Одржан вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје

Вчера на реконструираното стрелиште во Битола се одржа Вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кое учество зедоа околу 40-тина стрелци во дисциплините воздушна пушка и пиштол. Кај сениорите најдобар беше Михаил Шишкоски со резултат од 589,2 кругови, додека пак Горан Здравески се пласира на втората позиција со резултат од 576,3 круга. Кај јуниорите најдобар беше Гоџоски Мартин и заслужено прво место со резултат од 564,2 кругови или во севкупен пласман мажи-петта позиција. Останатите членови на СК „Охрид“ Васко Попоски, Антонио Попоски и Јован Матески се пласираа на…

повеќе...

Кај лице од Делогожда пронајдени четири пиштоли и една ловна пушка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга  против лицето А.Ж. (37) од струшкото село Делогожда, поднесе кривична пријава. На 18-ти декември минатата година ,при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа четири пиштоли и една ловна пушка сокриени во спалната соба, во помошни простории како и во делови од облека.  Во текот на претресот, пронајдени се следниве огнени оружја: пиштол марка ТТ М 57 со калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол…

повеќе...

Кај охриѓанец пронајдени и одземени 6.780 парчиња разни пиротехнички средства

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Џ. (46) од Охрид, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.12.2013 година, по извршен претрес во домот на пријавениот, помошна просторија во кафетерија и патничко моторно возило кои се во негова сопственост, пронајдени се вкупно 6.780 парчиња разни пиротехнички средства, кои се одземени.

повеќе...

Лани за 15 % зголемено откривањето на кривични дела од областа на НТ со оружје

И оваа година продолжија активностите за спречување на нелегалната трговија со оружје, за што сведочат зголемениот број на откриени случаи и сторители, како и зголемена заплена на оружје и муниција, а исто така полицијата активно беше вклучена во сите процеси на превенција, се во насока на што поуспешно спротивставување на илегалната трговија со оружје. Засилените активности што ги преземаше полицијата за спречување на нелегалната трговија со оружје, дадоа позитивни резултати, за што говорат откриените 205 (лани 178) кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и…

повеќе...

Кај стружанец пронајдено големо количество оружје

На 21.02.2014 година во 17,10 часот над с.Заграчани –Струга, на м.в.„Мајас Спаси“, по предходна пријава на граѓанин, од страна на ПС од ОНТДО под лимена врата, пронајдена е една автомаска пушка со сер.бр. 10264628 (на затваорач сер.бр. 64628)  и вграден бајонет, една празна рамка и 40 куршуми со кал. 7,62 мм, завиткани во хартија.Предметите се фотографирани и подигнати од лице место, и истите се предадени за вештачење во ОКТ на МВР.За настанот е известен ЈО при ОЈО-Струга. ПС-Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Нина Балабан од СК Охрид се закити со златен медал на меѓународниот турнир во Врање

На само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, Нина Балабан од стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што се одржа вчера по повод ослободувањето на град Врање. Во конкуренција на жени Нина Балабан испука 392 кругови (се пукаше на цели кругови) и со тоа уште еднаш покажа дека е број еден во стрелаштвото на Македонија. Младиот јуниор пак Мартин Гоџоски полека но сигурно оваа година чекори кон врвот. На овој натпревар тој се…

повеќе...

Запленето нелегално оружје во струшкото село Делогожди

Три пиштоли и една полуавтоматска пушка како и повеќе парчиња куршуми се пронајдени при претрес извршен вчера во домот на А.Ж.(36) од струшкото село Делогожди. При претресот извршен по претходна наредба од Основниот суд во Струга, полициските службеници од полициската станица во Струга пронајдоа 42 парчиња муниција за полуавтоматско оружје калибар 9 мм. и 15 куршуми пиштолска муниција различен калибар. Оружјето кое А.Ж. нелегално го поседувал е одземено и ќе биде предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје. Покрај трите пиштоли и полуавтоматската пушка…

повеќе...

Уништување на последните количини од залихите на касетна муниција

Денес на АП „Криволак“, се реализира уништувањето на последните количини од залихите на касетна муниција во контекст на исполнувањето на обврските кои Република Македонија ги има како земја потписничка на Осло-конвенцијата за забрана на касетната муниција. Уништувањето на овие средства го изведоа тимовите за уништување на неексплодирани убојни средства на АРМ во присуство на амбасадорката на СР Германија во Република Македонија Н.Е. Гудрун Штајнакер, Региoналниот директор на Норвешка народна помош, г-дин Емил Јеремиќ, претставници од воено – дипломатски кор во Република Македонија, од Министерството за надворешни работи, од Министерството за…

повеќе...

Запленето огнено оружје и муниција на Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир вчера, царинските службеници спречија обид за шверц на поголема количина огнено оружје, муниција и распрскувачки материи. Вчера 13.10.2013, околу 15:00 часот, за излез од Република Македонија на граничниот премин Деве Баир се пријави патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со грчки регистарски ознаки управувано од албански државјанин.  При преглeдот на возилото во фабричките шуплини од левата и десната страна на задните врати под тапацирот, како и во багажниот простор исто така под тапацирот, царинските службеници пронајдоа> ·         8 автоматски пушки, ·…

повеќе...

Спроведена акција за уништување на запленети наркотични дроги и оружје

По повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје, Министерството за внатрешни работи во координација со Министерството за правда и Агенцијата за управување со одземен имот во печките на “Југохром” во Јегуновце, спроведе акција за уништување на запленети наркотични дроги и оружје од случаи за кои претходно се донесени правосилни судски пресуди.  Во однос на запленетата дрога и оружје, вкупно се уништија околу 345 парчиња оружје, во најголем дел автоматски пушки и пиштоли, гасни пиштоли и друго малокалибарско оружје како ловечки пушки, ловни карабини, воздушни пушки и слично,…

повеќе...