Египќаните во Охрид не даваат поддршка на ниту една политичка опција

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Здружението на Египќани „Пирамида“, синоќа се одржа собир на кој присуствуваа голем број граѓани. Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Колеги, соработници, комшии, пријатели, другари, драги египќани, вечерва сум исклучително почестен, што ми пружавте можност да се обратам на овој прекрасен настан, за што од се срце ви благодарам, пред се на здружението на египќани „Пирамида” од Охрид и секако на неговиот претседател Арбен Демироски Бено. Кој се гледа дека вложил голем напор за овој настан вечерва да изгледа…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сами на себе си ги признаваат грешките кој ги направиле во текот на нивното владеење

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција до медиумите испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „И повеќе од очигледно е дека СДСМ сами на себе си ги признаваат грешките кој ги направиле во текот на нивното владеење. Најдобар пример за тоа е денешната прес конференција на потпаролот на ОО СДСМ кој очигледно не е добро запознаен со проектите на СДСМ со кој ја зацрнија Република Македонија и ја оставија во долга транзиција и приватизација. Кога говорат за намалување на сметки нека кажат за што беше…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да даде значајни одговори кои и ги должи на целокупната македонска јавност

Во врска со денешната прес-конференција на носителката на кандидатската листа во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, реакција испрати ОК ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „Еден од главните црни ликови во историјата на македонската политичка сцена, госпоѓата Радмила Шеќеринска очигледно повеќе од потребно е да го согледа и преиспита своето политичко милје и да даде значајни одговори кои ги должи на целокупната македонска јавност. Г-ѓа Радмила Шеќеринска, Ве повикуваме, токму приликата на Вашата посета во град Охрид да ја искористите и да дадете одговори на сите оние конфузни политики и ставови на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Советниците на СДСМ во Советот на Општина Охрид треба да им се извинат на граѓаните и во најмала рака да ги повлечат своите мандати

ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до медиумите, во врска со присуството на советниците на СДСМ во Општина Охрид на прес-конференцијата од Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 5. „ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид најостро реагира врз начинот на кој советниците од СДСМ и нивната коалиција во Советот на Општина Охрид ги напуштија своите места се со цел присуство на партиски агенди и пресови. Ваквиот пристап на советниците на СДСМ и нивната коалиција уште еднаш ја потврдува тезата дека токму кај нив функциите кои ги…

повеќе...

Шекеринска: План за поддршка и шанса за лицата со посебни потреби

Носителката на кандидатската листа во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, денес беше помеѓу граѓаните на Охрид. Таа ги претстави мерките од програмата за подобри услови за образование на децата со посебни потреби. „Во нашиот План за живот во Македонија, посебно место има програмата за поддршка на лицата со посебни потреби, особено на децата со посебни потреби. Една држава, не може да се нарекува ниту хумана ниту солидарна, ако не обезбеди шанса за децата со посебни потреби. Затоа ќе го менуваме системот и ќе почнеме уште од најрана возраст, на децата коишто припаѓаат…

повеќе...

Домазетоски: Ќе донесеме нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид, кандидатот за пратеник во ИЕ 5 од коалицијата ВМРО за Македонија,  Рајко Домазетоски денес одржа прес-конференција. „Сакам да ја запознаам пошироката јавност за еден невиден преседан што од почетокот на месец јануари се случува во Република Македонија, со најновите измени во Законот за безбедност во патниот сообраќај нешто што засега илјадници граѓани во оваа држава ( пред се млади луѓе ), одредби од законот, кој што се противуставни, противречни и контрадикторни, нејасни и крајно неприфатливи за една голема популација на граѓани – граѓани од…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заборава дека спроведовме реформи во основното, средното и високото образование

Во врска со прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Кога СДСМ говорат за проектите во образованието очигледно забораваат дека ВМРО ДПМНЕ спроведе реформи во основното, средното и високото образование. Имплементиравме концепт на бесплатно образование каде што седма година има бесплатни учебници во основното и средното образование. Бесплатен превоз за учениците, бесплатен интернет, наставни програми Кембриџ, и многу други. Имплементација на програмата, интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, изучување на македонскиот јазик за деца на иселениците, проект безбедни училишта, изготвивме…

повеќе...

Каневчев: Морално право и обврска ни е да го вратиме сјајот и да ги обелиме четирите свети букви на историското В М Р О

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за пратеник од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во ИЗ5 Владимир Каневчев. „Чест ми е што сум овде како претставник на Коалицијата ВМРО за Македонија, коалиција која и беше неопходна на Македонија. Оваа коалиција е предводник од искусни луѓе, политичари кои беа столбот и младата прогресивна сила во раните 90 години и цврсто застанаа на патот за суверена и независна Македонија. Лидерите на коалицијата ВМРО за Македонија се искусни луѓе кои поминаа повеќе политички премрежја во 25 годишниот период…

повеќе...

Шекеринска: Повеќе шанси, повеќе работни места за младите во Македонија

Носителката на кандидатската листа на СДСМ во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, денеска се сретнасо граѓаните на Охрид. Таа во изјава за медиумите истакна дека програмата на СДСМ има план за вработување на младите и повисоки плати, останување на младите во државава.   „Денеска во Охрид, разговараме со граѓаните за нашиот план за живот во Македонија, план кој гарантира, обезбедува, младите од целата наша држава да останат во татковината, тука да создаваат семејство, тука да најдат работа, тука да ги најдат своите шанси за успех. Во Охрид сите граѓани велат…

повеќе...

Одреден е простор за рекламирање на политичките партии

Согласно законските одредби за рекламирање на учесниците во изборната кампања, Општина Охрид, денес одреди простор каде политичките партии можат да ги постават своите рекламни постери и пораки. Поставени за тараби на оградата од ОУ „Григор Прличев“, како единствено место за политичкиот маркетинг за време на изборната кампања.

повеќе...