Младите се запознаа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Општина Охрид во соработка со Бизнис старт-ап центарот – УСАИД и Агенцијата за вработување, во просториите на Секторот за Туризам и Локален економски развој одржа обука на тема: „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“. Обуката се одржа во три сесии и тоа:   – Сесија 1: Претприемништвото како стил или начин на живеење и работење на луѓето; – Сесија 2: Претприемачко размислување;  – Сесија 3: Бизнис идеја. На обуката зедоа учество млади од различни профили кои се заинтересирани да се запознаат со можностите за отворање свој бизнис. Учесниците зедоа активно…

повеќе...

Конкурс за учесници на циклус од шест обуки за работни вештини за млади

Младински образовен форум во соработка со Волонтерски центар Скопје, Капитал Медиа Груп, Општина Карпош и Општина Центар, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Програмата за развој на Обдинетите нации во рамките на проектот “Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“распишува конкурс за учесници на циклус од шест обуки за јакнење на капацитетите на младите и зголемувањето на нивното активно учество во општествените процеси и процесите на носење одлуки. Учесниците кои ќе ги посетат сите шест обуките ќе добијат сертификат. Дел од учесниците на обуките…

повеќе...

Македонски хирурзи ќе се едуцираат за кадаверична трансплантација во Кембриџ

Едукација на македонски хирурзи кои ќе субспецијализираат за кадаверична трансплантација на бубрези, црн дроб, панкреас и други типови абдоменална трансплантација во болницата „Аденбрук“ при Универзитетските болници – Кембриџ, предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпиша министерот за здравсто Никола Тодоров по посетата на Центарот за транспалтанција и лабораториите при Одделот за хириругија во таа здравствена установа. Меморандумот, како што јави известувачот на МИА, го потпишаа и Гевин Петигру, специјалист по абдоменална трансплантација, одговорен за супервизија на македонските доктори-хирурзи и Оливера Ѓорѓимајкоска, клинички научник за трансплантација на органи и координатор…

повеќе...

Охриѓани се запознаваа со европските можности за македонско земјоделство

Во рамки на проектот „Европски можности за македонското земјоделство“, денес во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се спроведе обука на охридските земјоделци, претседатели на Месните Заедници  и други чинители  за користење на средства  од инструментот за пред пристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за периодот  2007-2013 година. Пред присутните се презентираа практични примери на ИПАРД апликација со пополнување на барање  за користење на средствата. Меѓу другото, на денешната средба надлежните ги информираа присутните  дека врз основа на проектот  Општинско – корисна работа со…

повеќе...

Големиот интерес за вработување во МВР резултат на растечкиот углед на полицијата меѓу граѓаните

„Денеска ве повикавме за да ја информираме јавноста за завршувањето на рокот за аплицирање на новиот конкурс за прием на 400 полициски службеници. Тоа што може да констатираме е дека се повтори огромниот интерес за вработување во полицијата и се потврдија истражувањата на ОБСЕ и меѓународните организации во кои изминативе години се регистрира континуиран раст на угледот на полицијата меѓу граѓаните. На наше огромно задоволство, дури 5491 кандидат се пријавија на последниот конкурс за прием на полициски службеници или имаме повеќе од 13 кандидати за секое предвидено место. Веруваме дека…

повеќе...

Прво предавање на Британската амбасада за поефикасна општинска администрација

Претставници од Британската амбасада,  денес  во општинската зграда го одржаа првото информативно предавање како вовед на шест месечните обуки  кои се однесуваат на  вработените  во општина Охрид во насока на  нивна  професионализација  и зголемување  на  ефективноста  при работењето. „За мене лично, а и како градоначалник, многу битна е можноста за воведување на систем за само проценка, во однос на промените кои ги бараме со цел да имаме што поефикасна Локална администрација. Тоа ќе ни помогне да бидеме по инвентивни, односно да бидеме она кон што се стремиме, поотворени и транспарентни…

повеќе...

Британски искуства за поефикасна администрација на барање на градоначалникот Бакрачески

Претставници од Британската амбасада, утре во општинската зграда ќе организираат предавање за едукација на општинска администрација, во рамките на проектот за професионализација и зголемување на ефикасноста на општинската администрација. Гостите од Британската амбасада, доаѓаат по покана на градоначалникот Никола Бакрачески кој непосредно по преземањето на мандатот на првата средба со британските дипломати побара тие да се вклучат во градењето на современа и едуцирана општинска администрација. Локалната администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на Европската Унија. Гостите ќе бидат…

повеќе...

Со воведување интегративни системи Општина Охрид ќе создаде поефикасна администрација

Неопходно да се спроведе до обука на поголем број нестручно вработени лица во охридската општинската администрација преку системите кои ги има направено Министерството за информатичко општество и администрација. Идната недела ресорното министерство ќе испрати активни лица кои ќе и помогнат на општината да ги обучи луѓето кои работат на компјутерскиот систем во Локалната за да можат да ја инсталираат новата опрема по што ќе се направи и првична обука на вработените во Општината , беше истакнато по работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за информатичко општество и администрација,…

повеќе...

Реализирана Основна обука со 320 кандидати од курсот за полицаец

Согласно Наставната програма за Основна обука за полицаец донесена од Министерот за внатрешни работи, во периодот од 23.09. до 02.10. на терените во и околу Центарот за обука беа реализирани предвидените наставни теми и содржини со 320 кандидати за полицаец од курсот за основна обука за полицаец, со особен акцент на темите од суштинската активност – Гранична надзор. Целта на логорувањето како симулација на автентична професионална средина беше слушателите, низ серија програмирани ситуации коишто приближно ги доловуваат реалните локации, настани и активности, да се стекнат со знаења и вештини коишто…

повеќе...

Објавен огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица и спроведувањето на ново анкетирање на активни и пасивни невработени. „Еден од приоритетите на Владата на Р.Македонија е превземање на конкретни мерки за подобрување на вработливоста на невработените и нивно вработување, преку оперативниот план за вработување и  активните мерки, се реализираат и обуки со кои на невработените лица ќе им се овозможи надградба на вештините од областа…

повеќе...