ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани Охриѓани и граѓани на Република Македонија, ВМРО – Народна партија, како единствена демо-христијанска партија со цврста десничарска ориентација во своите идеолошки определби, будно го следи процесот на јавната расправа по предлог измените на планот за управување со Националниот парк Галичица и во оваа прилика сакаме јавно да го истакнеме нашиот став по основ на истото. Следејќи го целиот процес уште од самиот почеток, односно афирмацијата на Субрата Рој од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: Сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците кои им ги врши ДПМНЕ
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Никола Груевски ја нема поддршката од граѓаните на Охрид. Никола Груевски ја нема поддршката ниту од младите ниту од жените. Тоа го знае и самиот Никола Груевски. Како и во други градови во Македонија и во Охрид локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во медицинскиот центар, во образованието, во јавните претпријатија и во општинската администрација да присуствуваат на партискиот настан во Скопје. Се прават списоци со вработени жени од коишто се бара по секоја цена да…
повеќе...СДСМ: На жителите на Дебрца доста им е од лажни ветувања
ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На трибината, која во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца се одржа во Мешеишта и на која присуствуваше пратеникот Антонио Милошоски, кој симптоматично во Дебрца доаѓа само пред избори, од најавена трибина на која граѓаните требаше да даваат идеи, сосема очекувано се претвори во партиска трибина. Тоа беше уште една трибина на која во веќе виден популистички стил се манипулираше партиското членство, со лажни ветувања, виртуелни проекти и добропознатите политики “немаме за леб, а трошиме на чоколадо.” Доблесно ќе…
повеќе...СДСМ: На последната седница ДПМНЕ одби 47 амандмани кои беа поднесени врз основа на потребите и барањата на граѓаните
Советничката група на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која што зборуваа координаторот проф. д-р Јован Стојаноски и советничката Жаклина Лазаревска. На пресот тие истакнаа: „Дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, тоа граѓаните одамна го знаат. На последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Градоначалникот Бакрачески не беше присутен на оваа седница на којашто се расправаше за Програмите на секторите на општината, Програмите на Јавните претпријатија…
повеќе...СДСМ: Зошто нема греење во болницата во Охрид? Чии бизнис интереси се штитат?
Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „Пред само неполн месец СДСМ алармираше и предупреди за катастрофалната ситуација со којашто се соочува Општата болница во Охрид. Ситуацијата станува се поалармантна, затоа што пациентите сеуште се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското, детското одделение, како и во гинеколошкото одделение сеуште нема греење. Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Не дозволуваме политикантство со јавното здравје, здравјето на граѓаните е најважно!
Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Јасна е политичката цел на соопштението на кликата во СДСМ, но такви дрски лаги се под нивото и на една партија – наследничка на диктаторски режим. Скапите подароци од екс-министерот за здравство на СДСМ кој е во бегство веројатно го заматуваат погледот на кликата и нејзините пулени. Да изјавувате дека ситуацијата е драматична во време кога конечно интензивно се инвестира за подобрување на јавното здравство, во најмала рака значи непочитување за сите…
повеќе...„Визијата за Македонија“ и помеѓу граѓаните на Охрид
„Визијата за Македонија“ денеска и помеѓу граѓаните на Охрид. „СДСМ има визија и знае што треба да се менува во Македонија. Но, Македонија се наоѓа во пресвртна точка и ние чуствуваме голема одговорност, затоа нашата визија ја споделуваме со граѓаните. Од граѓаните бараме предлози, сугестии, но и критика на нашата визија. Ве покануваме вашите идеи кои ќе бидат вградени во програмата на СДСМ за наредните парламентарни избори да ги споделите со нас секој ден од 12:00 до 14:00 часот на штандот на градскиот плоштад Св. Климент Охридски.“- велат од ОО…
повеќе...СДСМ: Бакрачески на последната седница не одговори на ниту едно од поставените советнички прашања
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Никола Бакрачески на последната седница на Советот на општина Охрид не одговори на ниту едно од поставените советнички прашања. Градоначалникот Бакрачески немаше одговор дали и кога ќе се гасифицира Охрид. Немаше одговор дали и кога ќе се изгради домот за стари лица во Охрид. Бакрачески не им одговори на граѓаните од улиците Ристо Чадо и Питу Гули зошто при реконструкцијата на улиците не е заменета водоводната инсталација стара над 40 години. Ниту дали ќе се изгради спортска сала и…
повеќе...СДСМ Дебрца: Дали надлежните институции се запознати со бетонизацијата на крајбрежјето на Охридското Езеро во општина Дебрца?
Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „На седницата на Советот на општина Дебрца, одржана на ден 13.11.2015 година, советничката група на СДСМ побара Информација за пешачката патека (а не плажа, како што пренесоа некои медиуми, кое нешто е сосема друг проект) на крајбрежјето на Охридското Езеро, во КО-Оровник, општина Дебрца, чија изградба е во тек. Поаѓајќи од фактот дека Охридското езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено и за светско природно наследство, ставено под заштита на УНЕСКО и дека преземањето на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Ве очекува најголемиот пораз во поновата македонска историја
Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Безидејната клика на СДСМ, која заборавила како изгледа да победуваш на избори и да се справуваш со обврските и должностите на државните органи, продолжува со празни, па навидум и смешни соопштенија. Затворени во нивната реалност, заборавиле дека за да се добие довербата од народот, треба да се сработи и да се докаже квалитетот и капацитетот. 53 милиони евра долгови на Охрид, блокирани сметки на јавните претпријатија и училиштата, стотици и стотици…
повеќе...