Во вторник, 1 април (вторник), со почеток во 10 часот на малиот плоштад ќе се организира и реализира манифестацијата „Денот на шегата“. „На манифестацијата ќе учествуваат дечињата од 5-10 годишна возраст со дефиле со маски и ќе настапат со неколку музичко-ритмички точки со содржина за шегата.“- известуваат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид. WebOhrid
повеќе...Tag: плоштад
Груевски: Народот ја прави Македонија тоа што е
Народот е нашата сила, а народот ја прави Македонија тоа што е. Големината на нашта држава не е во нашите пропорции, туку во нејзините луѓе, нивната жилавост, во нивната порив и посветеност, нашиот народ е нашата држава. Од Охрид ќе почне да ечи, државата пред се, Македонија пред се, луѓето пред се, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот централен митинг во Охрид. Премиерот Груевски посочи дека традицијата на нивниот караван за секоја кампања почнува од Охрид и оттаму тргнува походот кон уште една нова победа. „Од…
повеќе...Во Рача се градат плоштад, реконструиран Дом и детско игралиште
После неодамнешната средба со жителите на населба Рача на која заеднички беа утврдени приоритените потреби за подобрување на условите во населбата, денес Градоначалникот Бакрачески ја посети локацијата каде што се започнати градежните работи за изградба на плоштад, простор наменет за детско игралиште, како и реконструкција и доградба на разрушениот Дом. Според Проектот по кој се изведуваат градежните работи, плоштадот во населбата Рача треба да е партерно уреден, во еден дел оплеменет со зелена површина, ќе бидат поставени клупи за одмор, ќе се постави мала фонатана, а целиот простор ќе биде…
повеќе...Ќе се одржи концерт на градскиот плоштад по повод 8-ми март
По повод одбележувањето на 8- ми март- Меѓународниот ден на жената, хорот „Распеано герданче“ ќе одржи свечен концерт. Концертот ќе се одржи во сабота, на 8- ми март, на градскиот плоштад пред споменикот на „Св. Климент Охридски“ со почеток во 12 часот и 30 минути.
повеќе...Се финализира изградбата на мини плоштадот во „Горна влашка маала“
Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ и останатите општински јавни претпријатија ја финализираат изградбата на мини плоштадот, што се наоѓа на крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ . На малиот плоштад кој е со површина од 15о метри квадратни, се поставуваат 80 метри квадратни бехатон плочки, 70 метри квадратни бетонски плочки, производство на ЈП „Градски гробишта“ , 100 метра ивичници и 50 метра кубни тампон. За кратко време плоштадот хортикултурно ќе биде уреден и ќе бидат поставени клупи и фонтана. Според она што беше договорено на неодамнешната средба…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески свечено го пушти во употреба малиот плоштад
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денеска свечено го пушти во употреба малиот плоштад на местото кај старата градска библиотека. „Охриѓани и сите гости, посетители и туристи на градот, од денес имаат на располагање уште еден атрактивен простор и уште една препознатливост на Охрид. Но, ниту јас како градоначалник на Охрид, ниту локалната самоуправа не застануваме тука. Напротив, оваа година Општината влегува во градежна експанзија и отпочнување на неколку капитални проекти кои ќе го препородат градот и општината. Поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните, се нашиот мотив да работиме…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески утре официјално ќе го пушти во употреба малиот плоштад
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, утре (среда) со почеток во 13:30 часот, официјално ќе го пушти во употреба Малиот плоштад на местото кај старата градска библиотека. Малиот градски плоштад започна со изградба во месец Ноември, а конечниот лик го доби деновиве.
повеќе...Хортикултурно уреден Малиот плоштад
Екипите на „Паркови и зеленило“ го разубавија Малиот плоштад на просторот од поранешната библиотека со засадување на декоративни садници и цветен сезонски саден материјал, дополнети со визуелно естетски елементи (ќупови, украсни камчиња и др.). На овој простор се засадени 6 палми, 350 очиња, 72 зеленики и 25 туи.
повеќе...Малиот плоштад го добива својот лик
Со несмалено темпо деновиве продолжува градењето на малиот плоштад каде порано се наоѓаше објектот на градската библиотека. Постапката на подготовка на подлогата и тампонирањето се завршени. Поставена е и електричната инсталација за подното светло и канделабрите. Деновиве се работи на поставување на плочките од квалитетен камен со кои се обележуваат зраците од сонцето што треба да красат подот. Нареден чекор ќе биде поставување на гранитните плочи. Според планираното ѕидините ќе бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови. Исто така предвидено е да се постават…
повеќе...Бројна публика го поздрави отворањето на лизгалиштето кое го заживеа охридскиот плоштад
Со неколку часовен музичко-сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски, синоќа на Градскиот плоштад свечено беше отворено лизгалиштето на мраз. Градоначалникот Никола Бакрачески и посака топло добре дојде на бројната публика, најавувајќи интересни содржини за наредните предновогодишни денови, но и ветувајќи дека од оваа година секоја наредна ќе биде се подобра во поглед на организација на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници. „Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме и во овие зимски месеци да го направиме…
повеќе...