Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на репертоарот на „Охридско Лето“ е „ZZ QUARTET“. Впечатливите иницијали на бендот ZZ потекнуваат од презимињата на иницијаторите Ратко Зјача (гитара) и Симон Занчини (хармоника). По сензационалниот деби-албум „The Way We Talk“ (In + Out Records), тие започнаа да свират заедно со Мартин Ѓаконовски (бас) и Адам Нусбаум (тапани) со што пишуваат ново поглавје во историјата на џез-музиката. Симон Занчини вели: „Она што со сигурност го имаме се европејските корени, многу класични влијанија, фолкор, авангарда, импровизација, а понекогаш и…
повеќе...Tag: охридско лето
„Живот под кирија“ премиерно на „Охридско Лето“
Случувањата и проблемите во театарот, но и во системот во кој што тој опстојува ќе бидат прикажани во театарската премиера „Живот под кирија“ во режија на Лука Кортина, Фиренца – Италија во изведба на НУ Албански Народен Театар, Скопје – Македонија што вечерва од 21 часот ќе биде изведена во рамките на „Охридско Лето“. Петтата премиера на 53-то издание на Фестивалот ја слави уметноста, носи нов текст кој и понатака ќе живее на македонските и светските сцени, креативна возбуда на целата актерска екипа. „Актерите не можат да се потпрат на…
повеќе...„Брамс“ трио од Русија на „Охридско Лето“
На програмата на „Охридско Лето“ вечерва во црквата Света Софија со почеток од 21:00 часот концерт на „БРАМС“ трио од Русија. Посетителите ќе имаат можност преку изведбите на триото Брамс, Николај Саченко- виолина, Кирил Родин- виолончело и Наталија Рубинштејн- пијано, да уживаат во музиката на Брамс со концертот насловен како „Вечер на Јоханес Брамс“. Како гостин на вечерта ќе настапи познатиот руски виолист, Андреј Гридчук – наследникот на големиот J. Bashmet. Селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска вели дека 53 тото издание на „Охридско Лето“ е исполнето…
повеќе...Изложба на „Арт Агент“ од Стокхолм, Шведска
Вечерва со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на „Арт Агент“ од Стокхолм, Шведска. Во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ – 2013 „Арт Агент“ од Шведска ќе се претстави со перформанс, филм, звучна и светлосна скулптура. Во проектот учествуваат шведските уметници Лот Алфредс, Хелена Бистром, Ана Калблад и Шарлоте Аберг- членови на шведската група „Арт агент“, чија главна активност е инспирирана од социјалната скулптура. Шведските уметници имаат активна соработка со македонските уметници од КЦ „Медија Артес“, тековно во проектот поддржан од…
повеќе...Андреј Гридчук – виола и Наталија Рубинштејн – пијано од Русија на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на програмата на фестивалот „Охридско Лето“ се русите Андреј Гридчук – виола и пијанистката Наталија Рубинштејн,со изведба на дел од Брамс и Франк. Андреј Гридчук својот прв настап го имаше на 6-годишната возраст со филхармонискиот оркестар на неговиот роден град Иркутск. Следната година тој беше примен во познатата Централна музичка школа во Москва. Студиите по виола ги продолжи на Московскиот конзерваториум „Чајковски“ во класите на Ј. Јанкелевич и Ј. Башмет кај кого наскоро стана асистент. Исто така, Гридчук членуваше…
повеќе...Пијанистот Рудин Ленго (Албанија – Канада) вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ во предворјето на Црквата „Св.Софија“ ќе настапи пијанистот Рудин Ленго од Албанија-Канада. Изведбата на Рудин Ленго ја карактеризираат како „длабока, имагинативна и исклучително комуникативна“. Во изминатите неколку години тој освоил повеќе награди на натпреварите во Америка и Велика Британија меѓу кои „Glenn Gould School Concerto Competition“ (2012), „Knigge Music Competition“, „TD Elora Competition“ (2010), „William C. Byrd International Competition“, „Mary Winston Smail Memorial Award“ за најдобар пијанист, како и бројни стипендии и грантови од различни универзитети и фондации. Студиите…
повеќе...Рускиот Камерен Оркестар „Ермитаж“ на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на репертоарот на „Охридско Лето“ е настапот на камерениот оркестар „Ермитаж“ од Русија, во изведба на Илја Норштејн – виолина, Андреј Бурков – виола и Ана Устјужанина – виолончело. Ансамблот на солисти „Ермитаж“ го сочинуваат млади талентирани музичари кои во 2000 г. се обединиле околу познатиот обоист Алексеј Уткин. Во 2012 г. уметнички директор на ансамблот станува истакнатиот пијанист, „Заслужен уметник на Русија“ Александар Гиндин. Успехот на „Ермитаж“ може да се објасни со младоста на изведувачите, високото ниво на нивното…
повеќе...Изложба на современ накит „Во синило те намамив“
Вечерва во Куќата на Уранија со почеток во 22 часот во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ ќе биде отворена изложба на современ накит „Во синило те намамив“. Широчината на Охридското Езеро, неговото бескрајно синило и мирните бранови, кои мамат воздишки на убавина, блескавата светлина на градот, како и сите лица на небото над Охрид, се елементите на инспирација на четири жени уметници, авторки на современ накит, чија изложба љубителите на уметноста ќе можат да ја погледнат во рамките на „Охридско лето“. Градот на љубовта, културата, светлината, македонскиот Париз, е само…
повеќе...Вечер на Европската Унија на „Охридско Лето“
На програмата на „Охридско Лето“ вечерва, во Света Софија фестивалските возбудувања продолжуваат со концерт на Baltic Guitar Quartet во рамките на Вечер на Европска Унија. Концертот на познатиот и атрактивен квартет на гитари, започнува од 21 часот. На програмата се дела на Бокерини, Рукс, Рубенс, Пјацола, Брамс, Metallica. „Квартетот BGQ е водечки ансамбл на гитари во Балтичките земји, а членовите на квартетот се победници на различни натпревари и активни солисти, а нивната музика е сензитивна, колористична и рафинирана без претенциозност“, вели селекторката на музичкиот дел на програмата Гордана Јосифова…
повеќе...Хорот од Македонија „Драган Шуплевски“ и диригентот Сашо Татарчевски на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ е македонскиот хор „Драган Шуплевски“ и диригентот Сашо Татарчевски, со изведба на дела од: Зографски, Прокопиев, Македноски, Чесноков, Парт, Кедров, Аренски, Свиридов, Чајковски и Гречанинов. Мешан хор „Драган Шуплевски” при Факултетот за музичка уметност – Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Сегашното име го добива во 2002 г. во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува во проекти заедно со другите ансамбли…
повеќе...