Платена обука на невработени лица за старите занаети

Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата меркана Владата на РМ која денеска ја најави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата Роберт Ценевски занаетчија-лимар во скопското село Стајковци. „Рачно изработените производи, произведени од занаетчиите имаат голема вредност. Тоа се македонски производи што се приоизведени од рацете на овие луѓе кои имаат поголема вредност и познат квалитет,“ истакна Спасов. Информира дека за обуката се обезбедени средства за обучувачите односно за занаетчиите по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до шест…

повеќе...

Работилница за обука за надзор над болести поврзани со водата

Институтот за јавно здравје на РМ во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за здравство организира дводневна работилница чија цел е поддршка на напорите на земјата да го зајакнат надзорот над болестите поврзани со водата и да го подобрат знаењето и вештините на националните професионалци за ефективни пристапи за надзор и детекција, епидемиолошки истражувања и контрола на епидемии по потекло од водата. Работилницата ќе ја отвори директорот на ИЈЗРМ, Асс. д-р Шабан Мемети, на 9 март во Хотел Континентал во 9 часот. Покрај странските експерти од Европа на дводневната…

повеќе...

Во Струга обука од концептот „Општина по мерка на граѓаните“

Фондација „Отворено општество“ – Македонија во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ денеска и утре во Струга организира обука за претставници од граѓански организации на тема „Мониторинг на акциски планови“. Концептот е имплементиран во партнерство со Општина Струга. Обуката има цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за надзор на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови за образование, млади, социјална заштита и за соработка со невладиниот сектор во Општина Струга. По завршувањето на обуката, во текот на март годинава, Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија…

повеќе...

Нов повик за обука кај работодавач за околу 300 невработени лица

Нов повик за мерката за стекнување вештини кај познат работодавач е објавен денеска и со него ќе бидат опфатени околу 300 невработени лица. Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска при посетата на компанијата „Фрико“ кај Криволак изјави дека за оваа намена ќе бидат одвоени средства во износ од 6 милиони и 700 илјади денари. Тој оцени дека станува збор за една од најуспешните мерки што се реализира од 2007 година и која досега има резултирано со над 7.214 работни места. „Станува збор за мерка преку којашто…

повеќе...

МОК продолжува со обука за напреден спортски менаџмент

На 3 Декември започна обуката за Напреден спортски менаџмент на втората генерација на кандидати предложени од страна на Националните спортски федерации, високо образовните институции, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, општините и Градот Скопје. Главна цел на оваа обука е унапредување на ефикасноста во работењето на спортската администрација во Република Македонија како основа за подобрување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Обуката ќе биде испорачана во областите на спортскиот менаџмент, спортската администрација, финансиски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, организација на врвни спортски натпревари и организација на…

повеќе...

Практична обука за процедурите за вршење увид во сообраќајни несреќи

Во рамки на проектот финансиран од ЕУ – “Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, што се реализираше од 26 до 30 овој месец, во Центарот за обука во Идризово се одржуваше практична обука за Процедурите за вршење увид во сообраќајни несреќи. Обуката ја спроведуваа сообраќајни полицајци од Словенија со долгогодишно практично искуство. Покрај увид во регуларните сообраќајни несреќи кои најчесто се случуваат, програмата на обуката воедно опфаќа и процедури за увид во…

повеќе...

Обука за советници за органско производство

Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт, со поддршка на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието. Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015. Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско…

повеќе...

Олимписка обука за напреден спортски менаџмент на Олимписките спортски организации во Македонија

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во соработка со Националните спортски федерации (НСФ), високо образовните институции и другите спортски институции и организации во Република Македонија, во тековната година успешно ја реализираше и заврши првата Олимписка обука за напреден спортски менаџмент. МОК во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе ја започне втората Олимписката обука за напреден спортски менаџмент, кој е основа и еден од главните фактори за постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Станува збор за многу обемна едукативна спортска програма која претставува квалитетна теоретско-практична платформа за унапредување на…

повеќе...

Започна едногодишна обука на 660 кандидати за идни полициски службеници

Од денеска во Центарот за обука на кадри при Министерството за внатрешни работи во Идризово започна едногодишна обука на 660 кандидати за полициски службеници кои беа селектирани по објавениот оглас за прием на 600 полициски службеници кој беше објавен на 10 јули 2015 година. Како што е познато на конкурсот објавен на 10.07.2015 за прием на 600 извршители на работното место „полицаец“ беа пријавени околу 3000 кандидати. Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази на проверки по принципот на рангирање. Беа опфатени тестирања на физичките способности на пријавените кандидати,…

повеќе...

Експерти од Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите

Деновиве, во просториите на Царинска управа, врвни експерти од Царинската администрација на Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите. Обуката е резултат на добрата билатерална соработка помеѓу царинските служби на Македонија и Турција. За време на обуката споделени беа искуствата и практиките на земјите во областа на контролите и истрагата, моменталната состојба и потребите и очекувањата за во иднина. Покрај ова, разгледани беа конкретните резултати од успешно воспоставената соработка во полето на размена на информации и беа разменети мислења и предлози за нејзино продлабочување во иднина.

повеќе...