Блажески: Што е потпишано, со кого е потпишано и под кои услови е потпишан Договорот за Лизгалиштето?

ЛДП иако го поддржа проектот Лизгалиште, за кој како што велат, слободно веќе може да се нарече аферата Лизгалиште, што деновиве кулминираше со нејаснотии и небулози. „Имено, неофицијално, договорот е потпишан од Секретарот на Општина Охрид и затоа бараме од истиот да покаже респект кон граѓаните и јавно да каже што е потпишано со кого е потпишано и под кои услови. Од друга страна, неодговорноста на службата за односи со јавност на која советникот Станкоски постојано ги упаќаше прашањата кулминираше со игнорирање од нивна страна за денес во медиумите да…

повеќе...

ЛДП: Какви проекти презентираше Општина Охрид пред Светска банка?

„ЛДП сѐ уште е во исчекување на одговорот од Секретарот од Општина Охрид за тоа какви се проекти општината презентираше пред Светска банка. Имајќи предвид дека Секретарот можеби празнично беше сопрен да одговори, го потсетуваме уште еднаш. Во меѓувреме, бараме  Владата на РМ да му помогне на Охрид и својот Градоначалник затоа што, според изјавите од Секретарот, Владата не била заслужна ни за овој кредит од Светска банка, иако гаранциите за кредитот ги издава токму таа! ЛДП само ја потсетува новата Локална власт на нејзините ветувања за транспарентност и брз…

повеќе...

Претседателот на ОО ГРОМ Настоски упати честитка по повод Божиќ

Почитувани, Претседателот на Општинската организација на ГРОМ – Охрид, на сите граѓани од христијанска вероисповед им го честита еден од најрадосните празници, денот на Христовото раѓање – Божиќ  и им посакува овој празник да го поминат во одлично расположение со своите најблиски. Со почит, Љупчо Настоски, Претседател на О.О.ГРОМ-Охрид

повеќе...

ЛДП е сериозно загрижена од постојаниот популизам на Општина Охрид

„ЛДП е сериозно загрижена од постојаниот популизам на Општина Охрид. Имено, заради неможноста да ги добијат финансиските инекции кои ги ветуваше Владата во предизборието за Охрид, новата власт посегна по задолжување кое, реално повеќе е симболично отколку нешто што би ги решило натрупаните финансиски проблеми.   Од спин – службата деновиве постојано слушаме за задолжувањето кај Светска Банка. За жал, станува збор за два милиони евра,  износ кој може од банките во Македонија да ги добие една солвента приватна компанија со добар бизнис план.  Да бидеме јасни, ЛДП не ја миноризира…

повеќе...

ВМРО-НП со забелешки за буџетот за 2014

ВМРО-НП Охрид на денешната прес-конференција се осврна кон претстојниот буџет за 2014 година на Општина Охрид. Како што беше речено на прес средбата буџетот за оваа година е поголем за 170 милиони денари од оној од 2013 година. „Во буџетот се предвидени 120 милиони денари од кредити, дури и без нив буџетот е поголем за нецели 50 милиони денари и без кредитите. Се надеваме дека нивната власт од Скопје нема да ги извиси како во 2013, кога не ги добија кредитите и Општината остана покуса. Се надеваме дека министерот Ставрески…

повеќе...

Подароци од Форумот на жени и Младинскиот форум на Општинската организација на ГРОМ

 Во рамките на претпразничните активности, денеска, претставнички од Форумот на жени и Младинскиот форум на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија, беа во посета на Одделението за геријатрија и во црквата Св.Ѓорѓија каде што имаат дневен престој лицата со посебни потреби.  Со новогодишни пакетчиња, претставничките на понежниот пол на ГРОМ најпрвин, им ги честитаа претстојните празници на лицата со посебни потреби  и изнудија насмевка на нивните лица.  Старите и изнемоштени лица пак, кои престојуваат на Одделението за геријатрија беа пријатно изненадени денеска кога со домашно приготвената храна од страна…

повеќе...

ВМРО-НП со соопштение по повод одлуките за општински линиски превоз

ВМРО – Народна партија во врска со одлуките за општински линиски превоз испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Изминатите денови од страна на Локалната самоуправа слушаме како бил воведен општински линиски превоз на патници. Колку за потсетување, на иницијатива на советниците на ВМРО – Народна партија пред една година беше донесена одлука за организирање на градски линиски превоз и беа воведени две линии. Тие две линии функционираа два месеци, но откако дојдоа новите структури на власт во Охрид, од досега непознати причини ги укинаа тие линии, за денес да…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2013 година беше предимензиониран уште во неговата подготовка од страна на СДСМ и нивниот градоначалник

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „СДСМ го задолжи Охрид со над 50 милиони евра долг кој со генерации треба да се враќа преку Буџетот на општината. Поради недомаќинска работа сите јавни претпријатија се гушат во долгови од кои со години нема да можат да се опорават. Тие водеа нереална буџетска политика од која последици трпиме до ден денес, а веројатно и во иднина.  Буџетот за 2013 година беше предимензиониран уште во неговата подготовка од страна на СДСМ…

повеќе...

ГРОМ-Охрид го формираше Форумот на млади

 На само неколку дена пред новогодишните и божиќните празници, Општинската организација на ГРОМ – Охрид го формираше Младинскиот форум.  За претседател на младите сили едногласно е избран Ристе Танкоски, студент и професионален музичар, кој истовремено е и член на Извршниот одбор на Општинската организација на ГРОМ – Охрид. Покрај изборот на претседател, членовите на партијата за потпретседател го назначија младиот Стојан Пешликоски, кој сè уште е ученик. За секретар на Младинскиот форум на О.О. ГРОМ-Охрид е назначена Ивана Кикеска, која по вокација е дипломиран економист.  Ова новоизбрано раководство на Младинскиот…

повеќе...

СДСМ: ДПМНЕ во Охрид никако да стане сериозна политичка партија

Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение во кое стои: „ДПМНЕ во Охрид никако да стане сериозна политичка партија; уште помалку може да биде народна партија, а најмалку може да воведе ред во работите што се во надлежност на општината, во хаосот што сама го направи. По катастрофалното проектирање на ребалансот на општинскиот буџет во јуни, кога препотентно се импровизираше во носењето на т.н. „нови програми“, а притоа не слушајќи ниту еден добронамерен совет од опозициските советници, во ноември се направи уште еден невиден гаф, кога со новиот ребаланс се…

повеќе...