Од денес до 21 мај, за прв пат, во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје. Обуката е акредитирана од Агенцијата за циивилно воздухопловство, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област, а ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава. Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сферата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“…
повеќе...Tag: обука
Обука за примена на интерактивни методи во наставата во средните училишта
Повеќе од 7000 наставници од јавните средни училишта во земјата се опфатени со обука за подобрување на квалитетот на интерактивната настава, која започна вчера и ќе се реализира до крајот на јуни. Обуката е дел од проектот „Современи методи и техники на настава“ и има теоретски дел и поддршка во самата настава со практични примери, за да се поттикне креативноста на наставниците и учениците, да се развие критичкото мислење кај учениците и да се создадат предуслови за поголемо користење на дигиталните содржини. На првиот ден од обуката, заменик-министерот за образование и…
повеќе...Дводневен семинар во Охрид „Обука за контрола на возилата на сообраќајот“
„Обука за контрола на возилата на сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре ќе се одржи во одмаралиштето на МВР во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес во 13 часот на паркинг просторот кај „Горица“ ќе биде изведена вежба за принудно запирање на возила со таканаречени „ежеви“. Целта…
повеќе...„Измените во КЗТ“ – обука за економските оператори во петок
Царинската управа на Република Македонија информира дека во април 2016 година од страна на Мешовитата комисија ќе бидат усвоени измени во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, чија примена започнува од 1 мај 2016 година. Со цел запознавање со измените во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, Царинската управа организира обука за економските оператори. Посебен осврт на обуката ќе се даде на измените во начинот на спроведување на заедничката и националната транзитна постапка и на измените во гарантните документи кои ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2016 година. Обуката ќе…
повеќе...Ученици и наставници од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ успешно реализираа 14-дневна обука во Истанбул
Втора година по ред ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ успешно реализира проект во рамките на Еразмус+ програмата, а со грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. „Оваа година 35 наши ученици и 4 наставници имаа можност да посетуваат 14-дневна настава и практична обука во партнер училиште во Истанбул, Турција во периодот од 27.03. до 10.04.2016 година. Учесниците во проектот се стекнаа со нови знаења и вештини од областа на електротехниката и машинството. Училиштето располагаше со над 20 добро опремени лаборатории за практична настава, а нашите ученици ги посетија лабораториите…
повеќе...Обука за гранични полицајци во соработка со Француската амбасада
Во рамките на билатералната техничка соработка, предвидена за 2016 година, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во организација на Службата за внатрешна безбедност при Француската амбасада во Скопје, од денес до 16 април ќе организираат обука на тема ,,Зафати и професионални техники на интервенција“. Обуката ќе биде реализирана во Центарот за обука во Идризово и ќе биде наменета за 20 полицајци од секторот за граничната полиција и полициски службеници од полициските станици од сите Сектори за внатрешни работи. Оваа обука е дел од повеќегодишната серија на обуки наменета за…
повеќе...Невработените можат да се пријават за обука во компанија за дефицитарни занимања
Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки- приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта…
повеќе...Контролорите на ДИК од денеска на обука
Вкупно 80 контролори, вработени во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, од денеска се на обука за спроведување на теренската проверка за прочистување на избирачкиот список. Обуката на контролорите што ќе ја надгледуваат работата на анкетарите се очекува да заврши за неколку дена, а од сабота тимот анкетари треба да почне со теренската проверка на сомнителните гласачи. На вчерашната седница, членовите на ДИК одлучија да се проверат вкупно 89.383 лица. Основаноста на сомнежите ќе се испитува преку анкетни прашалници, а од ДИК велат дека нема веднаш да се бришат спорните…
повеќе...Заврши првиот модул од обуката на кандидатите полицајци на територијата на Велес
Кандидатите за полицајци кои што во 2015 година ја започнаа едногодишната обука во Центарот за обука во Идризово, го завршија првиот (четиримесечен) модул од обуката тематски посветен на областа на заштита на јавниот ред и мир. Оваа прва фаза од обуката која што се состоеше од тримесечна теоретска едукација и едномесечена теренска работа во Секторите за внатрешни работи при МВР, завршува со полагање на првиот тест – за мерење компетенции, и тоа практично, во реална ситуација, на работните места каде што ја изведуваат теренската обука. Оценувачи се искусни полициски службеници…
повеќе...Обука за Граничната полиција за анализа на ризици и за новиот Концепт за управување со ризици
Во рамки на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, од 7 до 11 март во Центарот за обука во Идризово, се одржа интензивна обука за Анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот Концепт за управување со ризици. Функционален и добро организиран систем за гранична безбедност кој е во согласност со условите на Шенгенскиот договор и на Европската унија, е еден од предусловите…
повеќе...