Претседателот на СДСМ Зоран Заев оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р. Македонија, Ралф Брет

Делегација на СДСМ предводена од Претседателот Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р. Македонија, Ралф Брет и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс Де Вит. Главна тема на разговорите беше актуелната состојба во Република Македонија. Претседателот Заев рече дека раководството на СДСМ внимателно ќе го води процесот на објавување на вистината за Македонија, имајќи ги предвид интересите на граѓаните и државата. „Вистината за Македонија започна да допира до јавноста. Ќе продолжиме со објавување се до конечно враќање на слободата, демократијата и европските…

повеќе...

Средба помеѓу претставници на ОК ВМРО-НП Охрид и ОБСЕ

Претставници на Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија во Охрид, деновиве остварија средба со претставници на ОБСЕ. На средбата беше разговарано за актуелните случувања во градот, активностите на партијата и состојбата во Општина Охрид. „Претставниците на ОБСЕ беа запознаени за се поголемиот притисок врз членовите на ВМРО – Народна партија во Охрид и дејствијата кои Локалната власт ги прави врз нив. Сметаме дека меѓународните организации треба да бидат запознаени за демократските капацитети на власта и како таа се однесува кон опозиционерите и кон сите оние кои имаат различно мислење од…

повеќе...

СДСМ: Докази од мега скандал – Груевски и Мијалков прислушувале 20 000 луѓе

Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА”. Целта е единствена – ДА ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ДА ГИ ВРАТИМЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. Oваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го отпочнуваме за враќање на слободата и демократијата. Oва што во интерес на граѓаните и државата сум должен да го споделам со јавноста, е најнепријатното нешто што треба сум повикан да го направам, како одговорен граѓанин на оваа земја. Иако, како и секој човек кој си ја сака државата, искрено жалам што Македонија,…

повеќе...

СДСМ ја најави „Вистината за Македонија“

Централниот одбор на СДСМ едногласно застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и раководството на партијата и донесе црвста и решителна одлука да почне објавувањето на документите, што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта. Централниот одбор, го овласти раководството на СДСМ да ги обелодени документите што докажуваат системско и незаконско прислушување илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудните инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес, селектираната и партиски диригирана правда, погазената држава. Во едногласно усвоените заклучоци се…

повеќе...

СДСМ: Општина Охрид уште еднаш очајно се обиде сопствената вина да ја префрли врз поранешниот градоначалник

ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение, во кое стои: „Општина Охрид, наместо да ја признае својата грешка поради скандалот со „правничката“ без диплома во Секторот за урбанизам, уште еднаш очајно се обиде сопствената вина да ја префрли врз поранешниот градоначалник. Безуспешен е обидот на општинската администрација, на чело со градоначалникот Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, со контрадикторно соопштение да се амнестира за направениот катастрофален кадровски пропуст. Затоа, многу наивно звучи објаснувањето на сегашното општинско раководство, дека не ангажира лица за работа во општината исклучиво врз основа на партиска припадност. Сепак, фактите…

повеќе...

СДСМ: Преку вчерашниот демант директорката Костеска всушност ги призна сите негативни забелешки за нејзиното работење

Во врска со вчерашната прес-конференција на директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, реакција испрати ОО на СДМ Охрид, во која стои: „Преку вчерашниот демант Директорката на градинката Розе Костеска всушност ги призна сите негативни забелешки за нејзиното работење кои беа истакнати на прес конференцијата од СДСМ. Во поглед на нејзиниот став за тоа што направила или не направила претходната Локална власт во градинката, ако директорката има кратко паметење како една од тогашните кадри во оваа институција во одреден период, да ја потсетиме нејзе и јавноста за тоа: 1. Доградба на објектот…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Поради не вршење на комуналната услуга собирање на комуналниот отпад корисниците на услугата од Општина Дебрца да се ослободат од плаќање надоместок

Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Јавното претпријатие „Дебрца“ – Белчишта, како давател на комуналната услуга собирање и транспортирање на комуналниот отпад повеќе од 20 дена не ја врши услугата, односно не го собира комуналниот отпад од граѓаните и правните субјекти од општина Дебрца. Причината за тоа е неможноста на специјалното возило за собирање на отпадот да влезе во населените места поради од снегот неисчистените општински патишта и улици, а кое нешто согласно Оперативната програма за зимско одржување на општинските патишта и…

повеќе...

Лазаревска: Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може да одговори на основните потреби и барања на граѓаните на Охрид

ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која зборуваше  советничаката во Советот на Општина Охрид, Жаклина Лазаревска. „Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ постојано изјавуваат дека општинската администрација во Охрид е неефикасна и пренатрупана а сепак континуирано вработуваат нови партиски војници. Токму за време на новогодишните и божиќните празници течеше рок за пријавување на конкурс за 10 нови вработувања во општинската администрација во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден од ветените капитални проекти за Охрид, а немаат ниту капацитет да организираат ефикасна и професионална општинска администрација. Локалната самоуправа…

повеќе...

СДСМ: На Мауцкер безмалку 2 години му случува еколошко злосторство

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати реакција во врска со вчерашниот прес на секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. Во целост ја пренесуваме реакцијата: „Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески информираше за расчистување на градежен шут и отпад од локалитетот Мауцкер иако тој нема никаква надлежност. Според актите на општината, секретарот е одговорен исклучиво за работата на општинската администрација и не може да ја преземе надлежноста на јавните претпријатија. Најверојатно затоа Спасески покажа елементарни непознавања за проблемите со отпадот на локалитетот Мауцкер. На Мауцкер безмалку 2 години му случува еколошко злосторство.…

повеќе...

СДСМ: Дали не очекува уште една непријатна зимска одисеја по улиците на Охрид во наредните денови?!

ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение во кое стои: „Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да…

повеќе...