Во март пензиите повисоки за 600 денари

Пензионерите во март годинава ќе добијат покачување на пензиите за 600 денари. Средствата во висина од една милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбеди во Буџетот. Ова е договорено на денешната средба на министрите за финансии и за труд и социјална политика и претставници од Сојузот на здруженија на пензионери. „Со ова сме единствената земја, не само во регионот, туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да ги заштитиме пензионерите, да не се зголемува старосната граница…

повеќе...

Голем интерес за бесплатна бањска рекреација, проектот продолжува

Интересот за проектот бесплатна бањско климатска рекреација на прензионерите кој продолжува и годинава е голем. Обезбедени се средства за 5.500 пензионери, кои можат да се пријавуваат до 14 февруари, изјави премиерот Никола Груевски. Продолжувањето на проектот, рече, е резултат на фактот што тој се покажал како мошне успешен и за него имало голем интерес во изминатите години. „Во изминатите години интересот беше огромен. За годинава се обезбедни средства за 5.500  пензионери да отидат на бања бесплатно, бидејќи трошоците ги покрива државата. Огласот е веќе објавен, трае до 14 февруари. Исто…

повеќе...

Од март пензиите, платите и социјалната помош ќе се зголемат за 5%

Пензиите и социјалната помош во март ќе бидат повисоки за 5 отсто, а за исто толку проценти во септември оваа година ќе бидат зголемени и платите во државниот и јавниот сектор, потврди премиерот Никола Груевски, нагласувајќи дека предвиденото во буџетот за 2014 година ќе биде исполнето.  „Ова е во време во кое во повеќето земји има намалување на плати, пензии, некаде дури и на социјалната помош, поради европската должничка криза. Но ние најдовме начин, најдовме сили и можности, пред се заради нашето ветување, но и заради соодветното управување со буџетот,…

повеќе...

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца одржа турнир во шах за мажи и жени

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“, Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца денеска организираа турнир во шах за жени и мажи на ниво на соседните здруженија од овој регион. На турнирот учество зедоа околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар како и  домаќинот и организатор ЗП Охрид. Шахистите се натпреваруваа во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде.  „Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот…

повеќе...

Министерството за култура додели уште 11 национални пензии

Министерството за култура денеска додели уште 11 решенија за национална пензија, со кои нејзини приматели досега се вкупно 59 уметници и автори. Во групата добитници на национална пензија се придружија архитектот Климе Коробар, кустосот-историчар Галена Куцуловска, ликовните уметници Владимир Георгиевски и Ставре Димитров, диригентот Ивица Зориќ, актерот Благој Чоревски, писателите Халил Зендели, Санде Стојчевски и Џабир Ахмети и поетите Михаил Ренџов и Веле Смилевски. Решенијата им ги врачи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека нивниот труд ќе остане трајна вредност на македонската културна сцена. „Република Македонија денеска е…

повеќе...

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца организира турнир во шах во машка и женска конкуренција

 Во рамките на свеченостите  по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“ Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца на 7 декември (сабота) во 10 часот, организира турнир во шах во машка и женска конкуренција. На турнирот ќе земат учество околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар, и  домаќинот и организатор ЗП Охрид.  Шахистите ќе се натпреваруваат во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде. Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот…

повеќе...

Пензионерите и догодина на бесплатна бањско-климатска рекреација

Проектот Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија ќе продолжи и во 2014 година. Повикот за користење на услугата за наредната година ќе биде објавен во јануари.  Досега за четири години, период во кој што се спроведува овој проект, можноста за користење на услугата бањско-климатска рекреација ја искористиле 5.500 лица за што од буџетот биле издвоени 30 милиони денари. „Пројавениот интерес на корисниците на пензија за користење на услугите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година потврдува дека има потреба од продолжување на проектот и во наредната 2014 година за што…

повеќе...

Ставрески и Спасов остварија средба со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов остварија работна средба со Претседателот и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. На средбата, министрите уште еднаш ги информираа пензионерите за зголемувањето на пензиите за 5 отсто од март 2014 година. „Пензионерите треба да бидат сигурни во политиките на Владата, а доказ за тоа е што просечната пензија во наредната година, со најавеното покачување од 5 проценти ќе  достигне над 11.000 денари и ќе биде за 50 проценти повисока од онаа…

повеќе...

Ставрески: Ќе продолжиме со зголемување на пензии, плати, субвенции и капитални инвестиции

Владата ќе продолжи со политиките на зголемување на пензии, плати, социјална помош, субвенции за земјоделците и капитални инвестиции, бидејќи се покажа дека тие политики се добри. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања во врска со критиките од опозицијата за предлог-буџетот за наредната година по средбата во Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија. „Во изминативе години навикнавме само на критизерство од опозицијата. Никогаш не слушнавме некој позитивен или конструктивен предлог како тие би ги решиле актуелните прашања. Залудно им е што…

повеќе...

Владата ќе поттикнува изградба на детски градинки и старечки домови

Со сет мерки Владата ќе поттикнува изградба на приватни детски градинки и домови за стари лица, а со законски измени ќе овозможи овие домови да можат да ги користат и странски државјани. „Градежното земјиште за оваа намена ќе има почетна цена од 1 евро за метар квадратен, а цените на комуналиите за такви објекти да биде намалена за 95 проценти, односно предлагаме коефициентот за уредување на градежно земјиште да биде изедначен со коефициентот кој е предвиден за објекти од типот на угостителски туристички објекти, комплекси и одморалишта. Исто така ќе…

повеќе...