Театарската претстава „Отело“ на текст од Вилијам Шекспир, а во режија на Диего де Бреа, синоќа предизвика бура од емоции кај публиката на „Охридско лето“. Преку совршената игра, помладата генерација актери од Битолскиот народен театар потсетија на вечното постоење на злото кое е длабоко притаено во секој човек. Младите и талентирани актери не ја криеја возбудата што се дел од една ваква претстава режирана од, како што велат, прекрасен режисер со кого е задоволство да се соработува и од кого можат да се црпат искуства на повеќе нивоа. Иако сите…
повеќе...Tag: охридско лето
Јанкуловска: Мазова не потсетува на богатата историја на „Охридско лето“
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ синоќа беше претставена книгата „Отворен круг“ од театарскиот критичар и новинар Лилјана Мазова. Директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска, претставувајќи го ова ново дело во кое се содржани исклучително вредни актери од македонската театарска сцена од различни генерации, истакна дека Мазова е долгогодишен сведок и чинител на театарските случувања во земјава, но и на фестивалот „Охридско лето“. „По секоја театарска престава, најважниот момент за нас се објавите во медиумите кои не’ мотивираат да продолжиме по патот на успехот, но и не корегираат онаму каде има…
повеќе...Ексклузивниот гудачки квартет „MOZART GROUP“ од Полска утревечер на „Охридско лето“
На 17 јули во предворјето на црквата „Света Софија“, љубителите на музиката ги чека незаборавно и ретко доживување: на фестивалот „Охридско лето“ својот концерт ќе го одржи ексклузивниот гудачки квартет „MozART group“ од Полска. „Членовите на овој квартет свират музика од класичниот репертоар, но на сосема поинаков начин. Нивната изведба е мешавина од музика, театар и движење, а со уникатниот хумор кој го поседуваат, квартетот се сместува во еден од најинвентивните забавувачи во светот.Концертот насловен „Моцарт е се уште жив“, е во соработка со Полската амбасада во Република Македонија, со…
повеќе...Мазова: Актерот е број еден во моето толкување на нештата
Театарот освен што е скапа уметност, тој е и уметност која бара љубов, вели Лилјана Мазова која вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе ја промовира нејзината театарска книга „Отворен круг“. Според неа, театарот е отворен круг во кој секогаш има место за сите, а најголемата тежина отпаѓа на актерите зашто тие ги реализираат идеите на сите тетарски работници. „Во театарот главни се актерите. Тежината на театарот паѓа врз грбот на актерите. Затоа и актерот е број еден во моето толкување на нештата. Во книгата се обидов на еден…
повеќе...Со шубертовите сонати Леонскаја ја воодушеви публиката во Света Софија
Во црквата Света Софија завчера публиката во акустичниот простор уживаше во прекрасните Шубертови сонати во изведба на пијанистката Елизавета Леонскаја од Русија. „Вчерашниот концерт на пијанистката Елизавета Леонскаја длабоко се врежа во мене. Избраната програма, последните три Шубертови сонати и начинот на кој Леонскаја пристапи кон изведбата ме направи да се почувствувам понизна кон големината на овој композитор. Шуберт е така комплексен и сложен во своите музички ставови, а сепак толку детинесто искрен. Изведбата на Леонскаја го заживеа Шуберт во сите негови нијанси, како што еден мој колега се изјасни…
повеќе...Битолските актери вечерва ги носат Отело и Дездемона на „Охридско лето“
Драмскиот дел на годинешното 54.то издание на фестивалот „Охридско лето“ стартува вечерва со театарската претстава „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Диего де Бреа. Претставата ќе ја изведат помладата генерација актери на Битолскиот народен театар, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Костимографот на „Отело“ Благој Мицевски вели дека соработката со режисерот Диего де Бреа претставува едно огромно искуство за целата екипа што ја подготвуваше оваа претстава. „Диего де Бреа е еден од оние режисери кои се случуваат еднаш на неколку години и којшто…
повеќе...Македонската опера и балет приреди незаборавно доживување за публиката на „Охридско лето“
Првенците и солистите на Македонската опера и балет синоќа настапија на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи ја на покриената сцена „Долни Сарај“ претставата „14 часа“. Музиката за оваа претстава ја напиша Кирил Џајковски, а кореографијата и сценското решение ги направи Игор Киров. Режијата и либретото се Наташа Поплавска, а костимографијата е дело на Александар Ношпал. Кореографот Игор Киров изјави дека со оваа балетска претстава всушност се враќа на македонската сцена по 2005 година кога првпат направи претстава за Македонската опера и балет. „По 20 години низ цел свет, еве ме, пак дома…
повеќе...„Отворен круг“ на Лилјана Мазова утревечер на „Охридско лето“
Утревечер на програмата на Охридско лето со почеток од 23:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи претставување на новата театарска книга на Лилјана Мазова ,,Отворен круг“. На претставувањето на книгата, која е во издание на издавачката куќа „Силсонс“, ќе говорат авторот Лилјана Мазова, директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска и актерот Драган Спасов – Дац. Лилјана Мазова, долгогодишен учесник и сведок на настаните во театарот во Македонија и во светот, низ содржината на „Отворен круг“ ни ја претставува својата меморија за театарот, а најмногу за…
повеќе...Балетската претстава „14 часа“ вечерва во рамки на „Охридско лето“
Вечерва на сцената на Долни Сарај, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ со почеток во 21 часот на уметниците од Балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет од Скопје ќе ја изведат балетската претстава „14 часа“. Станува збор за современ балетски перформанс, инспириран од дуетот „Нот ту клоус“ („Нот тоо клосе“) на авторско-изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Музиката за балетот е на Кирил Џајковски, во режија на Наташа Поплавска, додека кореографијата и сценографско идејно решение е на Игор Киров. Протагонисти во овој несекојдневен балетски настан се Александра Мијалкова,…
повеќе...Фотографската уметност на Летра ги воодушеви охриѓани
Под наслов ,,Носталгија во црно-бели рамки,, на програмата на Охридско лето синоќа во Дирекцијата на Фестивалот беше отворена изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Во прекрасно адаптираниот изложбен салон со стил за восхит, бројните гости, низ звуците на класичната музика, имаа прилика да ја видат приказната на велосипедот кој тргнува низ возбудливиот пат на Зоран Летра токму од тука, од Охрид. „Црно белиот свет кој ни го претставува е токму она што ја развива мислата и идејата за свет без граници кој што се раѓа во него а…
повеќе...