Во врска со посетата на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во општина Дебрца, реакција испрати ОО на СДСМ Дебрца, во која стои: „Премиерот во заминување Никола Груевски продолжувајќи со својот популистички стил на владеење денес ја посети општината Дебрца, глумејќи загрижен и целосно посветен на интересите и проблемите што ги мачат граѓаните изминативе години. При денешната посета на Дебрца тој присуствуваше на пуштање во употреба на неколку инфраструктурни објекти во општината. И можеби се би било во ред ако во случајов не станува збор за проекти за реконструкции на…
повеќе...Tag: партија
Советничката група на СДСМ Охрид бара Општината да издвои средства за поплавеното население во Тетово
Советничката група на СДСМ од Охрид поднесе барање до Советот на општина Охрид за донесување на соодветна одлука за издвојување на одредени финансиски средства од Буџетот на општината, како помош за ублажување на последиците од природната катастрофа што денививе го зафати Тетово и тетовскиот регион.
повеќе...Соопштение од ПОПГМ
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, денес испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) се обраќа до македонската јавност по повод продолжувањето на безобѕирно непристојниот маркетинг во функција на претстојните избори во април 2016 година, кој Владата на Република Македонија го практикува и по потпишувањето на договорот за надминување на политичката и уставно-правна криза во државата. Откако се потпиша договорот во Пржино и се договорија предвремени парламентарни избори, Владата и Груевски веќе ја стартуваа својата предизборна кампања. Безобразно и…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ со честитка за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам
ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија, етнички Македонци, етнички Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и други, им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. „Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето…
повеќе...ПОПГМ го поздравува постигнатиот договор на лидерите на политичките партии
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) го поздравува постигнатиот договор со посредство на нашите пријатели од ЕУ и САД, со кој конечно се создаваат основни претпоставки за започнување на политичката и правна разврска на кризата создадена од автократскиот начин на владеење на власта, од недостаток на нејзино чувство за државните и национални интереси, од неспособноста на партизираните државни институции да се справат со деспотизмот и корупцијата, како и немањето цел да се обезбедат човековите слободи и права и да бидат ефикасен и функционален сервис на граѓаните. ПОПГМ…
повеќе...Заев: Повикувам чесните во ДУИ да ја напуштат криминалната Влада и да поддржат преодна
Претседатеделот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Денешната прес конференција ја одржуваме во седиштето на партијата, а не во Кампот на слободата, поради потребите за прес конференцијата. Треба внимателно да ги слушнете снимките и внимателно да ги проследите преводите преку титловите на видео бимот. Со аудио доказите што ќе ги презентираме денеска продолжуваме и конкретно да го откриваме вистинското лице на врвот на ДУИ. Јасна е нивната одговорност за ужасната состојба во Македонија во секоја смисла, и од досега презентираните докази и аргументи, затоа што ништо…
повеќе...Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со нов состав
На вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Охрид, беше избран новиот состав на Извршниот Комитет. Оваа постапка е согласно Статутот на Партија и се очекуваше по оддржување на редовниот Конгрес во Куманово на која беше реизбран лидерот Никола Груевски. На вчерашната седница беше избран и Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. На ваа функција по втор пат беше избран досегашниот Генерален секретар, Емил Димитриев. Во новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ има десет нови имиња од кои дел и досега и се познати на македонската јавност,…
повеќе...Димовски: ВМРО – ДПМНЕ е подготвена за избори во било кој термин до април
Подготвени сме за избори во кој било термин до април како што беше договорено и потпишано на 2-ри јуни. ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш се базира и ги темели своите активности на поддршката од граѓаните. Ова го изјави синоќа координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред почетокот на седницата на Централниот комитет во Охрид. Димовски истакна дека на седницата ќе бидат разгледани сите аспекти на политичката состојба во државата и оти ќе бидат донесени заклучоци за кои јавноста ќе биде дополнително информирана. „Ние сме доведени до ситуација како држава, една партија која…
повеќе...Заев: Објавувам дека нема да присуствуваме на состанокот во Брисел
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медимите истакна: „Објавувам дека нема да присуствуваме на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан, на 10-ти јуни во Брисел. Изјавата во Вашингтон, на Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската Унија, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период, пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан, за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ/ОДИХР, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен. Дополнително,…
повеќе...Шекеринска: Чекор по чекор ќе создадеме општество на еднакви можности
Обраќање на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во рамките на дискусијата во Кампот на слободата на тема „Жените не се машини за раѓање!“ Извор: www.sdsm.org.mk
повеќе...