часот се случи на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Иако веднаш пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од здобиените тешки телесни повреди, во болницата починал Здравко Н. (62) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „VW Пасат“ со охридски регистарски ознаки кое се движело по улицата „Радојца Новичиќ“, движејќи се од Охрид кон селото Долно Лакочереј, преминало на левата коловозна страна и со предниот лев дел од возилото удрил во сега починатиот кој со…
повеќе...Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро
Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро. Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото. На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради…
повеќе...Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Струга – Подмоље
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмоље. Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во…
повеќе...Шест години од потонувањето на бродот Илинден
Денес се навршуваат шест години од потонувањето на бродот “Илинден“, кога животот го загубија 15 Бугарски државјани. Пред паметникот за оваа бродска несреќа на кејот “Македонија“, претставници на општина Охрид, на Бугарскиот културен центар од Скопје, Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, Здружението “5 Септември“ и капетанот на капетанијата во Охрид, положија свежо цвеќе и оддадоа почит за трагично настраданите бугарски туристи. Директорката на Бугарскиот културен центар од Скопје, Светлана Славева, им се заблагодари на општина Охрид и охриѓани, за пиетеот кој го покажуваат за овој настан и изрази увереност…
повеќе...Претседателот Иванов со сочувство до кинескиот претседател, Си Џинпинг по повод несреќата во Тианјин
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Народна Република Кина, Си Џипинг, за загубените животи при големата несреќа во градот Тианјин. „Почитуван господине Претседател, Со жалење ја примив веста за несреќата во градот Тианјин, и искрено жалам за загубените животи од овој немил настан. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Ве молам,…
повеќе...