Обезбедени 305 милиони евра од ЕБОР за пругата кон Бугарија и за патишта

За осум до девет месеци треба да почне изградбата на Бељаковце – Крива Паланка, втората делница за железничкото поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8. На делницата, во должина од 34 километри, ќе бидат изградени пруга, две железнички станици во Кратово и во Гиновци, три стојалишта, 14 тунели, 11 нови мостови, ќе бидат обновени постојните 33 моста… За потребните финансии за изградбата, во износ од 145 милиони евра, обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој, денеска е потпишан договор помеѓу македонските институции и ЕБОР. Потпишан е…

повеќе...

Одбележан Денот на дрвото и во ОУ „Св.Наум Охридски“-Пештани

Во рамките на традициоалната есенска еко-акција „Ден на дрвото 2014 година, активно беше вклучено и ОУ „Св. Наум Охридски“-Пештани. Учениците од ова основно училиште го разубавија училишниот двор со засадување на сезонски садници – чемпреси. „Овој гест помогна да се изгради кај нив чувство на општествена одговорност кон животната средина и позитивна еколошки навики.“– вели директорот на училиштето, Илија Стојаноски.

повеќе...

Презакажана јавната расправа за извештајот за стратегиска оцена на животната средина за урбанистички план за с.Пештани КО Пештани

Поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика, 03.12.2014 год. (среда) да биде неработен ден, јавната расправа за Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УП за с. Пештани КО Пештани која беше закажана за 03.12.2014 год. (среда) се презакажува за 09.12.2014 год. (вторник) – мала сала на општина Охрид со почеток 10:30 часот Инаку извештајот е изложен од 21.11.2014 до 20.12.2014 год. во просториите на Одделението за заштита и влијание врз животната средина и заинтересираните можат да извршат увид секој работен ден од 8 до…

повеќе...

Започнува проектот „Стоп за пороците“

Со предавања во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани, утре започнува реализацијата на проектот „Стоп за пороците“ што втора година по ред го спроведува Општина Охрид, како дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на проектот и предавањата со кои годинава се опфатени ученици од шесто до деветто одделение од охридските основни училишта, е превенција од употреба на наркотични средства во насока на заштита на младите од пороците и обезбедување на поквалитетен начин на живот. Со проектот „Стоп за пороците“, минатата година беа опфатени средните училишта во општина Охрид,…

повеќе...

Утре градоначалникот Бакрачески во обиколка на неколку селски населби

Утре, со почеток во 14 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 14 часот – с. Љубаништа – 15 часот – с. Трпејца – 16 часот – с. Пештани – 17 часот – с. Елшани Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Света литургија во Пештани по повод 170 години од изградбата на цркавта „Свети врачи Козма и Дамјан“

По повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан од село Пештани, денеска се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на литургијата беше промовирана монографијата по повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ од село Пештани од д-р Сашо Цветковски. Промотор на моногрфијата беше академик Цветан Грозданов. Исто така беше промовирана и монографијата „Пештани“ од д-р Димитар Смилески. Промотор на монографијата беше професор д-р Павле Митрески. А.Андриоски/ Фото: Александар Гугоски

повеќе...

Ќе се служи света литургија по повод 170 години јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ во Пештани

По повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан од село Пештани, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 септември 2014 година (недела), ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на литургијата ќе биде промовирана монографијата по повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата Свети врачи Козма и Дамјан од село Пештани од д-р Сашо Цветковски. Промотор на моногрфијата ќе биде академик Цветан Грозданов. Исто…

повеќе...

Се средуваат школските дворови и јавните површини во Лескоец, Пештани и Скребатно

Поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација и создавањето на еколошки чиста животна средина во која нашите деца ќе учат, нашето претпријатие континуирано ја имплементира со средување на школските дворови пред почетокот на школската година како и реализација на многу заеднички акции со учениците и наставниот кадар во текот на целата учебна година, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на О.У.„Братство Единство„ каде е засадена жива ограда, уредени се жардињерите на влезот во училиштето и засадени се 50 нови разновидни садници. Во…

повеќе...

Премиерот Груевски и градоначалникот Бакрачески прошетаа по ново изградениот кеј во Пештани

Во рамки на работната посета во Охрид ,Премиерот Никола Груевски и градоначалникот Никола Бакрачески денес прошетаа по ново изградениот кеј во рибарската населба Пештани. Убавиот нов лик на кејот во Пештани е проект на Општина Охрид кој беше реализиран пред стартот на летната туристичка сезона. „Местото Пештани за нас претставува едно од најзначајните туристички брендови и е дел од туристичката понуда на Охрид и во таа насока локалната самоуправа изминатата година презеде обврска и реализира неколку инфра –структурни проекти кои ќе го подобрат животот на мештаните но во секој случај…

повеќе...

Груевски: Градбата на трите автопатишта силен импулс за македонската економија

Градбата на трите автопатишта во Македонија е силен импулс за економијата. Се наоѓаме во силна инвестициска активност која продуцира вработување, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други индустрии кои се поврзани. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода. „Покрај трите автопатишта Кичево-Охрид, Демир Капија-Гевгелија и Скопје-Штип истовремено се проширува експресниот пат Велес-Кадрифаково и целосно и темелно се реконстурира автопатот Велес-Скопје што е речиси како градба на…

повеќе...