Класика со многу реализам и индиска фантазија. Премиерата на најволшебното дело на Шекспир„Сонот на летната ноќ“, во режија на Иван Лео Лемо Загреб, Р. Хрватска а изведба на Народен театар – Охрид , вечерва пред охридската публика. Сцената на малата сала во Центарот за култура ќе донесе повторно премногу возбуда, но и нов дух, голема промена и освежување. Режисерското дело на Лемо, поставено во градот каде се спојуваат културите, ја отсликува длабочината на секоја реченица на Шекспир. „Охрид е волшебен град. Поради тоа нема подобро место на светот за…
повеќе...Tag: охридско лето
Италијанскиот пијанист Маурицио Морети на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Цркавта „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ е италијанскиот пијанист Маурицио Морети со изведба на дела од Шуман, Вагнер, Лист, Шопен, Дебиси, Момпоу, Барток. Маурицио Морети е еден од најистакнатите претставници на познатата италијанска пијанистичка школа. Спојот на беспрекорната техника и инспиративната интерпретација, заедно со неодоливиот италијански шарм, го прави ѕвезда која ги воодушевува и слушателите, и најстрогите критичари. Во текот на неговата повеќе од дведецинска кариера Морети настапува во најпрестижните европски сали, како и на концертните подиуми ширум свет. Морети…
повеќе...Малиот Даниел од Охрид му свиреше на Лакатош
Синоќа „Охридскиот Паганини“ 12 годишниот Даниел Мојсоски имаше ретка можност во своите раце да ја држи магичната виолина со црвен рубин од познатиот виолинист Роби Лакатош кој настапи со голем концерт на 53 роденденско издание на „Охридско Лето“. Даниел Мојсоски е ученик во Основното Музичко Училиште „Методи Патче“ Охрид 5та година во класата на професор Елица. Жарот во очите на Даниел беше забележан од маестро Роби Лакатош и доби дозвола да отсвири нешто на неа. Malka tokata од HRISTOSKOV бече изборот на малиот виолинист, одеднаш се стана магично целата гардероба…
повеќе...Кинотека на Македонија на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ на програмата на „Охридско Лето“ е Кинотека на Македонија односно „Црно семе“ кој e македонски игран филм по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски. Кирил Ценевски е филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски, во филмот „Цената на градот“ во 1970 година. Во 1971 година Ценевски го…
повеќе...„Ѓаволскиот виолинист“ – Роби Лакатош ја проба роденденската торта на „Охридско Лето“
Со „Happy Birthday“ во изведба на, како што го нарекуваат „ѓаволскиот виолинист“ – Роби Лакатош, и роденденска торта, „Охридско Лето“ денеска во празнична атмосфера го прослави роденденот, 53 години успех на врвот на светската уметничка сцена. Славниот виолинист направи вистинско уметничко доживување за сите посетители свирејќи македонска музика. Посака Фестивалот да слави уште многу години, но и тој повторно да биде дел од фестивалската програма. „Навистина ми е драго што ќе настапам токму на овој фестивал. Програмата ви е прекрасна и огромно е задоволството што јас сум еден од овие…
повеќе...Роби Лакатош ансамбл од Унгарија на „Охридско Лето“
Вечерва на Античкиот театар со почеток од 21:00 часот на репертоарот на „Охридско Лето“ е Роби Лакатош ансамбл-Унгарија. Роден во легендарното семејство на ромските виолинисти со потекло од Јанош Бихари, „Кралот на ромските виолинисти“, Роби Лакатош пораснал со музиката и на 9-годишната возраст дебитирал како прва виолина во ромскиот оркестар. Неговата музикалност се развивала не само преку семејството, но и на Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта кадешто во 1984 г. ја добил 1-та награда по класична виолина. Во 1986-96 гг., заедно со неговиот ансамбл, Лакатош го воодешувувал аудиториумот на “Les…
повеќе...Полска вечер на „Охридско Лето“
Вечерва полска вечер во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ со почеток од 21:00 часот во предворјето на црквата Св.Софија, македонска филхармонија солисти од Полска Александра Лелек – виолончело, Бартос Козаик – виолончело, Рафал Квиатковски – виолончело и Диригент Кшиштоф Пендерецки. Кшиштоф Пендерецки е роден на 23 ноември 1933 г. Негоиот татко – правник и посветен виолинист-аматер – многу рано му овозможи на синот контакт со музиката. На 18 години Пендерецки беше примен на конзерваториумот во Краков, истовремено студирајќи филозофија, историја на уметноста и историја на литературата на универзитетот, а од…
повеќе...ДЛУМ – меѓународна изложба Ex Libris графики минијатури на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток од 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, мал изложбен салон на репертоарот на Охридско лето е „Длум“ меѓународна изложба, екс либрис графики минијатури. Меѓународната Екс либрис изложба е графичка изложба на која учествуваат 45 автори од повеќе земји од светот како и домашни автори со повеќе од 80-тина дела Екс либрис графики минијатури. Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија. Поставувањето на ваков вид на графичка изложба…
повеќе...Хорот „Вива Вокс“ – Србија вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот на Античкиот Театар на програмата на „Охридско Лето“ е хорот „Вива Вокс“ од Србија. Хорот Вива Вокс од Белград е формиран пред скоро 10 години од група на матурирани средношколци и нивниот професор по музика, која сакаше да ја продолжи прекрасната музичка соработка со гимназискиот хор. Хорот го доби својот сегашен назив во 2005 година, а во 2009 година го воведоа битбоксот во нивната изведба, која, заедно со аранжманите на песните од членовите на хорот, формираше единствен звук со кој се прославија насекаде низ…
повеќе...Јубилеен концерт на „Охридско Лето“ – 50 години Музичка младина на Македонија
Во црквата Света Софија, вечерва со почеток од 21:00 часот во рамките на фестивалската програма на „Охридско Лето“ јубилеен концерт, 50 години Музичка младина на Македонија. Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија, под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар и солистот Катерина Бачевска – флејта , ќе изведат дела на Моцарт, Бах, Бритн, Сарасате, Пјацола, Шчедрин, Хајдрих. Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија постои повеќе од 28 години и е основан како прв сегмент на летниот музички камп на Музичката младина на Македонија, во Охрид 1986 год. Овој…
повеќе...