Јанкуловска: Фестивалот „Охридско лето“ од година во година е се поуспешен

Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас беше поттик да направиме нешто што ќе биде уште подобро. Меѓу другото се концентриравме на две полиња. Едното беше средување на сите прашања кои беа врзани со финансиските обврски на установата, а другиот дел беше поврзан со реализација на уште подобра и поуспешна програма, изјави директорката на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска денеска по средбата со охридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски при што се разговараше за условите и начинот…

повеќе...

Охридските пратеници на средба со директорката на „Охридско лето“

Националната установа – „Фестивал Охридско лето“, од оваа година ќе функционира без долгови. Благодарение на успешното менаџирање и поддршката на надлежните државни институции, успеа да го расчисти долговите кон доверителите, што секако се очекува да придонесе за поуспешо работење на институцијата, но и подобрување на програмските содржини предвидени за идните фестивалски изданија. Признание за успешното функционирање стигна и од пратениците од Охрид во македонското Собрание, Александар Николовски и Сашо Василевски кои денеска остварија работна средба со директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска. Охридските пратеници и раководството на „Охридско лето“ заедно…

повеќе...

Проектот за покривање на Антички и Долни Сарај е при крај

На Античкиот театар во Охрид се во тек градежните активности за поставување на покривната конструкција чија цел е да ја заштити сцената од надворешни влијанија. Проектот за покривање на оваа сцена, кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура, се очекува да биде реализиран до почетокот на следниот месец, кога се очекува на 12 јули, токму на оваа сцена да биде означен почетокот на најголемата музичко-сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето“. Покрај овој проект, со поддршка од Министерството за култура, во моментов се изведуваат и градежни активности за поставување…

повеќе...

Барбара Фритоли и Лео Нучи за старт на 54-то издание на „Охридско Лето“

Големи уметници чиишто настапи ги красат најпрестижните светски сцени. Охридско Лето и оваа година ќе блеска по 54-ти пат. Повторно  најголемите, најславните и најуспешните ќе остават блескава трага во  богатата историја на фестивалот. „По традиција на Антички за старт на фестивалот имаме голема ѕвезда, а годинава ќе ја започнеме со две мега ѕвезди.  На 12 јули вечер на популарни оперски арии во изведба на уметниците со прекрасен глас Барбара Фритоли, сопран од Италија, Лео Нучи, баритон од Италија под диригентската палка на маестро Луис Горелик од Италија во придружба на…

повеќе...

Во понеделник ќе биде најавена годинешната програма за фестивалот Охридско лето

Во понеделник, во прес центарот на фестивалот Охридско лето, на конференцијата за печат, директорот на НУ „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска и селекторите на музичкиот и драмскиот дел, Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорги Јолевски, ќе ја најават годинешната фестивалска програма, а ќе бидат промовирани и новините предвидени за годинешното издание на Охридско лето. Исто така, ќе биде поделена и комплетната уметничка програма зедно со цените на влезните билети,  со што фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните уметници и реномираните театарски куќи.

повеќе...

Вработените од „Охридско Лето“ во акција – розите се вратија на Долни Сарај

Фестивалот „Охридско Лето“ во соработка со јавното претпријатие „Охридски комуналец“, во рамките на акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, денеска хортикултурно го уредија Долни Сарај со разни видови цветни насади. Во акцијата вработените од оваа национална установа заедно со  охридските комуналци засадија рози со што просторот го врати препознатливиот лик на кој се сеќаваат постарите вработени во „Охридско Лето“. Трајче Наумоски, кој веќе четири децинии е задолжен за организацијата на музчко сценски настапи на учесниците на „Охридксо лето“ вели дека сцената Долни Сарај…

повеќе...

Концертот на полскиот композитор Пендерецки – „Музички настан“ за 2013 година

Концертот на полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки со Македонската филхармонија на минатото издание на „Охридско лето“ е „Музички настан“ за 2013 година. Во конкуренција со балетот „Александар Трети Македонски“ и концертот на Дмитри Хворостовски со хорот и оркестарот на МОБ, незаборавниот настап на најстариот жив композитор на денешницата во предворјето на Света Софија го понесе епитетот најдобар концерт за минатата година. Обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, долгогодишен селектор на музичкиот дел на програмата на „Охридско Лето“, беше наградена во категоријата „Меѓународна афирмација“ меѓу кларинетистот Васко Дуковски и пијанистот Никола Паскалов. Фестивалот „Охридско Лето“…

повеќе...

Ќе се снима првиот документарец за „Охридско Лето“

Фестивалот „Охридско Лето“ за прв пат од своето, повеќе од половина век, постоење ќе добие документарен филм. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал на филмско платно, да ја видат сцената која преставува собиралиште на најпознатите светски звезди, најголемите македонски уметници, најатрактивните театарски куќи.  Видео материјалот, кој ќе биде во траење од најмалку 40 минути, ќе го содржи патот на Фестивалот, од далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи…

повеќе...

Охридско Лето: Според Статутот на Установата, просториите на „Охридско Лето“ се даваат на користење на сите заинтересирани корисници

Во врска со соопштението на ВМРО-НП, дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ одржала состанок во просториите на „Охридско Лето“, со реакција излезе НУ „Охридско Лето“ во која стои: „Повеќе од половина век  Фестивалот Охридско лето претставува најголема културна музичко сценска манифестација,  препознатлива не само кај нас туку и во светски рамки. Фестивалските изданија носат во Охрид околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари… од сите земји во светот. Развојот и успехот се единствените цели по кој стремиме и чекориме и секакво инволвирање на Установата, посебно во партиски цели,…

повеќе...

ВМРО-НП: За што служат просториите на Охридско Лето?

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите, по повод партиските состаноци во просториите на „Охридско Лето“. „Пред два дена во просториите на реномираниот и светски познат фестивал „Охридско Лето“, Унијата на жени на ДПМНЕ од Охрид одржа состанок. Фотографиите кои ги добивме укажуваат на непрофесионализмот во водењето на овој фестивал и злоупотреба на државни простории за партиски цели. Ја прашуваме директорката на фестивалот „Охридско Лето“ за што служат просториите на дирекцијата. Дали во просториите на фестивалот кој функционира од парите на граѓаните, владеачката партија треба да одржува состаноци.…

повеќе...