Проекција на филмот „До победата и по неа“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има проекција на филмот „До победата и по неа“, во режија на Живорад Митровиќ-Жика, по сценарио на Симон Дракул, а во продукција на Вардар Филм-Скопје. Филмот е снимен во 1966 година и е со времетраење од 106 минути. Во филмот се зборува за последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот – стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во…

повеќе...

Концерт на „Дамјан Пејчиновски трио“ на Охридско лето

Вечерва, во 21 часот, во клубот Куба либре, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи Дамјан Пејчиновски трио“ (гитара, бас, ритам гитара, Македонија). Триото го сочинуваат Дамјан Пејчиновски, Горан Гешоски и Стефан Миладинов. На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од „џипси- џез“ (gypsy jazz) музиката. Горан Ѓешовски дипломирал џез-музика на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез- басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно група „Синтезис“, како и „Тавитијан брадрс трио“ (Tavitjan brothers trio) со…

повеќе...

Премиера на претставата „Бар-Ремарк“ на „Охридско лето“

Народниот театар од Битола вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ премиерно ќе ја изведе својата најнова претстава „Бар-Ремарк“, поставка на рускиот режисер Александар Баргман, работена според делото „Тројцата воени другари“ на Ерих Марија Ремарк. Премиерната изведба на „Бар-Ремарк“ ќе се одигра со почеток во 21 часот, во предворјето на црквата „Света Софија“. „Кога се читаат делата на Ремарк се стекнува впечаток дека секое му е автобиографско. Со оглед на неговата голема вештина да опишува различни ситуации и стил на пишување разбирлив за секого, отворајќи различни прашања и покажувајќи извонредна писателска…

повеќе...

Концерт на „Хортус Музикус“ од Естонија на Охридско лето

Вечерва, во 21 часот, во црквата „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи камерниот оркестар „Хортус Музикус“ од Естонија. „Хортус Музикус“ е еден од најстарите ансамбли во Источна Европа. Основан е во 1972 година од страна на неговиот уметнички директор и диригент Андрес Мустонен, и оттогаш постојано е присутен на светските концертни сцени во Соединетите Американски Држави, Јужна Америка, голем број европски земји, Израел, Русија и Јапонија. На репертоарот на овој ансамбл, покрај останатите дела, се наоѓа и музика која датира уште…

повеќе...

Балканските рок ѕвезди Ван Гог вечерва со концерт во Охрид

Во дополнителната програма на Охридско лето, српскиот рок бенд Ван Гог ќе го прослави својот јубилеј 30 години дел од балканската музичката сцена. Вечерва, со почеток во 21 часот, на локација на Долни Сарај, Охрид, еден од најголемите балкански рок состави, ќе одржат концерт, во рамки на дополнителната програма на Охридско лето. За време на концертот Ван Гог ќе ја забавуваат публиката со стари и нови хитови. Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми,…

повеќе...

Драмска изведба на шекспировите „Сонети“ на „Охридско лето“

Битолскиот народен театар вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе ја изведе театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски. Оваа претстава ќе се игра на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ како дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“. Станува збор за двајца исклучително млади режисери, кои повеќе од една година се членови на Битолскиот народен театар. Првиот дел од претставата која нуди две различни естетики го режира Ристовски, а вториот Илиевски. Се работи за една тема со две потполно…

повеќе...

Шпанска вечер на „Охридско лето“

„Пијано 4 раце” од Шпанија, вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето. Двојката пијанисти Карлес Лама и Софија Кабруха, во светот се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Пијанистите Кабруха и Лама се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Заедно музицираат уште од 1987 година. На нивниот репертоар се наоѓаат речиси сите големи дела за четирирачно пијано, уште од времето на Јохан Себастијан Бах, па сè до делата од 21-виот…

повеќе...

Вечерва ќе биде отворена ликовна изложба „Мандала“ од Соња Чингарова Фотева

Во Големата изложбена сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20 часот ќе биде отворена тематската изложба „Мандала“ со дела на нашата уметничка Соња Чингарова – Фотева. Фотева е автор е на повеќе самостојни изложби од 1993 година па сè до денес во Македонија и надвор од неа. Фокус на нејзиниот интерес и проучување се различните културни наследства и филозофии кои ги преточува во своите сликарски дела. Кога станува збор за нејзината вечерашна изложба, „Мандала“ е слика на круг и квадрат, динамичка претстава на односот помеѓу трансцедентното, вечното, божественото,…

повеќе...

Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Вечерашниот концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригентската палка на маестро Саша Николовски-Ѓумар ќе може да се следи во живо на веб-страницата на „Охридско лето“, www.ohridskoleto.com.mk, а преносот од катедралната црква „Света Софија“ ќе започне од 20 часот, час пред започнување на концертот. Сите љубители на музичката уметност кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква, ќе може да уживаат во концертот преку интернет. „Лајв-стримингот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ ја воведе ваквата практика на веб-продукција што…

повеќе...

Вечерва на Охридско лето, камерен оркестар на музичката младина на Македонија

Концерт на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија, вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето. Камрниот оркестар ќе настапи под водство на диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар. Маестро Саша Николовски-Ѓумар се смета за еден од најдобрите македонски диригенти. Работел со речиси сите македонски ансамбли. Оркестарот на Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Младинскиот камерен оркестар на музичката младина, Хорот и оркестарот на факултетот за музичка уметност во Скопје и др. Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија е основан пред точно 30 години, во 1986. Овој ансамбл…

повеќе...