Оваа недела започнаа изборните активности за нови раководства на Месните ограноци и органите и телата на Здружението на пезнионерите од општините Охрид и Дебрца.Изборните активности започнаа на 26 јануари и треба да завршат до 24 февруари во сите 21-ен Месен огранок, за мандатниот период од 2015 до 2019 година. На изборните собири пензионерите ќе бидат информирани за активноста на ЗП во изминатите четири години,и предлагање и избор на преставници на Месните ограноци и преставници во Собранието и можни кандидати за другите органи и тела на здружението.Конститутивната седница на Собранието кое…
повеќе...Tag: пензионери
Нови 5.500 пензионери годинава на бања
Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот за ПИОМ, Амет Даути и претседателот на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски информираа за Проектот бањско климатска рекреација на корисници на пензија. „Во изминатите пет години, проектот “Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија” ги надмина позитивните очекувања на прифатеност и искористеност. Во овој проект има низа позитивни аспекти, како на пример подобрување на здравјето на повозрасните лица и нивна рекреација и рехабилитација како и соодветна социјализација и квалитетно исполнето време, но исто така проектот придонесе…
повеќе...Од март нови 5.000 пензионери бесплатно на бања
Во рамките на своето дејствување, една од темелните политики на Владата на Република Македонија е и политиката за обезбедување на повисок степен на задоволување на потребите на категоријата повозрасни граѓани. „Таа наша заложба се реализира преку една поширока палета на мерки и активности, како што се зголемувањето на пензиите, определени поволности кои оваа категорија граѓани ги добива во здравството или пак поволности во определени услуги кои се добиваат од државата, како и низ други проекти. Денес сакаме да информираме дека Владата на Република Македонија ја усвои Програмата за користење на…
повеќе...Владата ќе овозможи бесплатни туристички викенди за пензионерите
Кон средината на јануари ќе биде објавен огласот за пријавување за користење бесплатен туристички викенд за пензионери, најави премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. Проектот, посочи премиерот, е дел од изборните ветувањаи ќе се реализира во 2015 година, но доколку има интерес ќе продолжи и во иднина. „Се работи за полн аранжман од петок навечер до недела, престој во некој од туристичките центри во Mакедонија дали е тоа Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Берово и др. Така да…
повеќе...Плакета за заменик-градоначалникот Ангел Јанев
Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебрца, на денешната седница на Собранието, на заменик градоначалникот Ангел Јанев му додели Плакета за особен придонес во развојот на пензионерската организација. „Во име на градоначалникот на оштината Охрид Никола Бакрачески, сакам да објавам, дека благодарение на огромната посветеност на градоначалникот, Локалната самоуправа, неколку министерства, советници, граѓани и на вашата организација, дојдовме до фазата за предобјава на јавен повик за интерес за изградба на најголемата повеќе децениска потреба на пензионерите на Охрид и Дебрца, домот за пензионери и стари лица“– рече заменик градоначалникот…
повеќе...Во понеделник ќе се одржи седница на ЗП на Охрид и Дебрца
На 22 декември ( понеделник) во 11 часот во големата сала на општината Охрид, ќе се одржи деветата отчетна седница на Собранието на Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца. На седницата покрај другите точки од Дневниот ред, ќе биде донесена Програма за работа на ЗП за 2015 година, Финансиски план ,Одлука и програма за спроведување на новите Изборни активности за нови раководства во почетокот на 2015 година, како и разгледување на барањето на новото ЗП на Дебрца и донесување на одлука. На седницата ќе бидат врачени и плакети,…
повеќе...Државата ќе ја унапредува положбата на пензионерите
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се обрати на 8-та седница на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија на којашто на самиот почеток потенцираше дека Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика изминатите години се трудеа да го подобруват статусот на пензионерите во општеството и државата, преку различни иницијативи и проекти и потсети на дел од нив. „Во време кога Европа ја зафати голема економска криза одделни држави преземаа остри мерки во пензиското осигурување кои се одразија со намалување на правата…
повеќе...Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца во посета на ЈЗУ Општа болница Охрид
Во рамките на одбележувањето на „Неделата за грижа на старите лица“ која се спроведува од 17 до 23 ноември , финансирана од Европската Унија, преставници на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, денеска ја посетија ЈЗУ Општа болница Охрид. Целта на посетат беше да се информираат за грижата на пациенти во Геронтолошкото оделение во кое се сместени над 30 воглавно стари лица, како и за условите и згрижувањето и здравстевствената заштита на пезионерите кои се лекуваат во одделенијата при Охридската болница. Директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Лубен Арнаудов,…
повеќе...Утре промоција на прирачникот „Наши совети за ваша поголема безбедност“
По повод 7-ми ноември-Денот на ослободувањето на Охрид, Здружението на пензинери од Охрид и Дебрца, ЗП Струга и Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи-Охрид, ќе го промовираат прирачникот, „Наши совети за ваша поголема безбедност“. Воведничари ќе бидат преставници на ЗП на Охрид и Струга и СВР Охрид. Во вториот дел од промоцијата, група на ученици од основните училишта од Охрид, под раководство на наставничката во пензија Ристана Мојсоска, ќе изведат пригодна програма, посветена на Денот на ослободувањето на Охрид. Гости ќе бидат заменик –градоначалникот Ангел Јанев, директорот на…
повеќе...Меѓугенерациска средба на пензионерите и учениците од ОУ „Христо Узунов“
Синоќа во Основното училиште „Христо Узунов“ се одржа традиционалната Меѓугенерациска средба на учениците и пензионерите.Средбата ја организираа ЗП охрид и Дебрца и ОУ ,,Христо Узунов,, и Месниот огранок Горна Влашка Маала. Од името на Локалната самоуправа Меѓугенерациската средба ја поздрави заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, а потоа, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески,директорот на О.У “Христо Узунов“, Тони Симоновски и претседателот на Месниок огранок на пензионерите на Горна Влашка Маала Слободан Пупиноски. Тие во поздравните обраќања, истакнаа дека, средбата има за цел да ги зближи пензионерите во меѓусебното…
повеќе...