Се поставуваат нови информативни табли

ЈП „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид. Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште „Кирил и Методиј“. Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот грб на општина Охрид. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици потенцираат дека нови информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите општински институции. Во текот на оваа…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ поставува атмосферска канализација на ул. „Карпош Војвода“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, денес започна со градежни активности – поставување на атмосферска канализација на улицата „Карпош Војвода“. На овај дел од улицата, поради неповрзаност со атмосферска канализација, години наназад се собираше вода на улицата која претставуваше проблем за жителите и минувачите на оваа улица. Цевководот ќе биде со ширина Ф200 и ќе биде со должина до 20 метри. Ќе бидат поставени две шахти кои ќе бидат покриени со лиено железна решетка – сливници.Со овај градежен зафат, овај долгогодишен проблем ќе се надмине.

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со активности на повеќе локации во Охрид

ЈП „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид деновиве активно работи на повеќе локации низ градот. Една од оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“ денес работеше на санирање на металните столпчиња на улицата „7-ми Ноември“. Со цел поголема безбедност на пешаците и правилно сообраќање на возилата на оваа улица ќе бидат поставени и бетонски топки. Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Нискоградба“ заврши со поставување на бехатон плочките на дел од тротоарот на пресекот на улиците „Мите Богоески“ и „Даме Груев“, со што се заокружи…

повеќе...

Се работи на санација на мостот на река Грашница

Оперативни екипи на ЈП „Нискоградба“ неколку дена активно работат на санација на мостот на река Грашница на ул. „Гоце Делчев“ во населба Даљан. Санацијата на мостот значи крај на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа охриѓани затоа што истиот беше небезбеден како за минувачите така и за нормално сообраќање. Со санацијата на мостот на реката Грашница на излезот од градот,локалната власт во Охрид покажува дека со еднаква мера се грижи за централниот и за периферниот дел од општина Охрид. Активности од ваков тип во блиска иднина се најавени и на…

повеќе...

Се поставува фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“. Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии. По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овој долгогодишен проблем ќе се реши.

повеќе...

Кривична пријава за поранешен директор на ЈП „Нискоградба“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид против В.Ц. (51) од Охрид поднесе кривична пријава. Во периодот од септември 2012 до април 2013 година, пријавениот во својство на одговорно лице-директор на ЈП „Нискоградба“-Охрид, искористувајќи ја својата службена положба, свесно извршил пречекорување на границите на службените овластувања и спротивно на законски, правен или друг основ им наложил на одговорните во финансиско-сметководствениот сектор на ова претпријатие, средствата кои на деведесет и осум вработени по разни основи им се задржувале од плати во…

повеќе...

Сметките од „Нискоградба“ во нова боја

Граѓаните на Охрид денес ги добија сметките од Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид, за одведување на отпадни и атмосферски води за месец август. Овие сметки кои досега беа сиви, односно црно-бели, од денес имаат нова светло зелена боја. WebOhrid

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ секој ден интервенира на точно седум локации

ЈП „НИКОГРАДБА“ секое утро во текот на целата година интервенира на седум локации во Охрид, каде одводниот систем користи пумпи со кои се потискаат водите од канализацијата. „Секој ден се интервенира на пумпите кај Потпеш и Канео, во Рача и во населбата Радојца Новиќиќ. Овие пумпи мора да се проверуваат секој ден за да не дојде до полнење со вода на шахтите каде се сместени или да не дојде до нивно прегорување, ако низ одводот дојдат предмети или друг комунален отпад кој поединци го фрлаат во одводот. За таа цел…

повеќе...

Соопштение на ЈП „Нискоградба“

Поради дефект на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води, ЕКО ТЕАМ за потребите на ЈП „НИСКОГРАДБА“ ќе работи на отстранување на дефектот. Поради тоа, денеска (среда 13.08.2014) во период од 12.00 часот до 15.00 часот, движењето на возилата на пресекот на улиците Бул. Туристичка со ул. Абас Емин и ул. Дејан Војвода, ќе биде оневозможено. Сообраќајот ќе се пренасочи на ул. Дејан Војвода по крак кон Авто перална „КРЛЕ“ и крак ЕВН.

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со бројни активности на терен

Екипи на ЈП „Нискоградба“, денеска со бројни активности на терен. На улиците „Никола Петров Русински“ , „Васил Главинов“ и „Питу Гули“, се вршеше санација на раскопаните површини кои беа раскопани поради дефекти на водоводната линија. Во населба „Лескајца“ се оградуваше, обележуваше и бетонираше новото повеќенаменско игралиште со што го доби својот конечен изглед. Кај ресторанот „Котва“ се работеше на обележување на паркинг просторот. На улицата „Железничка“ се вршеше приклучување на фекалната канализација, а на улиците „Аџи Мустафа“ , „Коста Абраш“ , „АСНОМ“ и „Абаз Емин“ се изврши машинско чистење на…

повеќе...